Соопштенија
СДСМ: Се бориме со невидлив и подмолен непријател кој им се заканува на сите
„Сериозното зголемување на бројот на инфицирани со коронавирусот во изминатите денови не донесе до раскрсница, до избор дали нашата држава ќе се претвори во ново Бергамо или сите заедно, со доследно и строго почитување на мерките за заштита и ковид протоколите ќе го зауздаме растот на новоинфицирани со вирусот, за кој се уште нема лек, ниту вакцина“, соопшти СДСМ.
Според партијата, се бориме со невидлив и подмолен непријател, кој им се заканува на сите, никој не е имун, а наше најдобро и најефикасно оружје е носење заштитна маска, шал или марама, држење дистанца и редовна дезинфекција и миење на рацете.
„Граѓаните се клучни во борбата против коронавирусот, со почитување на мерките за заштита ќе обезбедиме намалување на бројот на новоинфицирани со коронавирусот.Почитувањето на мерките ќе ги намали притисокот врз здравствениот систем и врз лекарите, медицинските сестри и помошниот здравствен персонал, кои седум месеци пожртвувано ги лекуваат заболените, ќе го намали ризикот од преполнување на болниците.
Мерките предложени од Комисијата за заразни болести, кои ќе стапат на сила по законските измени предвидуваат да се носи маска, марама или шал и на отворено, да нема групирање на повеќе од 4 лица на отворено после 22 часот и во домовите да биде дозволено присуство од најмногу четворица гости, покрај членовите на семејството.Владата предводена од СДСМ веќе им ги зголеми ингеренциите на сите инспекторати, да можат на лице место да изречат забрана за вршење на дејност до 30 дена за правни лица, што не ги почитуваат ковид протоколите.
За наредната недела се предложени нови мерки и тоа сите економски субјекти да не работат од 23 часот навечер до 5 часот изутрина, забрана за одржување на секакви настани и ограничување на капацитетот на патници во јавниот превоз.Воведувањето на овие и нови уште порестриктивни мерки зависи од тоа колку ќе бидат граѓаните дисциплинирани во почитувањето на мерките за заштита и ковид протоколите.Во борбата против коронавирусот клучно е совесното и одговорно однесување на грѓаните, клучно е дисциплинираното почитувањето на мерките – носење заштитна маска, одржување дистанца и редовна дезинфекција.Ова е заедничка броба, на сите граѓани и на сите институции, само заедно можеме да го победиме невидливиот непријател“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина: Родовата еднаквост значи еднакви можности за сите
Родовата еднаквост која значи еднакви можности за сите и целосна инклузија во систем каде повеќе од 70% од вработените се жени, е еден од темелните принципи на Mint Fintech Group.
Марјан Вучковиќ, Маркетинг менаџер, учествуваше како панелист на денешната панел дискусија -Мажите во дијалог, кон креирање на (родова) еднаквост во бизнисот, што се одржа во организација на European Bussines Association & Europe House Skopje.
Тој во своето обраќање истакна дека “На еднаквоста мора да работиме сите заедно, државата, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, со цел спроведување на услови за родова еднаквост, а не само декларативна заложба.”
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина за сите и пример за останатите бизниси да го следат нашиот пример.
ПР текст
Соопштенија
Гранд ауто тест карван во целата држава
Компанијата ГРАНД АУТО во следните четири саботи ќе ги претстави најновите модели од брендовите MG Motor и Chery во поголемите градови низ државата.
Посетителите ќе може во живо да се запознаат и да ги испробаат автомобилите кои доаѓаат со 7 години гаранција како ZS, HS и електричниот MG4 од брендот MG Motor и FX, Tiggo7 Pro и Tiggo8 Pro од најновиот бренд на нашиот пазар Chery.
Гранд Ауто доаѓа во твојот град!
Ве очекуваме во:
23 март 2024 – Струмица 10:00-16:00
30 март 2024 – Битола 10:00-16:00
6 април 2024 – Кичево 10:00-16:00
13 април 2024 – Охрид 10:00-16:00
Те чекаме на тест возење!
ПР текст
Соопштенија
Европскиот кампус на Универзитетот Јорк СИТИ колеџ има 1.500 дипломци во Македонија
Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ одржа средба на дипломци во Скопје со која уште еднаш покажа дека е најголемата заедница на дипломци од странска високообразовна институција во земјава. На средбата на која освен дипломците, беа присутни и претставници на академскиот кадар од СИТИ Колеџ, беше потенцирано значењето на институцијата во обезбедување квалитетна образовната опција за севкупен развој на општеството.
СИТИ Колеџ 35 години ги поддржува младите студенти и менаџери од Северна Македонија преку можности за стипендирање за додипломски и постдипломски студии на оваа престижна високообразовна институција, беше истакнато на средбата.
„Додека ја прославуваме нашата 35-годишнина, се радуваме на иднината со оптимизам и амбиција. Се стремиме да бидеме водечка институција во регионот и пошироко, обезбедувајќи извонредност во образованието, истражувањето и иновациите. Наша цел е да ги поттикнеме нашите студенти да станат глобални граѓани и лидери кои можат да се справат со предизвиците и можностите на 21 век. Создаваме трајно наследство и влијание што ќе им користи на генерациите што доаѓаат. За да се постигне оваа визија и цел, потребна ни е континуирана поддршка и партнерство меѓу нашите студенти и дипломци. Ги охрабруваме да се поврзат со своите колеги дипломци, да разменуваат искуства, да соработуваат на проекти и да ги слават нивните успеси. Затоа што тие не се само наше минато, туку и наша сегашност и наша иднина“, рече д-р Мегаклис Петмезас, заменик директор на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ.
Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ, како интегриран ентитет на Универзитетот Јорк, претставува уникатна меѓународна институција која ги поврзува академските, истражувачките, националните и корпоративни мрежи низ целиот регион. Во Македонија има приближно 1500 дипломци до сега со што се сочинува најголемата заедница на дипломци од странска високообразовна институција во земјава.
„СИТИ Колеџ го издвојува вредносното наследство што го создаваме изминативе 35 години и општествената улога што ја имаме преку овозможување квалитетно високо образование. Како единствена образовна институција веќе 20 години ја спроведуваме стипендиската програма за ЕМБА студии во соработка со државата, Борис Трајковски, програма што дава можности секоја година нашите млади кадри да се изградат во професионалци од меѓународни размери и што ја зајакнува билатералната соработка меѓу нашата земја и Република Грција. Во 2021 година официјално станавме Европски кампус на Универзитетот Јорк и остваривме соработка за дуални програми со Универзитетот од Стразбур. Со сите овие години создавање високопрофилирани и едуцирани индивидуалци, ја даваме нашата поддршка за развојот на општеството во кое живееме, економски и културен“, истакна Марија Никовска, директор на канцеларијата во Скопје.
СИТИ Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк е лоциран во Солун, Грција, со академска мрежа воспоставена и распространета во уште 8 земји. Моментално има активни студенти од 60 држави и спроведува 38 различни програми. Станувајќи дел од Универзитетот Јорк добива статус на меѓународен кампус на овој универзитет и станува дел од заедницата на Универзитетот Јорк, водечката британска академска институција.
Денес, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ ги проширува можностите за студентска мобилност и за интернационализација и обезбедува можности за применето учење, со што целосно го менува студентското искуство нудејќи содржини кои го збогатуваат секој аспект од академскиот живот.
ПР текст