Контакт

Соопштенија

Муцунски: Актуелната власт нема капацитет да ги спроведе потребните реформи

Објавено пред

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, денеска се сретна со директорката на одделот за Западен Балкан при службата за надворешни работи на ЕУ, Елса Фенет.

„Муцунски на средбата истакна дека најголем проблем со кој се соочува државата се криминалот и корупцијата и нивната неказнивост. Тој посочи дека се потребни суштински промени во правосудниот систем за борба против случаите на висока корупција“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ додал дека актуелната власт нема капацитет да ги спроведе потребните реформи.

„Муцунски додава дека новата влада што ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ ќе биде фокусирана на суштински промени во правосудството и спроведување на реформските приоритети. Муцунски потенцира дека членството во Европската Унија е стратешка цел на ВМРО-ДПМНЕ и на Република Македонија и дека ВМРО-ДПМНЕ има визија и програма што ќе ја донесе државата на брза патека за членство во Унијата“, се наведува во соопштението.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на власта во справување со пожарите загрозува имоти и животи

Објавено пред

Гледаме апсолутна неспособност на власта во справување со пожарите во Македонија. Наместо навремена интервенција, гледаме загрозени села и градови, уништени куќи, фарми, имоти, хектари шума и, за жал, и изгубени животи, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во врска со ситуацијата со пожарите во државата.

„Оваа неспособна власт на Заев, освен криминал, не може да организира ништо друго. Тие немаат план и стратегија за справување со пожарите. Да имаа, немаше да го одбијат амандманот за ребалансот на буџетот предложен од ВМРО-ДПМНЕ за набавка на 20 противпожарни возила. Да имаа стратегија, немаше да бидат оставени несервисирани трите авиони за гаснење пожар, кои сега ќе гаснеа шумски пожари. Но, наместо да одвојат 400 илјади евра за сервисирања, тие трошат милиони за службени возила, мебел, вработувања и мобилни телефони“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според оваa партија, власта, како што велат од таму, наместо да го разреши неспособниот Стојанче Ангелов, таа го унапредува од в.д. во директор, човекот што според нивните оценки аматерски менаџира криза, кој може да чини животи и имоти на граѓани.

„Впрочем, каков премиер, такви и соработници и функционери“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Не може да се очекува повеќе од лица што, наместо да превенираат, дозволија пожар да дојде до самиот град Кочани, а тие да се забавуваат на приватни прослави на Мечкин Камен. Време е за оставки на неспособните за да се спасат животи! Неспособноста на власта загрозува животи и имоти на граѓани. Веќе никој не бара одговори од власта на Заев, сега од нив се бара одговорност!“, се нагласува во соопштението од опозициската партија.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Сите солидарно против пожарите, само ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски неосновано критикуваат

Објавено пред

Системот функционира. Сите надлежни институции, на централно и локално ниво, се активни за справување со пожарите, граѓаните се солидарни, медиумите одговорно информираат, соседите, сојузниците нудат помош, велат од владејачкиот СДСМ за ситуацијата со пожарите.

Според СДСМ, само ВМРО-ДПМНЕ седи на страна и, како што потенцираат од партијата, шири невистини и напразно и неосновано критикува.

„Тоа е загубената ВМРО-ДПМНЕ, која нема идеја како да дејствува, нема што да им понуди на граѓаните. Системот функционира, ситуацијата е под контрола. Пожарите не се политичка тема. Надлежните институции будно ја следат состојбата и дејствуваат. Државата е тука за граѓаните, нивната безбедност и сигурност е на прво место!“, нагласуваат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Пожарот во Кочани ја покажа целата неспособност на власта

Објавено пред

Катастрофалната реакција на власта во случајот со пожарот во Кочани ги загрози имотите и животите на граѓаните, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Да биде срамот поголем додека граѓаните со голи раце ги бранеа своите домови од огнената стихија, претседателот Пендаровски им вети дека по еден ден, ќе испрати хеликоптери да помогнат во гаснењето. Мизерија и тотална неспособност. Додека власта организира приватни забави на Мечкин Камен, загрозени се животите и имотите на граѓаните, па и цели населени места, а елитата мува не ја лази. Цел ден од Кочани доаѓале апели и молби да им се помогне и да им се испрати хеликоптер за гаснење на пожарот, но биле одбивани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Да бевме нормална држава, како што пишува во нивното соопштение, и да имавме доблесни функционери, утрово ќе имаше дузина оставки на директори, министри и одговорни.

„Оваа власт, освен што покажа дека е потполно неспособна, покажа дека може да биде полоша од катастрофа за граѓаните. Најмалку две години не се сервисирани три авиони за гаснење пожар затоа што тоа чинело 300-400 илјади евра. А колку чини штетата или не дај боже изгубен живот? Колку чинат прославите и настаните? Само за кондоми и лубриканти во една година потрошија 2-3 пати повеќе средства. Само за нови службени возила потрошија десет пати повеќе пари“, стои во писмената реакција од опозициската партија.

