Контакт

Соопштенија

Eдинствена Македонија: Осумте пратеници се обидуваат да го исперат срамот

Објавено пред

Денеска во Собранието 8-те одметнати и уценети пратеници со евтини трикови се обидоа да се исперат од срамот со некакви нивни уставни амандмани со кои се подобрувал капитулантскиот договор со Грција, смета партијата на Јанко Бачев, Единствена Македонија.

Од партијата преку соопштение оценуваат дека пратениците кои ги поддржаа уставните измени очајнички се обидуваат да прикажат во јавноста дека не издржале поради доброто на народот.

„Тие се обидуваат да докажат дека ги штителе националните интереси иако македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на 30 септември порачаа дека не сакаат промена на името и членство во НАТО и ЕУ“, смета партијата.

Единствена Македонија,  која ја поддржи кампањата „Бојкотирам“ на референдумот, тврди дека она што е содржано во три од четирите нивни амандмани веќе е содржано и во договорот со Грција, па оттука оценува дека наводните амандмани на 8-те пратеници се само наменско замајување на народот.

„Во целата оваа наменска игра битно е да се спомне само четвртиот амандман во кој е предвиден непристојниот пазар – формирање собраниско тело за помирување кое во суштина значи слобода за обвинетите пратенции во замена за гласање за промена на Уставот и бришење на сè што е македонско. Значи, вистината е една: оние 8 пратеници кои се одметнаа и гласаа за уставната ревизија носат огромна одговорност во историјата“, додава партијата на Бачев.

Соопштенија

СДСМ: Владата системски го решава проблемот со загадувањето, кој претходниците само го влошуваа

Објавено пред

Борбата со аерозагадувањето е стратешки приоритет на Владата предводена од СДСМ за разлика од онаа на ВМРО-ДПМНЕ кога уништувањето на сè што е здраво и зелено беше приоритет, велат од владејачката партија како реакција на соопштението со кое од ВМРО-ДПМНЕ побараа Владата да ги прифати нивните итни мерки против загадувањето.

Како што велат од СДСМ, криминалците од раководството на ВМРО-ДПМНЕ претходно расипнички ги трошеле парите на граѓаните на барок, луксуз, споменици и криминални тендери, граделе неплански и системски го уништувале зеленилото.

Оттаму истакнуваат дека Владата ќе ги засили инспекцискиот надзор и контролата, а ќе ја субвенционира и набавката на еколошки автомобили.

„Со усвоениот план за чист воздух, 10 илјади домаќинства ќе бидат приклучени на парно греење, 20 илјади домаќинства ќе ги променат старите нееколошки печки на дрва, 15 илјади семејства имаат шанса да ја подобрат енергетската ефикасност на домовите, 3.000 семејства ќе добијат приклучок за гас“, се наведува во партиското соопштение во кое се додава и дека чистиот воздух и здравата животна средина остануваат врвен приоритет за СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Платите растат во сите сектори, со предлог-буџетот обезбедуваме повеќе пари за граѓаните

Објавено пред

Предлог-буџетот за 2019 година изготвен од Владата предводена од СДСМ обезбедува раст на платите во сите сектори. Со буџетот за 2019 година предвидено е зголемување на платите од 5 отсто за вработените во здравството, образованието, армијата, полицијата, вработените во детските градинки и културните работници, соопшти СДСМ.

Според партијата, докторите специјалисти ќе добиваат поголеми плати 10 отсто за навистина да се вреднува нивниот труд и за да продолжат да работат во јавното здравство.

„Ќе продолжи и трендот за раст на платите во приватниот сектор. Државната помош за претпријатијата ќе овозможи услови за зголемување на платите во приватниот сектор и отворање нови работни места. Истовремено, невработеноста ќе опаѓа преку пакетот активни мерки за вработување – вреден 1,1 милијарда денари, што е историски највисок износ, со што се очекува стапката на невработеност да се намали на 20 отсто.

Со посветено и домаќинско работење и со спроведувањето на зацртаните мерки, Владата предводена од СДСМ продолжува да создава реални услови за повисоки плати, нови работни места и подобар живот за граѓаните. Остануваме посветени на спроведување на мерките што обезбедуваат економски раст, мотивирани работници, професионални институции, нови инвестиции и работни места и повисок животен стандард“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Апелираме Владата да ги прифати итните мерки против загадувањето

Објавено пред

Македонските граѓани буквално се гушат поради неспособноста на локалната и централната власт да се справи со енормното аерозагадување. Илјадници граѓани секоја година ги губат своите живот поради загадениот воздух. Најновиот извештај на Светската здравствена организација покажува дека секоја година 3 илјади граѓани на Македонија починуваат како директен резултат на загадениот воздух, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, нема ништо од предизборното ветување за почист воздух, ниту пак од ветувањето за ,,живот за сите’’. Животот во Македонија дојде единствено за оние малкумина кои се дел од криминалниот картел на власта на чело со аболицираниот Заев. Животот дојде за сите оние кои седна во своите фотелји, добија функции и по некој криминален тендер и грант. За жал овие луѓе заборавија на своите ветувања кон граѓаните.

