Контакт

Соопштенија

Повеќе од 50 компании трчаа заедно на бизнис трката во Скопје

Објавено пред

Скопје вчера беше домаќин на второто издание на Croatia осигурување бизнис трка 5K, најмасовната корпоративна спортско-рекреативна манифестација која на едно место обедини повеќе од 50 компании, институции и организации од Македонија.

На кејот пред Acibadem Sistina, 750 вработени од финансискиот сектор, ИТ индустријата, телекомуникациите, фармацијата, логистиката, производството, јавните институции, дипломатските претставништва и невладиниот сектор ја заменија канцеларијата со спортска опрема и заеднички настапија на патеката долга 5 километри покрај реката Вардар.

Croatia Osiguruvanje Business Run 5K е дел од регионалната Adria Corporate Run League, која ги поврзува корпоративните заедници од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска. Победничкиот тим од Скопје ќе ја претставува Македонија на регионалното финале.

Пред почетокот на трката, присутните ги поздрави Катерина Јордановска Манева од Croatia осигурување, која истакна дека најголемите успеси се постигнуваат кога луѓето се движат заедно кон заедничка цел и дека токму тимската работа, довербата и меѓусебната поддршка се вредности што подеднакво се важни и во спортот и во деловниот свет.

За загревањето на учесниците беше задолжена фитнес инструкторката Ангела Јованоска Конески од Premium Sport Center.

Во тимската конкуренција, најдобри резултати постигнаа:

Комерцијална банка со време од 58:08 минути,
Халкбанк со време од 1:00:25,
НЛБ Тутунска банка со време од 1:02:08.

Во индивидуална конкуренција, титулата најбрза учесничка ја освои Радмила Јованова од НЛБ Тутунска банка со време од 21 минута, додека најбрз учесник беше Миомир Алексовски од Комерцијална банка со време од 17 минути и 14 секунди.

По завршувањето на трката следуваше дружење на отворено со музичка програма, настап на Breakdown Band, DJ, храна, освежување и бројни содржини кои придонесоа за одлична атмосфера меѓу учесниците.

Покрај натпреварувачкиот карактер, настанот уште еднаш ја потврди својата улога како платформа за вмрежување, градење на тимскиот дух и поттикнување на здрави животни навики кај вработените. Croatia Osiguruvanje Business Run 5K покажа дека најдобрите резултати не се мерат само со време на патеката, туку и со енергијата, соработката и заедништвото што остануваат по завршувањето на трката.

Целосните резултати се достапни на: www.prvdovrv.mk/business5k

Настанот го организираше Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“, со поддршка на Croatia Осигурување и Acibadem Sistina.

(ПР)

Најново

Забава15 минути

Светското првенство го затвораат Роби Вилијамс, Никол Шерцингер и Лаура Паузини

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави дека церемонијата на затворање на Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во недела,...

Свет30 минути

Стармер: Ја оставам Британија во подобра состојба отколку што ја најдов

Премиерот на Велика Британија во заминување, Кир Стармер, рече дека ја оставил Британија во подобра состојба отколку кога ја нашол....

Македонија58 минути

Утре, сончево и топло, попладне со изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи

Утре, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне...

Македонија1 час

Герасимовски: Не со манипулации, туку со факти, новиот нацрт-ДУП ја намалува површината за градба за 14.000 м²

Обидот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија политички да ја манипулира јавноста преку неточни и нестручни толкувања на урбанистичките планови...

Црна хроника1 час

Татко физички и психички ги малтретирал малолетните деца во Кисела Вода

Синоќа во 21:10 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со М.И.(42) од...

Свет2 часа

Трамп верува дека Путин е подготвен за договор за прекин на војната во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп денес во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен за договор...

Црна хроника2 часа

Внукот го претепал и му се заканувал на 74-годишниот дедо: му барал пари а не ги добил

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ш.А. (20) од Кочани. Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“....

Македонија2 часа

Општина Чаир: Фестивалот „Фолклорните вечери на Чаршијата“ ги обедини културите во срцето на Скопје

Во Старата чаршија се одржа 21. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Фолклорните вечери на Чаршијата“, манифестација која собра фолклорни ансамбли...

Македонија2 часа

(Видео) СДСМ и ДПМНЕ го отворија патот за нова бетонизација на Водно, велат од Левица

Седницата на Советот на Општина Центар уште еднаш покажа дека кога се во прашање интересите на градежните лобија и урбаната...