Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Инсталациите на СДС и ДУИ во правосудството спречија правда за „Ласкарци“, модуларни болници, „Мазут“ и многу други предмети

Објавено пред

Овој правосуден систем подобен и во служба на моќни поединци, со години се градел и секогаш кога ќе се јави потреба инсталациите од СДСМ и ДУИ во него се активираат, велат од ВМРО-ПМНЕ.

„Кога некој од блиските на СДС и ДУИ ќе се најдат во тесно и во судир со правдата, како по нарачка од одговорност ги спасуваат нивните луѓе во судството.

Судии и обвинители, пресудуваат во нивна корист, враќаат постапки на повторни судења, укинуваат пресуди, затвораат истраги, само за да им угодат на нивните наредбодавци.

Во таквите постапки, инсталациите на СДС и ДУИ во правосудството никако не се на линија за правдата и законот, а такви изминатиов период имаше многу кои македонските граѓани тоа јасно ги видоа.

Роднински, пријателски, партиски, комшиски врски со СДС и ДУИ, биле предуслов за да стане судија или обвинител и да се напредува во кариерата и да се искачуваат повисоко во хиерархијата на правосудниот систем.

Меѓу предметите кои не го видоа светлото на правдата се предметот Мазут, тежок 167 милиони евра, затворената истрага за набавката на модуларните болници, каде главен осомничен требаше да е Венко Филипче, укинатата пресуда за Ласкарци каде животот го загубија 16 лица и ред други.

Со ваквите постапки, каде поединци место да се гонат и судат, со сите сили се штитат, поединците во правосудството стануваат соработници на криминалот и корупцијата.

Овие судии и обвинители блиски до СДС и ДУИ, кои среќа што се во мал дел од правосудството, со нивните одлуки спротивни на правдата, го корозираа правосудниот систем до ниво на 2% доверба од граѓаните.

На овој систем мора да му дојде крајот, затоа што македонските граѓани сакаат независен и непристрасен правосуден систем во служба на словото на закон“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Најново

Спорт3 часа

(Видео) Кејн рекордер, Англија лесно се справи со Чешка

Репрезентацијата на Англија ја оствари третата последователна победа во Лигата на нациите А, група 3. На Вембли, Англија ја порази...

Спорт3 часа

(Видео) Хрватска по пресврт падна пред светскиот првак – Микел Мерино го реши натпреварот

Само три дена по историскиот дебакл против Англија (7:0), Хрватска брилијантно и парираше на моќната Шпанија на преполниот „Пољуд“, но...

Спорт3 часа

(Видео) Швајцарците ги казнија сите грешки, Македонија загуби во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија го забележа и четвртиот пораз, во Групата 1, во Б дивизијата во Лигата на нации. Трагично...

Свет4 часа

Унгарија воведува данок за најбогатите

Унгарската влада предложи воведување данок на богатство за лицата чиј имот надминува една милијарда форинти, односно околу 3,08 милиони долари,...

Свет4 часа

Водоинсталатер осомничен за серија убиства на постари жени во Полска – ја стекнувал нивната доверба, па се враќал назад

Водоинсталатер на возраст од 43 години е осомничен за серија злосторства во Полска. Засега официјално се зборува за шест убиени...

Свет4 часа

(Видео) Протести во Индија, приведен лидерот на опозицијата

Индиската полиција денеска го прекина протестот на опозицијата во Њу Делхи и накратко го приведе лидерот на Конгресната партија, Рахул...

Свет5 часа

Зеленски: Русија подготвува масовен напад врз Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека најновите разузнавачки информации укажуваат оти Русија подготвува „масовен напад“ врз Украина. „Има ажурирани разузнавачки...

Македонија5 часа

Без вода утре дел oд Карпош

Дел од корисниците на улицата „Његошева“ во Општина Карпош утре, 7 октомври, ќе останат без вода поради уличен водоводен дефект....

Спорт5 часа

Роналдо се враќа во португалската репрезентација

Кристијано Роналдо одлучи да се врати во португалската репрезентација. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња го потврди ова со...