Контакт

Соопштенија

Андалузија сака да открие нови резерви на бакар, активни се 73 истражувања, а кај нас и потврдените капацитети во Иловица остануваат под земја

Објавено пред

Во шпанската автономна покраина Андалузија активно се работи на дури 73 геолошки истражувања за лоцирање на 27 стратешки минерали што и се потребни на Европската Унија. Регионот сочинува дури 90% од вредноста на шпанското рударство на метали, а локалните власти се стремат да ја зајакнат својата стратешка автономија во рамките на ЕУ, при што производството на метални руди веќе надминува 1,2 милијарди евра годишно, со над осум илјади работни места во секторот.

За разлика од Андалузија, која е најјужната и приморска шпанска покраина, во Македонија рударството е во постојан пад. Нов рудник за метални суровини се нема отворено повеќе од четири децении, а во моментов има само една сериозна најава за инвестиција во рудник за ископ на метал кој е дефиниран како критичен од страна на Европската Унија. Тоа е проектот за експлоатација на бакар во Иловица. Оваа инвестиција беше најавена како најголема гринфилд инвестиција во земјава, со почетен влог од околу 350 милиони евра само во првите две години за изградба на постројката. Дополнително, додека на ниво на држава континуирано паѓа и бројот на вработени во рударството, инвеститорот очекува 1.000 директни вработувања во текот на изградбата и 500 директни вработувања за време на работењето на рудникот, со обврска за давање предност на локалното население. Исто така, се прогнозира дека ќе се отворат 2.700 индиректни вработувања како резултат на работата на рудникот.

Додека кај нас се регистрираат негативни тенденции во рударството, покраинската влада во Андалузија информира дека се проучуваат вкупно педесет минерали, од кои 27 се на листата на критични суровини на ЕУ. Министерот за енергетика, индустрија и иновации, Хорхе Парадела тврди дека Андалузија е клучна рударска сила за иднината на Европа и дека реактивирањето на геолошките истражувања ја покажува посветеноста на властите во Андалузија кон уреден и планиран развој на нејзиното геолошко наследство.

Меѓу рудите коишто се испитуваат се бакарот, магнезиумот, бизмутот и арсенот, кои се неопходни за електрификацијата, електронската, автомобилската, челичната и фармацевтската индустрија. На нив им се придружуваат литиумот, кобалтот и никелот, клучни компоненти во батериите за електрични возила, како и ретките земни елементи, неопходни во ветерниците и електронските уреди. Регионалното министерство соопшти дека тие го усогласуваат регионот со европските политики за критични суровини, за да се намали надворешната зависност на Унијата.

73-те активни дозволи опфаќаат 80 општини и се распределени меѓу осумте провинции. Хуелва води со 38 дозволи, Севиља има дванаесет, Кордоба осум; Алмерија и Хаен по шест, а Кадиз, Гранада и Малага по една дозвола. Како што пишуваат локалните медиуми, оваа распределба ја потврдува важноста на Иберискиот пиритски појас, една од најголемите области во светот со полиметални масивни сулфиди. Регионот веќе има два проекта класифицирани како стратешки проекти на Европската Унија и поддржани од Регионалното министерство. Едниот е „Циркулар-Атлантик Бакар“, кој ја позиционира општината Хуелва на чело на ископот на метали со поддршка од 7,6 милиони евра, а вториот проект е постројка за преработка на бакар „Лас Крусес“, со 3,44 милиони евра помош.

Како што додаваат локалните медиуми, рударството во покраината коегзистира со земјоделството и туризмот и придонесува во економијата како еден од најстабилните извори на приход во регионот, а сегашниот потенцијал лежи во откритието на нови

резерви на бакар, литиум и ретки земни елементи. Според анализата, прашањето не е дали има недостаток на минерали, туку колку брзо секое откритие се трансформира во стабилен и еколошки здрав проект. Објавата надедува дека усогласувањето со Директивата за критични материјали на ЕУ, претставува за регионот историска можност за намалување на својата зависност од трети страни и да воспостави сопствена развиена индустрија.

 

(ПР)

Најново

Свет2 часа

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД: Сега, пред да биде предоцна

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика да се покрене постапка за забрана на крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД)...

Свет3 часа

(Видео) Три дена се држел за превртен чамец: спасено 15-годишно момче во Беринговото Море

Петнаесетгодишно момче преживеало речиси три дена држејќи се за превртен чамец во Беринговото Море, додека неговиот брат и братучед загинале....

Свет3 часа

Погоден клучен нафтовод во Саудиска Арабија

Проектили вчера погодиле клучен нафтоводен систем во Саудиска Арабија, потврдија двајца американски претставници запознаени со ситуацијата, објави Си-ен-ен. Првичните анализи...

Свет4 часа

Кина со амбициозна цел: 70 отсто од новите автомобили да бидат електрични и хибридни до 2030

Кина постави цел до 2030 година електричните и хибридните возила да сочинуваат 70 отсто од продажбата на нови автомобили, а...

Свет4 часа

Трамп на годишнината од 11 септември: Никогаш нема да заборавиме

Американскиот претседател Доналд Трамп на комеморацијата во Пентагон порача дека САД никогаш нема да ги заборават терористичките напади од 11...

Македонија4 часа

Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница

Стојанчо Радичевски ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Брвеница на претстојните вонредни локални избори, соопштија од партијата....

Забава4 часа

Сандра Булок и Џенифер Анистон денес се најдобри пријателки, а некогаш биле во врска со ист маж

Сандра Булок (62) и Џенифер Анистон (57) денес се блиски пријателки, но ги поврзува и интересен детаљ од љубовното минато...

Македонија5 часа

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ, доколку во Собранието има такво...

Забава5 часа

Парите им се лизгаат од раце: четири хороскопски знаци кои обожаваат да трошат

Според астролошките толкувања, четири хороскопски знаци особено тешко му одолеваат на трошењето пари, но секој од нив има различни слабости....