Според нив, ова што се случува, како што велат, ја покажува целата беда на власта на Заев, која украде 4 години од животот на граѓаните, која потроши рекордни 4 годишни буџети, а ништо не направи.

„Тоа мора да престане. Од Заев и СДСМ веќе никој не бара одговори, од Заев и од СДСМ се бара одговорност“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Владата почна постапки за обезбедување 20.000 литри гориво за противпожарните возила и летала

Владата донесе одлуки за спроведување постапки за обезбедување 15.000 литри млазно гориво и 5.000 литри нафтени деривати за потребите на...

Македонија5 часа

Активни повеќе пожари во Македонија, затворени се неколку патишта

Низ Македонија активни се неколку пожари, а на терен се силите на Армијата, противпожарни екипи, а помош дава и месното...

Македонија6 часа

Приведено едно лице за предизвикување пожар во Ресенско

Полицијата уапси едно лице за предизвикување пожар во селото Лева Река, Ресен. Според информациите од полицијата, уапсен е К.С. од с.Лева...

Македонија8 часа

Ангелов: Пожарите се шират со голема брзина, имаме сознанија дека некои намерно се запалени

Пожарите се шират со голема брзина, а имаме сознанија дека некои намерно се запалени, изјави директорот на Центарот за управување...

Македонија10 часа

Ширењето на пожарот кај Делчево е критично – неопходна евакуација на две села

Жителите од критичните реони во село Нов Истевник и Стар Истевник зафатени со големиот пожар да се евакуираат во градската...

Македонија10 часа

219 нови случаи на Ковид-19, починаа четири лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.713 тестирања, а регистрирани се 219 нови случаи на...

Македонија12 часа

Ангелов најави акциски план за справување со пожарите

Откако Владата денеска прогласи кризна состојба во траење од 30 дена поради пожарите кои ја зафатија Македонија, директорот за Центарот...

Македонија14 часа

Владата прогласи кризна состојба во траење од 30 дена поради зголемената појава на пожари

Владата на денешната 95. седница, која се одржа изутринава, донесе одлука за постоење кризна состојба на територијата на Република Северна...

Топ15 часа

72-годишен битолчанец извршил полов напад врз десетгодишно девојче

Маж од Битола на возраст од 72 години е осомничен дека сторил полов напад врз дете што не наполнило 14...

Топ15 часа

Татко си ја малтретирал својата ќерка, ја удирал со тупаници и ѝ се заканувал на сопругата дека ќе ја убие

38-годишен жител од Брвеница, татко и сопруг, е осомничен за малтретирање на својата ќерка и за семејно насилство над блиски...

Европа16 часа

(Видео) Пожарите во Грција не стивнуваат, населението се евакуира, огнената стихија уништи куќи

ЕУ испрати помош за Грција и другите земји од Југоисточна Европа, кои се борат со големи пожари. Помошта дојде еден...

Македонија16 часа

Ангелов: Пет хеликоптери го гаснат пожарот кај Пехчево, ако дозволат условите, ќе емитувам во живо

Пет хеликоптери, три српски и два македонски, полетаа од скопскиот аеродром кон Пехчевскиот Регион, соопшти утрово директорот на Центарот за...

Македонија17 часа

Владата ќе го разгледува предлогот за воведување кризна состојба во државата поради пожарите

Владата, денеска, во 8.30 часот треба да одржи седница за предлогот на Управувачкиот комитет за воведување кризна состојба во траење...

Македонија1 ден

Стојанче Ангелов од вршител на должност стана директор на ЦУК

Владата на денешната 94 седница донесе одлуки во однос на повеќе кадровски решенија. Така, Стојанче Ангелов кој досега беше вршител...

Македонија1 ден

Награди од по 10.000 денари за пожарникарите кои го гаснеа пожарот кај Кочани

Владата на седница одлучи да ги награди сите пожарникари вклучени во гаснењето на пожарот кој го зафати Кочани и околината....

Македонија1 ден

Албански државјанин приведен за подметнување на пожар, има осомничен и за оној во Старо Нагоричане

Попладнево од страна на полициски службеници од полициското одделение Галате уапсен е 32-годишен албански државјанин со иницијали Л.А, кој илегално...

Македонија1 ден

Владата ја разреши директорката на инспекторатот за животна средина

Владата ја разреши директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, по барање на нејзината матична партија ДОМ. Од...

Македонија1 ден

Регистрирани 164 нови случаи на Ковид-19, пријавени се три починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на...

Топ2 дена

Камион излетал од патот во близина на ГП Блаце, возачот починал од срцев удар

Товарно возило со косовски регистарски ознаки вчеравечер излетало од патот во близина на Граничниот премин Блаце соопштија од МВР. Возачот...

Регион2 дена

Почина Мирослав Лазански

Почина српскиот новинар, воен аналитичар, политичар и дипломат Мирослав Лазански на 71-годишна возраст. Лазански починал во својот дом во Белград...

Досие