Контакт

Соопштенија

И Здравје и Работа: Наместо најгласните, државата треба да го слуша најстручниот глас за „Иловица Штука“

Објавено пред

Во последните години сведоци сме дека секоја јавна расправа за рударството, а особено за проектот „Иловица – Штука“, сè почесто се претвора во натпревар кој погласно ќе зборува, наместо кој ќе понуди повеќе факти. Веруваме дека е време оваа дебата да се врати таму каде што припаѓа – кај науката, експертите и институциите.

Кога се носат одлуки што ќе имаат влијание врз животната средина, здравјето на луѓето, економијата и иднината на државата, најважен треба да биде мирниот глас на науката, а не најгласните пораки на луѓе кои без соодветна стручност се претставуваат како експерти за рударство, геологија, хидрологија, економија, право и сè друго.

Ја изразуваме нашата поддршка за универзитетските професори и експерти кои во изминатиот период јавно ги презентираа своите стручни ставови за современите рударски технологии и проектот „Иловица – Штука“, а поради тоа беа изложени на лични напади и дискредитации. Во едно демократско општество, научната аргументација треба да се поттикнува, а не да се замолчува преку притисоци и јавен линч.

Во современите демократии, ваквите одлуки не се носат преку Фејсбук-објави, политички пароли или јавни притисоци. Тие се носат врз основа на научни анализи, експертски мислења, законски процедури и независни институции.

Денес постои огромна разлика помеѓу рударството од пред неколку децении и современото рударство. Науката и технологијата направија огромен исчекор. Современите технологии овозможуваат експлоатација со значително повисоко ниво на контрола, управување со ризиците и заштита на животната средина отколку што било возможно во минатото. Токму затоа секој проект треба да се оценува според конкретната технологија што е предвидена, а не според претстави и искуства од друго време или од сосема различни проекти.

Во случајот со „Иловица – Штука“, надлежните институции имаат обврска внимателно да ги разгледаат сите стручни анализи, идната Студија за оцена на влијанието врз животната средина, мислењата на научната јавност и сите законски критериуми. Ако проектот не ги исполнува пропишаните услови, не треба да добие дозвола. Но, ако ги исполнува највисоките законски, технички и еколошки стандарди, тогаш одлуката мора да биде донесена врз основа на факти, а не под притисок на најгласните.
Истовремено, не смееме да ја занемариме ниту економската страна на ова прашање. Македонија има потреба од нови продуктивни инвестиции, нови работни места и поголем извоз. Проекти како „Иловица – Штука“ имаат потенцијал да донесат стотици директни и илјадници индиректни работни места, значителни приходи за државниот буџет и општините, нови можности за домашните компании и силен поттик за развојот на југоисточниот регион. Во услови кога земјата се соочува со иселување на младите, недостаток на инвестиции и потреба од повисок економски раст, секоја развојна можност заслужува професионална и објективна оценка.

Затоа ги повикуваме Владата, надлежните министерства и сите институции да продолжат да ги носат своите одлуки врз основа на науката, стручноста и законите. Само така ќе обезбедиме и максимална заштита на животната средина и здравјето на граѓаните, но и можност Македонија да го искористи својот природен потенцијал за повисок животен стандард, економски развој и подобра иднина за младите генерации.

Државата има обврска да ги слуша експертите. Гласот на науката можеби е потивок од вревата на дневните расправи, но токму тој е најсигурниот патоказ кога се одлучува за иднината на Македонија.

(ПР текст)



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Македонија48 секунди

СДСМ: Уште 1 ден до враќањето на Мицкоски од екскурзија

„Уште еден ден до крајот на екскурзијата. По четири дена летување во Бриж, следуваа четири дена „катарза“ во Брисел. Официјално...

Забава4 минути

Луѓето кои стареат здраво ги практикуваат овие седум работи редовно

Од паметно управување со стресот до избор на хоби, виталноста се гради преку навидум мали одлуки. Многу луѓе ја одржуваат...

Забава9 минути

Ова е највалканата соба во вашиот дом: Бактерии има на секоја површина

Истражувањата покажуваат дека најмногу микроорганизми се кријат во собата за која мислите дека темелно ја чистите. Чистењето на вашиот дом...

Забава27 минути

Како гром од ведро небо: Неочекуваните вести ги менуваат животите на овие три хороскопски знаци

Ако мислевте дека сè е изгубено за вас, судбината можеби ве негира. Дознајте дали сте еден од „среќните добитници“. Некои...

Забава40 минути

Александра Пријовиќ во бикини што чини богатство: изгледа како бомба по второто породување

Српската пејачка Александра Пријовиќ повторно привлече внимание со своето модно издание, а овој пат во центарот на вниманието беше луксузно...

Европа1 час

(Видео) Етна го парализираше воздушниот сообраќај на Сицилија, илјадници патници се погодени

Аеродромот Катанија во Сицилија ќе остане затворен до 2 часот наутро во петок поради вулканска активност на Етна, објави германската...

Свет1 час

Путин: Ситуацијата во Пацификот не е едноставна

Рускиот претседател Владимир Путин учествуваше во вежбите на Тихоокеанската флота и одржа состанок посветен на безбедноста на источните граници на...

Свет1 час

(Видео) Хеликоптер „Апачи“ се урна за време на воена операција во САД, двајца загинаа

Двајца американски војници загинаа во среда откако хеликоптер „Апачи“ што припаѓаше на воената база Форт Худ се урна на поле...

Европа1 час

(Видео) Масовен украински напад со дронови, град на Крим без струја

Севастопол, пристанишен град на Кримскиот полуостров анектиран од Русија, повторно остана без електрична енергија по украинските напади со беспилотни летала,...