,,Срамен е фактот што за борба против загадувањето, односно за спас на илјадници човечки животи, владата планира наредната година да потроши само 1,6 милиони евра буџетски пари, додека за луксузни автомобили и мебел ќе потроши неверојатни 7 милиони евра. Дали удобството и хедонизмот на државните и партиските фунцкионери е поважно од здравјето на граѓаните?Дали илјадници човечки животи се поважни од тоа во какви автомобили ќе се возат партиските пајташи и во какви фотелји ќе седат?

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш апелира, Владата да го слушне гласот на граѓаните, експертите и докторите и веднаш да ги прифати итните мерки кои ние ги предлагаме против загадувањето. Со прифаќањето на овие мерки власта може да спаси илјадници животи, овие мерки се мерки кои живот значат!”, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија34 минути

Скајп, МСН и е-маил комуникациите на обвинетите меѓу доказите за „Монструм“

Како што изјави Катерина Јовановска, началник на Одделението за дигитална форензика во МВР, по наредба од судот на 1 мај...

Европа1 час

Гласањето за доверба на Тереза Меј зависи од уште шест писма

Шест писма ќе одлучат дали довербата во Тереза Меј ќе биде ставена на тест. На противниците на британската премиерка, Тереза...

Македонија1 час

Анѓушев, наместо Заев, на работниот појадок кај Курц

Во Виена почна официјалниот работен појадок за премиерите од Западен Балкан, организиран од австрискиот канцелар Себастијан Курц. На местото на...

Регион2 часа

Студен бран го погоди Балканот, најмногу снег на Маврово

Студен бран пристигна во земјите од Западен Балкан. Во целиот регион најмногу снег во изминатите 24 часа наврна на Маврово,...

Економија2 часа

Мисијата на ММФ за Македонија: Економската активност закрепнува, но невработеноста сѐ уште е висока

Враќањето на политичката стабилност и напредокот во решавањето на спорот за името со Грција конкретно ги зголеми шансите за отворање...

Економија3 часа

Фирмите со блокирани сметки уште 1 година ќе може да плаќаат сметки со цесија и преземање долг

Министерството за финансии подготвува измени на Законот за платниот промет, е објавено на Единствениот национален регистар на прописи на РМ....

Македонија4 часа

Земјотерес во Грција изутринава почувствуван и во земјава

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при...

Македонија5 часа

Во Маврово 25 сантиметри снежна покривка

Најмногу снег наврна во Маврови Анови и Лазарополе. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Маврoви Анови има снежна покривка...

Македонија16 часа

(Видео) Протестот заврши, за малку избегнат инцидент

По речиси два часа заврши протестот пред Собранието против уставните имени. За малку беше избегнат инцидент меѓу организаторите – движењето...

Спорт16 часа

Зверев го „здроби“ Ѓоковиќ за својот најголем трофеј во кариерата

Александер Зверев стигна до својата најголема победа во кариерата, откако го совлада светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со 6:4/6:3...

Европа19 часа

Европа: Сообраќајките се водечка причина за смртност кај децата

Во Европа на секои шест минути има по една жртва на патиштата, 230 секој ден или 83 000 секоја година,...

Вести20 часа

Нови тврдења: Можно е телото на Кашоги да било изнесено од Турција како багаж

Убијците на саудискиот новинар Џамал Кашоги можно е да го изнеле неговото распарчено тело од Турција како багаж, изјави министерот...

Економија20 часа

Џеф Безос: „Амазон“ ќе банкротира

„Амазон“ еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, рекол основачот на оваа компанија, Џеф Безос, кој е најбогат човек во...

Свет22 часа

Папата: Неправдата е изопачен корен на сиромаштијата, богатите се се помалубројни, но побогати

Папата Франциско го криткуваше растот на нееднаквоста во богатството во светот, но и третманот кон мигрантите. Поглаварот на Римокатоличката црква...

Македонија23 часа

СЈО истражува криминал при купопродажбата на акциите на „Фершпед“

Специјалното јавно обвинителство води предистражна постапка за купопродажбата на акциите на „Фершпед“ од 2013 година, кога повеќе акционери пријавија дека...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: На претседателските избори ќе ги победиме СДСМ

И покрај целокупниот политички терор и покрај сите, закани и уцени кои што ми ги упатуваат мене и моето семејство...

Бегството на Груевски1 ден

Maкедонија нема договор за екстрадиција со Унгарија – Груевски ќе го бараме со други правни акти

Македонија нема склучено меѓудржавен договор за екстрадиција со Унгарија со кој би го побарала експремиерот Никола Греувски да ја издржи...

Свет1 ден

(Видео) Трамп ја посети Калифорнија: Тажно е ова, итно да им се помогне на оние кои се најлошо погодени

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Калифорнија за да го испита теренот кој беше погоен од најсмртоносниот шумски пожар во...

Регион1 ден

(Видео) Запалено американското знаме за време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Атина

Грчката полиција доцна синоќа се судри со групи маскирани лица во Атина, по завршувањето на протестниот марш за одбелужвањето на...

Свет1 ден

Стејт департмент: Извештаите за убиството на Кашоги се уште не се конечни

Американскиот Стејт департмент издаде соопштение дека владата на сАД не донела конечен заклучок за тоа кој учествувал во убиството на...

Досие