Контакт

Соопштенија

СДСМ за две години работа на ЗНАМ: Се роди како проект на Мицкоски, да ја урне СДСМ одвнатре

Објавено пред

Социјалдемократскиот сојуз преку соопштение утрово реагира на одбележувањето две години работа на партијата ЗНАМ која  е дел од владината коалиција.

„Денеска во кино ЗНАМ прави отчет. ’Две години работа.  Две години резултати. Една љубов – тендери’. Максо со неколку тендер-патриоти во кино. Веројатно филмот е: ’како ја предадов партијата и гласачите за тендери’. Тоа не е љубов кон Македонија. Тоа е љубов кон парите. ЗНАМ се роди како проект на Мицкоски. Да ја урне СДСМ одвнатре. Луѓе кои прво ја предадоа својата партија, а потоа ги предадоа и гласачите кои поверуваа во приказната за реформа во СДСМ. Влегоа во власта. Станаа дел од организирана криминална група ВМРО. Станаа дел од бандата. Сателити. Глас во Собрание. Столче во институција. Тендер во општина. Тендер во Пошта.

Резултатите ги знае народот. Максо прво ги продаде гласачите, потоа Македонија. Потоа следуваше и плац за Лидл. Со оглед дека има фирма во Бугарија, може себеси да се претстави како странски инвеститор. Тоа се две години. Две години кражба, две години во кои граѓаните се држени како заложници. Сега ќе печатат брошура и ќе шетаат во 14 градови да објаснат колку ја сакаат Македонија.

Нека објаснат колку чини столчето. Нека објаснат зошто „патриотите“ имаат бугарски пасоши и фирми. Нека каже сега, кога знаеме дека колегите, понапредната верзија, ЗНАМ 2.0 за „реформи“, зеле 1,6 милиони, колку тој зел за првата верзија на ЗНАМ?

СДСМ не седи во нивната сала. СДСМ ги именува со нивното вистинско име.

Предавството има датум. Сега се најавува и втор датум, повторно собирање „за иднината на Мицкоски“, за неколку дена. Следниот настан нека го прават заедно. Наместо во кино – во Бела палата. Филмот веќе го знаеме.

ЗНАМ не е движење. ЗНАМ е сателит на Мицкоски. Две години работа за бандата. Две години и тие се дел од бандата. Една љубов, заедничка – тендер.

Доаѓа време кога предавството на Македонија ќе се мери пред суд, не пред платно.

Граѓаните не одат во кино да им честитаат што ги продале. Одат на следните избори да ја вратат државата во свои раце. А бандата да одговара“, стои во соопштението од СДСМ.

Најново

Спорт6 часа

(Видео) Кејн рекордер, Англија лесно се справи со Чешка

Репрезентацијата на Англија ја оствари третата последователна победа во Лигата на нациите А, група 3. На Вембли, Англија ја порази...

Спорт6 часа

(Видео) Хрватска по пресврт падна пред светскиот првак – Микел Мерино го реши натпреварот

Само три дена по историскиот дебакл против Англија (7:0), Хрватска брилијантно и парираше на моќната Шпанија на преполниот „Пољуд“, но...

Спорт7 часа

(Видео) Швајцарците ги казнија сите грешки, Македонија загуби во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија го забележа и четвртиот пораз, во Групата 1, во Б дивизијата во Лигата на нации. Трагично...

Свет7 часа

Унгарија воведува данок за најбогатите

Унгарската влада предложи воведување данок на богатство за лицата чиј имот надминува една милијарда форинти, односно околу 3,08 милиони долари,...

Свет8 часа

Водоинсталатер осомничен за серија убиства на постари жени во Полска – ја стекнувал нивната доверба, па се враќал назад

Водоинсталатер на возраст од 43 години е осомничен за серија злосторства во Полска. Засега официјално се зборува за шест убиени...

Свет8 часа

(Видео) Протести во Индија, приведен лидерот на опозицијата

Индиската полиција денеска го прекина протестот на опозицијата во Њу Делхи и накратко го приведе лидерот на Конгресната партија, Рахул...

Свет8 часа

Зеленски: Русија подготвува масовен напад врз Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека најновите разузнавачки информации укажуваат оти Русија подготвува „масовен напад“ врз Украина. „Има ажурирани разузнавачки...

Македонија8 часа

Без вода утре дел oд Карпош

Дел од корисниците на улицата „Његошева“ во Општина Карпош утре, 7 октомври, ќе останат без вода поради уличен водоводен дефект....

Спорт8 часа

Роналдо се враќа во португалската репрезентација

Кристијано Роналдо одлучи да се врати во португалската репрезентација. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња го потврди ова со...