Соопштенија
СДСМ: 11 години ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираше земјоделците, денес им се враќа достоинството
ВМРО- ДПМНЕ продолжува да манипулира со јавноста преку секојдневни лаги и измислици во кои никој не верува.
Крајно лицемерно е истите тие ВМРО-ДПМНЕ кои со години ги игнорираа потребите на земјоделците денес да глумат лажна загриженост и преку бесмислени изјави да зборуваат за земјоделството, соопшти СДСМ.
„За разлика од времето на ВМРО ДПМНЕ, денес се води вистинска грижа за земјоделците. Уште една лага во низа на ВМРО- ДПМНЕ е дека нема откуп на праските, нема извоз или дека скапуваат на дрвјата. Вистината е дека денеска во Росоман беше остварена средба помеѓу претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државниот инспекторат за земјоделство и Државната фитосанитарна лабораторија и претставници од компаниите извозници на праски и производители на праски, на која е разговарано за состојбата со откупот, цената и извозот на праски.
Како што јавно соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, констатирано е дека извозот се одвива непречно и праските се извезуваат во Русија, Иран, Белорусија, Косово, но презентирани се и предлози за подобрување на соработката помеѓу производителите и откупувачите на праски.
Во меѓувреме инспектори од ДИЗ се постојано на терен за да се следи откупот и да не се манипулира со откупната цена и со белешките што им се издаваат на овоштарите при откупот.
Како што е јавно соопштено, веќе следната недела ќе има средба и со компаниите од индустријата за да се договори откупот на праски за преработка со цел да има откуп на целокупната произведена количина на праски. И како опозиција, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги потценува земоделците, да го погазува нивниот труд.
Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство преку проектите и реформите кои ги спроведуваат покажуваат вистинска грижа за земјоделците, повеќе пари остануваат кај секој земјоделец, а конечно се врати достоинството кај земјоделеците“ се наведува во партиското соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина: Родовата еднаквост значи еднакви можности за сите
Родовата еднаквост која значи еднакви можности за сите и целосна инклузија во систем каде повеќе од 70% од вработените се жени, е еден од темелните принципи на Mint Fintech Group.
Марјан Вучковиќ, Маркетинг менаџер, учествуваше како панелист на денешната панел дискусија -Мажите во дијалог, кон креирање на (родова) еднаквост во бизнисот, што се одржа во организација на European Bussines Association & Europe House Skopje.
Тој во своето обраќање истакна дека “На еднаквоста мора да работиме сите заедно, државата, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, со цел спроведување на услови за родова еднаквост, а не само декларативна заложба.”
Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина за сите и пример за останатите бизниси да го следат нашиот пример.
ПР текст
Соопштенија
Гранд ауто тест карван во целата држава
Компанијата ГРАНД АУТО во следните четири саботи ќе ги претстави најновите модели од брендовите MG Motor и Chery во поголемите градови низ државата.
Посетителите ќе може во живо да се запознаат и да ги испробаат автомобилите кои доаѓаат со 7 години гаранција како ZS, HS и електричниот MG4 од брендот MG Motor и FX, Tiggo7 Pro и Tiggo8 Pro од најновиот бренд на нашиот пазар Chery.
Гранд Ауто доаѓа во твојот град!
Ве очекуваме во:
23 март 2024 – Струмица 10:00-16:00
30 март 2024 – Битола 10:00-16:00
6 април 2024 – Кичево 10:00-16:00
13 април 2024 – Охрид 10:00-16:00
Те чекаме на тест возење!
ПР текст
Соопштенија
Европскиот кампус на Универзитетот Јорк СИТИ колеџ има 1.500 дипломци во Македонија
Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ одржа средба на дипломци во Скопје со која уште еднаш покажа дека е најголемата заедница на дипломци од странска високообразовна институција во земјава. На средбата на која освен дипломците, беа присутни и претставници на академскиот кадар од СИТИ Колеџ, беше потенцирано значењето на институцијата во обезбедување квалитетна образовната опција за севкупен развој на општеството.
СИТИ Колеџ 35 години ги поддржува младите студенти и менаџери од Северна Македонија преку можности за стипендирање за додипломски и постдипломски студии на оваа престижна високообразовна институција, беше истакнато на средбата.
„Додека ја прославуваме нашата 35-годишнина, се радуваме на иднината со оптимизам и амбиција. Се стремиме да бидеме водечка институција во регионот и пошироко, обезбедувајќи извонредност во образованието, истражувањето и иновациите. Наша цел е да ги поттикнеме нашите студенти да станат глобални граѓани и лидери кои можат да се справат со предизвиците и можностите на 21 век. Создаваме трајно наследство и влијание што ќе им користи на генерациите што доаѓаат. За да се постигне оваа визија и цел, потребна ни е континуирана поддршка и партнерство меѓу нашите студенти и дипломци. Ги охрабруваме да се поврзат со своите колеги дипломци, да разменуваат искуства, да соработуваат на проекти и да ги слават нивните успеси. Затоа што тие не се само наше минато, туку и наша сегашност и наша иднина“, рече д-р Мегаклис Петмезас, заменик директор на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ.
Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ, како интегриран ентитет на Универзитетот Јорк, претставува уникатна меѓународна институција која ги поврзува академските, истражувачките, националните и корпоративни мрежи низ целиот регион. Во Македонија има приближно 1500 дипломци до сега со што се сочинува најголемата заедница на дипломци од странска високообразовна институција во земјава.
„СИТИ Колеџ го издвојува вредносното наследство што го создаваме изминативе 35 години и општествената улога што ја имаме преку овозможување квалитетно високо образование. Како единствена образовна институција веќе 20 години ја спроведуваме стипендиската програма за ЕМБА студии во соработка со државата, Борис Трајковски, програма што дава можности секоја година нашите млади кадри да се изградат во професионалци од меѓународни размери и што ја зајакнува билатералната соработка меѓу нашата земја и Република Грција. Во 2021 година официјално станавме Европски кампус на Универзитетот Јорк и остваривме соработка за дуални програми со Универзитетот од Стразбур. Со сите овие години создавање високопрофилирани и едуцирани индивидуалци, ја даваме нашата поддршка за развојот на општеството во кое живееме, економски и културен“, истакна Марија Никовска, директор на канцеларијата во Скопје.
СИТИ Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк е лоциран во Солун, Грција, со академска мрежа воспоставена и распространета во уште 8 земји. Моментално има активни студенти од 60 држави и спроведува 38 различни програми. Станувајќи дел од Универзитетот Јорк добива статус на меѓународен кампус на овој универзитет и станува дел од заедницата на Универзитетот Јорк, водечката британска академска институција.
Денес, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ ги проширува можностите за студентска мобилност и за интернационализација и обезбедува можности за применето учење, со што целосно го менува студентското искуство нудејќи содржини кои го збогатуваат секој аспект од академскиот живот.
ПР текст