Соопштенија
СДСМ: Црнилата на ВМРО-ДПМНЕ за кои зборува Мицкоски, за 11 години иселија 600 илјади граѓани
„Нож“, „пишти – вришти“,„убивање“ и слични зборови, тоа е речникот на Христијан Мицкоски со кој се обраќа пред подмалдокот на сопствената партија, реагираа од СДСМ на говорот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за време на Конференцијата на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
„Црнила, негативност, нискост. Тоа е капацитетот на антизападниот Христијан Мицкоски, левата рака на Никола Груевски.
Друго и не може да се очекува од него, со секое ново обраќање Мицкоски потврдува дека е недостоен за Македонија и неспособен, дека нема план, нема визија.
Црнила беа криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ кои буквално протераа 600.000 граѓани, пред се млади во потрага по подобар живот.
Македонија живееше во изолација без иднина, без насока, далеку од ЕУ и НАТО. Денес Македонија е на сигурна шина кон иднината и цврсто чекори кон НАТО и ЕУ, кон интеграција“, стои во реакцијата на СДСМ.
Од партијата додават дека црнила биле тепњето на студентите од страна на режимот, експериментите во образованието и потценувањето на младите. „Денеска младите се партнери на добрите политики, слободни, со јасна перспектива на земја која чекори кон иднина, кон НАТО и ЕУ“, стои во соопштението.
Секој ден сме се поблиску до ЕУ и НАТО, велат од СДСМ и додаваат дека Македонија секој ден е чекор понапред во борбата со сиромаштијата. „Чекор по чекор ги подобруваме условите за живот на најранливите, на осиромашените. Работите се менуваат, проблемите се решаваат“, велат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
„Прилепска пиварница“ одбележува 100 години постоење
Прилепска Пиварница, еден од лидерите во индустријата, со гордост ја објавува и ја прославува својата 100-годишнина. Веќе еден век Прилепска Пиварница е во првите редови на иновациите, поставувајќи стандарди, обезбедувајќи исклучителни производи за нашите ценети клиенти.
Од нашето основање во далечната 1924 година, Прилепска Пиварница континуирано се развива и се приспособува за да одговори на променливите потреби на нашите клиенти и на пазарот. Нашата посветеност на извонредност и квалитет на производите и задоволство на клиентите беше движечката сила зад нашиот успех во изминатиот век.
– Кога ќе погледнеме наназад, неизмерно сме благодарни за сето искуство насобрано и преточено во некои од најдобрите производи во регионот, пивата „златен даб“ и „Крали Марко“, „пепси“, „прилепска газоза“ и многу други. Особено ни значи непоколебливата поддршка од нашите лојални клиенти, посветените вработени и доверливите партнери. Нивната доверба и соработка беа клучни во обликувањето на Пиварницата за да прерасне во почитувана и успешна компанија каква што е денес – изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска Пиварница.
За да ја одбележи оваа значајна пресвртница, Прилепска Пиварница ќе биде организатор на серија настани и иницијативи во текот на годината за да ја прославиме нашата историја, достигнувањата и луѓето што беа дел од ова патување.
Гледајќи напред, Прилепска Пиварница останува посветена на иновациите, одржливоста и на континуираното вложување во природната средина. Среќни сме и возбудени за можностите и предизвиците што ни претстојат во иднина, со цел да продолжиме да напредуваме и да имаме позитивно влијание.
Со љубов кон традицијата, наздравуваме за иднината!
Сто години постоење е навистина импозантна бројка кога ќе се земат предвид условите во средината, и токму затоа Прилепска Пиварница има за што да биде горда. Наздравуваме за уште долги години успех, заедно со сите вас!
#100ГодиниПрилепскаПиварница
ПР текст
Соопштенија
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина: Родовата еднаквост значи еднакви можности за сите
Родовата еднаквост која значи еднакви можности за сите и целосна инклузија во систем каде повеќе од 70% од вработените се жени, е еден од темелните принципи на Mint Fintech Group.
Марјан Вучковиќ, Маркетинг менаџер, учествуваше како панелист на денешната панел дискусија -Мажите во дијалог, кон креирање на (родова) еднаквост во бизнисот, што се одржа во организација на European Bussines Association & Europe House Skopje.
Тој во своето обраќање истакна дека “На еднаквоста мора да работиме сите заедно, државата, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, со цел спроведување на услови за родова еднаквост, а не само декларативна заложба.”
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина за сите и пример за останатите бизниси да го следат нашиот пример.
ПР текст
Соопштенија
Гранд ауто тест карван во целата држава
Компанијата ГРАНД АУТО во следните четири саботи ќе ги претстави најновите модели од брендовите MG Motor и Chery во поголемите градови низ државата.
Посетителите ќе може во живо да се запознаат и да ги испробаат автомобилите кои доаѓаат со 7 години гаранција како ZS, HS и електричниот MG4 од брендот MG Motor и FX, Tiggo7 Pro и Tiggo8 Pro од најновиот бренд на нашиот пазар Chery.
Гранд Ауто доаѓа во твојот град!
Ве очекуваме во:
23 март 2024 – Струмица 10:00-16:00
30 март 2024 – Битола 10:00-16:00
6 април 2024 – Кичево 10:00-16:00
13 април 2024 – Охрид 10:00-16:00
Те чекаме на тест возење!
ПР текст