Контакт

Соопштенија

Светот вложува во критични минерали за да ја намали зависноста од Кина, Македонија сè уште не го активира капиталот за Иловица

Објавено пред

Западните земји мора значително да го зголемат финансирањето на ископот и преработката на критичните минерали доколку сакаат да ја намалат зависноста од Кина, предупредува американскиот Центар за стратегии за критични минерали во својот последен извештај.

Според анализата, недостигот од капитал е една од главните пречки за развој на проекти за критични минерали во западните земји. Додека владите сè почесто се вклучуваат со јавни средства за да ги поттикнат новите инвестиции, Македонија сè уште не успева да го активира ниту веќе обезбедениот приватен капитал за проектот за бакарен рудник во Иловица.

„Стратешката важност на критичните минерали повеќе не е тема за дискусија. Иницијативите низ западниот свет и последователните изјави на лидерите на Г7 отидоа многу подалеку од препознавањето на предизвикот за склопување на нови партнерства, сојузи и механизми за финансирање. Но, на крајот на краиштата, оваа геополитичка трка за ресурси со висок ризик нема да се добие само преку соопштенија или нови институции. Ќе ја добијат земјите кои ќе можат да мобилизираат капитал со брзината и обемот потребен за да се префрлат стратешки важните проекти во производство и да се поврзат со отпорни синџири на снабдување во производството“, се истакнува во Извештајот.

Во оваа глобална трка, Македонија располага со ресурсен потенцијал кој може да биде ставен во функција. Еден од најзначајните примери е наоѓалиштето во Иловица, каде што според проектните податоци е предвидена експлоатација на околу 10 милиони тони руда годишно, со просечно годишно производство од над 10.000 тони бакар. Проектираниот период на работа е околу 23 години.

За разлика од многу западни проекти за кои сега се бара државна финансиска поддршка, за Иловица веќе е обезбеден приватен капитал. Првата фаза од изградбата на рударскиот комплекс е проценета на 340 милиони евра.

Економскиот ефект не би бил ограничен само на рударскиот сектор. Проектот предвидува стотици работни места, додека во текот на оперативниот период би се исплаќале околу 75 милиони евра годишно на локални и регионални компании од различни дејности – од угостителство, земјоделство и прехранбена индустрија до текстилна, хемиска и дрвна индустрија, занаетчиство, одржување и сервисирање.

Дополнителен предизвик за западните економии е недостигот од бакарен концентрат за постојните топилници. Американскиот Центар укажува дека брзото зголемување на капацитетите за топење, особено во Кина, го надминало растот на достапниот бакарен концентрат.

„Иако некои рударски компании поседуваат интегрирани операции за топење и рафинирање, многу рударски компании се потпираат на независни топилници и рафинерии за претворање на бакарниот концентрат во рафинирани бакарни катоди. Овие независни операции работат според бизнис модел на наплата, каде што приходите се генерираат преку надоместоци за третман и рафинирање. Брзата експанзија на глобалните капацитети за топење – особено во Кина – го надмина растот на снабдувањето со бакарен концентрат, оставајќи ги топилниците да се натпреваруваат за ограничена суровина“, истакнува американскиот Центар за стратегии за критични минерали.

Во извештајот се посочува и обемот на кинеските вложувања во овој сектор. Во периодот од 2001 до 2023 година, Кина распределила приближно 98 милијарди долари за финансирање проекти поврзани со критични минерали, со што кинеските компании обезбедиле удели во стратешки средства и долгорочен пристап до суровини.

Според Центарот, создавањето отпорни синџири на снабдување независни од Кина бара комбинирање на различни извори на капитал и координација меѓу државите и приватниот сектор. Проценките на Меѓународната агенција за енергетика покажуваат дека, согласно поставените политички цели, ќе бидат потребни повеќе од 500 милијарди долари инвестиции во нови критични минерални проекти.

Во такви услови, прашањето за Македонија е дали ќе успее навреме да го искористи сопствениот минерален потенцијал. Додека големите западни економии бараат начини со јавни средства да го намалат инвестицискиот ризик и да привлечат приватен капитал, Иловица претставува пример каде приватниот капитал веќе е обезбеден, но инвестицијата сè уште не е ставена во реализација.

ПР

Најново

Свет17 минути

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД: Сега, пред да биде предоцна

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика да се покрене постапка за забрана на крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД)...

Свет30 минути

(Видео) Три дена се држел за превртен чамец: спасено 15-годишно момче во Беринговото Море

Петнаесетгодишно момче преживеало речиси три дена држејќи се за превртен чамец во Беринговото Море, додека неговиот брат и братучед загинале....

Свет40 минути

Погоден клучен нафтовод во Саудиска Арабија

Проектили вчера погодиле клучен нафтоводен систем во Саудиска Арабија, потврдија двајца американски претставници запознаени со ситуацијата, објави Си-ен-ен. Првичните анализи...

Свет2 часа

Кина со амбициозна цел: 70 отсто од новите автомобили да бидат електрични и хибридни до 2030

Кина постави цел до 2030 година електричните и хибридните возила да сочинуваат 70 отсто од продажбата на нови автомобили, а...

Свет2 часа

Трамп на годишнината од 11 септември: Никогаш нема да заборавиме

Американскиот претседател Доналд Трамп на комеморацијата во Пентагон порача дека САД никогаш нема да ги заборават терористичките напади од 11...

Македонија2 часа

Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница

Стојанчо Радичевски ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Брвеница на претстојните вонредни локални избори, соопштија од партијата....

Забава2 часа

Сандра Булок и Џенифер Анистон денес се најдобри пријателки, а некогаш биле во врска со ист маж

Сандра Булок (62) и Џенифер Анистон (57) денес се блиски пријателки, но ги поврзува и интересен детаљ од љубовното минато...

Македонија3 часа

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ, доколку во Собранието има такво...

Забава3 часа

Парите им се лизгаат од раце: четири хороскопски знаци кои обожаваат да трошат

Според астролошките толкувања, четири хороскопски знаци особено тешко му одолеваат на трошењето пари, но секој од нив има различни слабости....