Соопштенија
СДСМ: Чулев со невистини се обидува да ја вознемирува јавноста
Техничкиот министер за внатрешни работи од ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев денеска повторно преку невистини, преку непрецизни и нецелосни информации се обидува да ја вознемирува јавноста, реформите во безбедносните служби превенираат секаков вид на злоупотреби, реагираат од СДСМ на изјавата на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, дека Агенцијата за национална безбедност ја задржала можноста да преслушува.
„По прес-конференцијата со право се поставуваат дилемите дали Чулев денеска излезе со претпоставки или со докази за како што вели тој наводно нелегално прислушување? Дали за ова е известен Советот за безбедност и дали оваа тема се отворила на некоја од затворените владини седници? Дали Чулев денеска имаше прес-конференција само за да го има во медиумите или навистина располага со некакви сомнежи за злоупотреби“, прашуѕваат од СДСМ.
Од таму додаваат дека Чулев мора да знае дека се што ќе каже во јавноста мора да подлежи на сериозни аргументи, а не претпоставки и нецелосни факти и на крајот наместо да држи празни и конфузни прес-конференции со кои го повикува Обвинителството, да се обрати до Обвинителството со равните механизми што ги има како министер.
„Како што јавно соопшти и Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата не располага ниту со опрема за следење на комуникации, ниту со медијациски уреди за активирање на следењето на комуникациите во мрежите на операторите и нема техничка можност самостојно и независно да активира и да врши следење на комуникации во мрежите на телекомуникациските оператори без посредство на Оперативно техничката агенција. Истовремено, согласно Законот за Оперативно техничката агенција, оваа Агенција е самостоен државен орган кој што овозможува техничка поврзаност помеѓу операторите и органите овластени за следење на комуникациите“, се наведува во реакцијата.
Од партијата велат дека реформите во безбедносните служби биле врвен приоритет на владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ. Според СДСМ, нивното усвојување обезбедило професионализација на безбедносните служби, што било поздравено и од страна на нашите пријатели во ЕУ. За потсетување, велат од СДСДМ, за овие важни закони гласаа и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, а дополнително, на чело на Комисиите за надзор се пратеници од редовите на опозицијата.
„Јавноста памети дека токму партијата која стои зад Чулев, ВМРО-ДПМНЕ со години го злоупотребуваше безбедносно-разузанвачкиот сектор за масовно нелегално следење на комуникациите на над 20.000 граѓани. Денес, тоа е минато, денес, следењето на комуникациите од страна на безбедносните служби е целосно согласно законите и доколку се појави било каков сомнеж за некаква злоупотреба институциите веднаш треба да реагираат“, се наведува во писмената реакција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
„Прилепска пиварница“ одбележува 100 години постоење
Прилепска Пиварница, еден од лидерите во индустријата, со гордост ја објавува и ја прославува својата 100-годишнина. Веќе еден век Прилепска Пиварница е во првите редови на иновациите, поставувајќи стандарди, обезбедувајќи исклучителни производи за нашите ценети клиенти.
Од нашето основање во далечната 1924 година, Прилепска Пиварница континуирано се развива и се приспособува за да одговори на променливите потреби на нашите клиенти и на пазарот. Нашата посветеност на извонредност и квалитет на производите и задоволство на клиентите беше движечката сила зад нашиот успех во изминатиот век.
– Кога ќе погледнеме наназад, неизмерно сме благодарни за сето искуство насобрано и преточено во некои од најдобрите производи во регионот, пивата „златен даб“ и „Крали Марко“, „пепси“, „прилепска газоза“ и многу други. Особено ни значи непоколебливата поддршка од нашите лојални клиенти, посветените вработени и доверливите партнери. Нивната доверба и соработка беа клучни во обликувањето на Пиварницата за да прерасне во почитувана и успешна компанија каква што е денес – изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска Пиварница.
За да ја одбележи оваа значајна пресвртница, Прилепска Пиварница ќе биде организатор на серија настани и иницијативи во текот на годината за да ја прославиме нашата историја, достигнувањата и луѓето што беа дел од ова патување.
Гледајќи напред, Прилепска Пиварница останува посветена на иновациите, одржливоста и на континуираното вложување во природната средина. Среќни сме и возбудени за можностите и предизвиците што ни претстојат во иднина, со цел да продолжиме да напредуваме и да имаме позитивно влијание.
Со љубов кон традицијата, наздравуваме за иднината!
Сто години постоење е навистина импозантна бројка кога ќе се земат предвид условите во средината, и токму затоа Прилепска Пиварница има за што да биде горда. Наздравуваме за уште долги години успех, заедно со сите вас!
#100ГодиниПрилепскаПиварница
ПР текст
Соопштенија
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина: Родовата еднаквост значи еднакви можности за сите
Родовата еднаквост која значи еднакви можности за сите и целосна инклузија во систем каде повеќе од 70% од вработените се жени, е еден од темелните принципи на Mint Fintech Group.
Марјан Вучковиќ, Маркетинг менаџер, учествуваше како панелист на денешната панел дискусија -Мажите во дијалог, кон креирање на (родова) еднаквост во бизнисот, што се одржа во организација на European Bussines Association & Europe House Skopje.
Тој во своето обраќање истакна дека “На еднаквоста мора да работиме сите заедно, државата, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, со цел спроведување на услови за родова еднаквост, а не само декларативна заложба.”
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина за сите и пример за останатите бизниси да го следат нашиот пример.
ПР текст
Соопштенија
Гранд ауто тест карван во целата држава
Компанијата ГРАНД АУТО во следните четири саботи ќе ги претстави најновите модели од брендовите MG Motor и Chery во поголемите градови низ државата.
Посетителите ќе може во живо да се запознаат и да ги испробаат автомобилите кои доаѓаат со 7 години гаранција како ZS, HS и електричниот MG4 од брендот MG Motor и FX, Tiggo7 Pro и Tiggo8 Pro од најновиот бренд на нашиот пазар Chery.
Гранд Ауто доаѓа во твојот град!
Ве очекуваме во:
23 март 2024 – Струмица 10:00-16:00
30 март 2024 – Битола 10:00-16:00
6 април 2024 – Кичево 10:00-16:00
13 април 2024 – Охрид 10:00-16:00
Те чекаме на тест возење!
ПР текст