Контакт

Соопштенија

Калајџиев за случајот „Мазут“: Не е јасно каде е криминалот, а никој не прашува кој ќе одговара за штетата врз осомничените

Објавено пред

Не е јасно каде е криминалот во случајот „Мазут“, вели правната експертска јавност. Професорот Гордан Калајџиев смета дека не биле приложени докази за случајот, а од друга страна никој не прашува дали некој ќе одговара што осомничените биле малтретирани цела година, ставени под мерки и бил извалкан нивниот углед.

Од тоа што го има во увид во јавноста не е јасно каде е направен криминал и корупција, тоа го покажа и одлуката на Обвинителството. Имаме ситуација каде Обвинтиелството ставило луѓе во притвор, малтретирало луѓе цела година, имало мерки за фирмите претпоставувам и никој не реагира кој ќе одговара што биле малтретирани луѓето, што им било валкано името, туку сите го товарат јавниот обвинител за криминал затоа што е запрена истрагата. Од каде им на тие што коментираат право за тоа? – вели професорот Калајџиев.

Државниот јавен обвинител Ненад Савески  ја поддржа одлуката на надлежната обвинителка Катерина Коларевиќ за запирање на истрагата за „Мазут“. На брифинг со новинарите, Савески оцени дека од професионален аспект е далеку подобро постапката да се затвори навреме поради недостиг на докази, отколку да се форсира обвинение кое подоцна би резултирало со ослободителна пресуда.

„Подобро е истрагата да се запре отколку да се поднесе обвинение што подоцна би завршило со ослободителни пресуди“, дециден е Савески.

Според официјалните извештаи на ТЕЦ Неготино, од каде редовно се вршела контрола на квалитетот на воздухот, во периодот за кој се истражуваше , а  во јавноста се спомнуваше „труење“ и „загадување на воздухот“, воопшто и немало загадување од ТЕЦ Неготино.

Во јавноста беше поставено и прашањето дали увезениот мазут имал штетен хемиски состав. Според ОЈО ГОКК, освен што од прибраните докази не се утврдило дека осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставале на товар, не се утврдило ни постоење на друго кривично дело што се гони по службена должност.

Дополнително, се поставува прашањето, ако загадувањето во Неготино е од мазутот, зошто градот Скопје е меѓу најзагадените во светот, а не се употребува мазутот?

Согласно лиценците за трговија со нафтени деривати, Регулаторната комисија за енергетика месечно врши контрола од каде купуваат фирмите кои имаат лиценци и каде продаваат. Согласно извештаите, евидентно е дека Скопје никогаш не било загадено поради мазутот, бидејќи главната когенеративна централа ТЕ-ТО работи на гас. И покрај ова, Скопје редовно е помеѓу топ пет најзагадени градови во светот, особено во зимскиот период.

Според многу истражувања, проблемот со загадувањето главно е поради дивите депонии и отпади кои не треба ни да постојат, а и оние кои се на хартија „легални“ не се третираат согласно позитивните практики кои придонеле за намалување на загадувањето во слични случаи во светот. Депониите, особено дивите, редовно се палат, не се преземаат превентивни мерки и нема интервенција во капитални проекти за преработка на отпад познати како „waste to energy“ кои ги има во речиси сите европски метрополи.

Дополнително, мазутот се користи во многу поразвиени европски држави, како Германија, Франција, Швајцарија, држави кои важат за „зелени“ и со високи еколошки стандарди.

Според официјалните извештаи на ЕСМ за периодот од 2021 до 2023 година (кој е под истрага) и во екот на енергетската криза, ТЕЦ „Неготино“ беше реактивирана по повеќегодишна пауза и оствари милионски профит. Во 2022 година, државната централа оствари историски рекорден профит (добивка) од приближно 2,25 милијарди денари или околу 36,5 милиони евра. Овој резултат се должеше на зголеменото производство на струја за потребите на регулираниот пазар.

Анализи на професори од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), со цените на берзите на електричната енергија во периодот кој е опфатен со истрагата, покажува дека доколку се правел увоз на електрична енергија тоа би чинело околу 880 милиони евра, наспроти набавката на мазутот која чини 167 милиони евра.

И повторно се поставува прашањето кое професорот Калајџиев го истакна – Кој ќе ја надомести штетата по угледот и времето поминато во притвор, ефективен или куќен, на осомничените?

 

Комерцијален текст

Најново

Забава14 минути

Светското првенство го затвораат Роби Вилијамс, Никол Шерцингер и Лаура Паузини

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави дека церемонијата на затворање на Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во недела,...

Свет29 минути

Стармер: Ја оставам Британија во подобра состојба отколку што ја најдов

Премиерот на Велика Британија во заминување, Кир Стармер, рече дека ја оставил Британија во подобра состојба отколку кога ја нашол....

Македонија57 минути

Утре, сончево и топло, попладне со изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи

Утре, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне...

Македонија1 час

Герасимовски: Не со манипулации, туку со факти, новиот нацрт-ДУП ја намалува површината за градба за 14.000 м²

Обидот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија политички да ја манипулира јавноста преку неточни и нестручни толкувања на урбанистичките планови...

Црна хроника1 час

Татко физички и психички ги малтретирал малолетните деца во Кисела Вода

Синоќа во 21:10 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со М.И.(42) од...

Свет2 часа

Трамп верува дека Путин е подготвен за договор за прекин на војната во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп денес во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен за договор...

Црна хроника2 часа

Внукот го претепал и му се заканувал на 74-годишниот дедо: му барал пари а не ги добил

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ш.А. (20) од Кочани. Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“....

Македонија2 часа

Општина Чаир: Фестивалот „Фолклорните вечери на Чаршијата“ ги обедини културите во срцето на Скопје

Во Старата чаршија се одржа 21. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Фолклорните вечери на Чаршијата“, манифестација која собра фолклорни ансамбли...

Македонија2 часа

(Видео) СДСМ и ДПМНЕ го отворија патот за нова бетонизација на Водно, велат од Левица

Седницата на Советот на Општина Центар уште еднаш покажа дека кога се во прашање интересите на градежните лобија и урбаната...