Соопштенија
20 март – Меѓународен ден на среќата: Побарај ја среќата со Државна лотарија!
Среќата е универзална желба, а 20 март – Меѓународниот ден на среќата е потсетник дека секој треба да верува во неа и дека треба да се даде шанса таа да ве изненади.
Доказ дека вреди да се верува во среќата се добивките и моментите на радост и возбуда што ги создаваат игрите на среќа на Државна лотарија. Секој ден, преку Лото 7 и Џокер, Кено, Среќни топчиња, Инстант лотарија и онлајн игрите на среќа, Државна лотарија ја претвора надежта во приказни на вистински добитници.
Среќата е под прстите – и тоа не е само метафора. Во изминатата година, на добитници од различни градови низ државата, им беа доделени автомобили, електрични мотори, станови и милионски добивки, што ја претворија среќата во реалност за многумина. Со Државна лотарија секој лоз, секоја комбинација, секое играње е шанса за нова среќна приказна.
А што ако таа приказна токму денеска е под вашите прсти? Еден миг, едно гребење, едно извлекување може да ја претвори секојдневната рутина во незаборавна среќа.
Среќата не треба да ја чекаме – треба да ја бараме. А со игрите на среќа на Државна лотарија, таа е насекаде околу нас.
Овој 20 март подарете си момент на возбуда. Побарајте ја среќата со Лото, Џокер, Кено, Среќни топчиња, Инстант лотарија или онлајн игрите на среќа на Државна лотарија. А ако сакате да ја споделите радоста – подарете коверт „Среќа плус“ со инстант лозови и подарете им на најблиските шанса за голема добивка.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
„Тиквеш“ триумфира во Јапонија: Две гран-при од вкупно девет награди на натпреварот SAKURA
Македонското вино сè поубедливо го освојува глобалниот вински простор, а најновата потврда доаѓа од Јапонија. Винарската визба „Тиквеш“ освои девет престижни награди на 13. издание на меѓународниот вински натпревар SAKURA – Japan Women’s Wine Awards, еден од највлијателните вински настани во Азија.
Меѓу деветте признанија се две Гран-при награди, како и два двојни златни медали, четири златни и еден сребрен медал, што претставува јасен сигнал за конзистентниот квалитет и глобалната релевантност на вината на „Тиквеш“.
Највисоките награди на натпреварот ги понесоа вината Barovo Rosé 2024 и Vranec Luda Mara 2022. Притоа, Barovo Rosé 2024 освои двоен златен медал и Гран-при награда за најдобро розе вино, а Vranec Luda Mara 2022 освои златен медал и Гран-при награда за вино што најдобро се комбинира со корејската кујна.
Останатите наградени вина се: Bela Voda Red 2021, кое освои двоен златен медал, Domaine Lepovo Chardonnay 2023, Babuna Red 2022 и Alexandria Premium Cuvée Rosé 2024, кои освоија златни медали и Barovo Red 2021, кое освои сребрен медал.
„Овие признанија се резултат на нашата долгорочна посветеност, како кон квалитетот, така и кон создавањето вина со јасен идентитет и тероарска автентичност. Нашата амбиција е македонското вино да биде препознаено не само по вкусот, туку и по карактерот што го носи“, истакнуваат од „Тиквеш“.
Винскиот натпревар SAKURA е специфичен по својот уникатен пристап во кој вината ги оценуваат повеќе од 400 сертифицирани жени сомелиери и вински експерти од Јапонија, со особен фокус на нивната компатибилност со азиската гастрономија. Со над 4.000 вина пријавени секоја година, овој натпревар претставува релевантна платформа за позиционирање на вината на еден од најдинамичните светски пазари.
Со овој резултат, „Тиквеш“ дополнително ја зацврстува својата позиција како еден од најрелевантните вински производители од регионот и значаен претставник на имиџот на македонското вино на глобалната сцена.
(ПР)
Соопштенија
За зелена иднина – Mozzart повторно засадува надеж!
Mozzart по втор пат реализира голема еко акција и ја потврди својата посветеност кон здрава животна средина.
Овој пат, вработените со заеднички сили засадија 2990 садници во селото Кучково, на површина која беше зафатена од пожар.




Во соработка со ЈП Национални Шуми, беа засадени даб, црн бор, јасен и багрем – симбол на нов живот и свежа енергија.
„Со оваа акција не само што придонесуваме за пошумување, туку и градиме зелена иднина за новите генерации. Тимската енергија и заедништвото уште еднаш покажаа дека Mozzart е победнички тим – и на теренот, и во општествената одговорност,“ изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.



За својата заложба, компанијата доби благодарница од ЈП Национални Шуми – признание за искрена грижа и вложен труд.
Mozzart со вакви акции ја зацврстува својата лидерска позиција и испраќа силна порака: кога работиме заедно, создаваме подобро утре.
(ПР)
Соопштенија
„Ај реално“ – HALK EZ караван на кој ќе се слуша гласот и изборот на младите
Халкбанк АД Скопје, преку пакетот за млади Halk EZ, го започнува караванот „Ај реално“ – иницијатива што има за цел да им даде простор на младите да зборуваат отворено, без притисок и без страв од осуда. Првата станица на караванот е СОУ „Јосип Броз Тито“ во Битола. Караванот ќе го води младата Кики Мукаетова, која со искрен младешки пристап ќе разговара со средношколците на теми блиски до нивната реалност. Модератор на средбите ќе биде младиот актер Дејан Димоски.
„Ај реално“ не е класично предавање. Наместо тоа, средбите се замислени како отворен разговор, каде младите не се само слушатели, туку активни учесници. Преку лични приказни, искуства и интеракција, се отвораат теми што секојдневно ги засегаат – притисокот од околината, стравот од погрешни избори, дилемите околу иднината и првите чекори кон самостојноста.
Во време кога од младите се очекува да имаат одговори, „Ај реално“ тргнува од поинаква перспектива – дека е во ред да не си сигурен, но да имаш храброст да го пронајдеш сопствениот пат. Наместо да наметнува решенија, иницијативата отвора простор за прашања, размислување и личен избор.
За Кики, како една од бренд амбасадорите на Халк, ова е голем и искрен предизвик да се сретне со свои врсници и заедно, искрено да рушат бариери и предрасуди.
– Важно е да сме искрени и да разговараме. Ние припаѓаме на генерации што многу повеќе време поминуваат онлајн, отколку во живо. А тој контакт сфаќаме се повеќе дека ни е многу потребен. Да си се погледнеме во очи, да се прегрнеме, да си споделиме дека ни се случуваат слични работи, дека не е најстрашно нешто што ни се случува, да сфатиме дека не сме единствени. Како правиме избори? Колку е важно низ грешки да учиме? Да разговараме искрено? Колку често си го слушаме сопствениот глас? Ова се важни прашања што ќе се обидеме да ги отвориме низ караванот „Ај реално“. Се радувам на претстојните средби со моите врсници – вели Мукаетова.
Со караванот „Ај реално“, Халкбанк дава порака дека младите не треба да бидат само слушатели, туку гласови што се слушаат. Оваа иницијатива е дел од пошироката посветеност на банката да создава вредност за младата
генерација, не само преку финансиски производи, туку и преку поддршка на нивниот развој, самодоверба и право на избор.
Караванот ќе продолжи во повеќе градови низ Македонија, со цел да допре до што повеќе млади и да поттикне отворен дијалог за теми што ги обликуваат нивните одлуки и иднина.
(ПР)
