Контакт

Соопштенија

Филипче, чиракот на Заев, со кој го сменија името за провизии, зграда и стан во Дубаи, вели дека Македонија не е на продажба, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Венко Филипче, чиракот на Зоран Заев, во обид да глуми патриот, поита да каже дека Македонија не е на продажба, реагираат утрово од ВМРО-ДПМНЕ.

„Но се прашуваме, каде беше Венко Филипче кога неговиот ментор Зоран Заев со него во влада го менуваа името, прифатија ултиматуми од Бугарија и ги распродаваа државните интереси.

Одговорот е многу едноставен, како министер Филипче ги користеше сите привилегии кои му ги овозможуваше власта и мудро си молчеше за сите предавства направени врз државата.

Човекот кој со својот ментор Заев, кому му ја чува фотелјата во СДС, го менуваа името и јавноста ја убедуваа дека така ќе станеме членка на ЕУ. Но, тоа што граѓаните го добија е само лажната вест со сликата од авионот, каде со дигнати палци, лажеа дека се државата ги отворила преговорите.

Тогаш Филипче гледаше провизиите за вакцините да му поминат, тендерите да врват, а кај него и Заев процентот да стигне, за сега да имаат за луксузни одмори и јахти во Грција, за згради, станови и златни визи во Дубаи.

Венко Филипче, исто така, премолче и кога неговиот ментор Заев кога го менуваа името, дека така Македонија ќе ја омажи за богата фамилија. Но, веројатно богатството го мислеле за нив, зошто единствени кои се офајдиле се токму Филипче и Заев, додека народот го осиромашија, а државата ја опљачкаа.

Затоа сега се и против се што значи развој и напредок на државата. Не сакаат во Македонија да има инвестиции од напредни технологии, индустријата да расте, рударството да се развива.

Колку и да се обидуваат СДС, Филипче и Заев да го спречат напредокот на државата, тоа нема да им успее. Граѓаните веќе ги препознаа и знаат дека нив единствено ги интересира нивниот џеб, ништо друго.

Затоа уште долго ќе останат таму каде што се, во длабока опозиција и на прагот од биолошкиот минимум“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Најново

Македонија3 минути

Студено утро, во текот на денот сончево и топло: од петок дожд

Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло време со мала до умерена...

Забава8 минути

Поранешните партнери се враќаат, врските се распаѓаат, а парите стануваат тема – започна ретроградната Венера

Оваа есен, астролозите предупредуваат на втор ретрограден циклус кој би можел да биде многу поинтересен во однос на љубовта, парите...

Спорт6 часа

(Видео) Кејн рекордер, Англија лесно се справи со Чешка

Репрезентацијата на Англија ја оствари третата последователна победа во Лигата на нациите А, група 3. На Вембли, Англија ја порази...

Спорт7 часа

(Видео) Хрватска по пресврт падна пред светскиот првак – Микел Мерино го реши натпреварот

Само три дена по историскиот дебакл против Англија (7:0), Хрватска брилијантно и парираше на моќната Шпанија на преполниот „Пољуд“, но...

Спорт7 часа

(Видео) Швајцарците ги казнија сите грешки, Македонија загуби во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија го забележа и четвртиот пораз, во Групата 1, во Б дивизијата во Лигата на нации. Трагично...

Свет8 часа

Унгарија воведува данок за најбогатите

Унгарската влада предложи воведување данок на богатство за лицата чиј имот надминува една милијарда форинти, односно околу 3,08 милиони долари,...

Свет8 часа

Водоинсталатер осомничен за серија убиства на постари жени во Полска – ја стекнувал нивната доверба, па се враќал назад

Водоинсталатер на возраст од 43 години е осомничен за серија злосторства во Полска. Засега официјално се зборува за шест убиени...

Свет8 часа

(Видео) Протести во Индија, приведен лидерот на опозицијата

Индиската полиција денеска го прекина протестот на опозицијата во Њу Делхи и накратко го приведе лидерот на Конгресната партија, Рахул...

Свет9 часа

Зеленски: Русија подготвува масовен напад врз Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека најновите разузнавачки информации укажуваат оти Русија подготвува „масовен напад“ врз Украина. „Има ажурирани разузнавачки...