Соопштенија
Возиме со срце – бидејќи СЕМЕЈСТВОТО е МОТОРОТ кој нѐ движи
СОС Детско село и Мото клуб „Вепар“ го одбележаа Меѓународниот ден на семејството со мото дефиле што испрати хумана порака за поддршка на децата и младите без родителска грижа.
По повод 15 мај – Меѓународниот ден на семејството, СОС Детско село и Мото клуб „Вепар“ организираа мото дефиле низ Скопје, испраќајќи порака за важноста на семејството во развојот на секое дете.
Дефилето започна од Градскиот парк, со учество на повеќе од 100 моторџии и поддржувачи, кои направија кружна рута низ централното градско подрачје на Скопје, движејќи се по булеварите „Илинден“, „Св. Климент Охридски“ и „8 Септември“.

Со ова дефиле, учесниците ја потсетија јавноста дека семејството не е само место каде што растеме, туку чувство на сигурност, грижа и припадност.
За децата и младите кои растат без родителска грижа, поддршката од заедницата значи многу повеќе од симболичен гест. Таа е порака дека не се сами, дека некој ги гледа, ги слуша и верува во нивната иднина.
„Семејството е првата сигурност на едно дете. Кога таа сигурност недостасува, наша заедничка одговорност е да создадеме средина во која децата и младите ќе почувствуваат дека припаѓаат, дека се важни и дека имаат поддршка да растат и да се развиваат. Во изминатите 25 години, СОС Детско село помогна да се променат 6090 животи на деца, млади и семејства кои добија нова шанса за посигурна иднина,“ велат од СОС Детско село.


Мото клуб „Вепар“ со своето учество покажа дека поддршката може да дојде во различни форми- преку присуство, солидарност и заедничка испратена порака.
„За нас ова дефиле не е само возење, туку начин да покажеме дека како заедница можеме да застанеме зад децата и младите на кои им е потребна поддршка. Секое дете заслужува да почувствува дека некој е тука за него,“ порачаа од Мото клуб „Вепар“.
Мото дефилето е дел од активностите во јубилејната година на СОС Детско село, кое одбележува 25 години посветена работа и грижа за децата и младите без родителска грижа како и семејствата во социјален ризик.
СОС Детско село продолжува да ја подигнува јавната свест за важноста на семејството, грижата и поддршката од заедницата, бидејќи „Ниту едно дете не треба да расте само“.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Што покажаа сведоците, вештачењата и извештаите во случајот „Мазут“?
Колку јавноста е запознаена со сите факти за случајот „Мазут“ кој е тема во медиумите во Македонија откако Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција одлучи да ја запре истрагата поради недостаток на докази?
Да ги погледнеме работите од самиот почеток, до одлуката за запирање на истрагата хронолошки и со факти.
На 9 ноември 2021 година Владата со одлука прогласува кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија, која понатаму во два наврати ќе биде продолжувана до април 2023 година. Кризната состојба е прогласена како резултат на големите нарушувања во функционирањето на пазарот на електрична енергија, што предизвика висок пораст на цените на струјата во втората половина на 2021 година. Со цел да се остварат заштеди во буџетот, а и да се одржи социјалната стабилност во земјата, Владата одлучува да се рестартира ТЕЦ „Неготино“, централа која со години била чувана како „ладна резерва“.
Регулаторната комисија за енергетика во Годишниот извештај за работа во 2022 година констатира дека пуштањето во работа на ТЕЦ Неготино било економски оправдано, затоа што во оваа електрана цената на произведената струја од мазут била пониска од берзанските цени на електричната енергија во поголемиот дел од 2022 година.
АД ЕСМ по рестартирањето на ТЕЦ Неготино, има потреба од мазут за работа на електраната. ЕСМ не е обврзана да спроведе формална постапка согласно со Законот за јавни набавки, да објави оглас или да испрати покана за прибирање понуди, туку можело директно да стапи во деловен однос со конкретен лиценциран добавувач и да ја реализира набавката, согласно со принципите на добро управување, транспарентност, еднаков третман и рационално управување со јавните ресурси. Сепак, АД ЕСМ упатило покана до сите релевантни економски оператори кои поседуваат лиценца за трговија со нафтени деривати и така реално овозможило конкуренција помеѓу потенцијалните снабдувачи и обезбедило можност за доставување понуди под исти услови. Сослушаните претставници на економските оператори во текот на истрагата го потврдиле тоа и посочиле дека тие не одговориле на јавните повици, бидејќи динамиката на испораката во услови на енергетска криза била предизвик.
Економскиот оператор РКМ (компанијата која беше осомничена во случајот) се јави на повикот под исти услови како и сите други потенцијални добавувачи на мазут на пазарот и подоцна бил избран како најповолен понудувач. Имало и друга понуда, но била неприфатлива поради малите количини кои биле наведени во понудата. Ниту еден елемент од јавниот повик не упатува на тоа дека условите биле поставени на начин што би фаворизирал конкретен оператор или би ја ограничил конкуренцијата.
Според објави на неколку медиуми, кои имаат информации за истрагата, од исказите на сите сослушани сведоци и претставници, како и од подготвеното вештачење, произлегло дека нема повреда на динамиката на испорака на мазутот, дека се одело според договореното и дека немало прекин на производството на електрична енергија во текот на целиот период поради недостиг од мазут. Имало прекини на производството, но тоа било од технички прекини, никогаш поради недостиг од мазут. Притоа, сослушаните претставници на АД ЕСМ и на ТЕЦ „Неготино“, на записник изнеле констатации дека „добавувањето и динамиката со РКМ се одвивала подобро, отколку со претходните добавувачи“ и дека „капа им симнуваат на РКМ заради доставата на мазутот“.
Дополнително, со вештачењето се утврдило дека немало калкулирање со испораката во поглед на дневно утврдените цени на мазутот. Поради овие причини ОЈО ГОКК ја запре истрагата.
Не се докажаа сомнежите за перење на пари и загадување на животната средина.
Подобро е истрагата да запре, наместо да се поднесе обвинение кое подоцна ќе падне на суд, смета државниот јавен обвинител Ненад Савески за случајот „Мазут. Савески ја поддржа обвинителката Коларевиќ, а на брифинг со медиумите истакна дека е изненаден од реакциите на јавноста.
Она за што македонската јавност беше најмногу загрижена е прашањето дали мазутот го загадувал воздухот или не.
Во Македонија постои Правилник за квалитетот на течните горива каде се пропишуваат граничните вредности на сите горива, меѓу кои и мазутот. Согласно правилникот, за мазут се контролираат граничните вредности за сулфур, вода, пепел, седименти, точка на палење, калориска моќност, вискозитет на 100 степени, карбон. Државата има строга контрола над увезените нафтени деривати, преку Цринската управа, како и преку Државниот пазарен инспекторат, а во овој случај не е утврдено надминување на граничните вредности.
Според официјалните извештаи на ТЕЦ Неготино, од каде редовно се вршела контрола на квалитетот на воздухот, во периодот за кој се истражуваше, а во јавноста се шпекулираше со информации за „труење“ и „загадување на воздухот“, воопшто и немало загадување од ТЕЦ Неготино.
Иако во јавноста мазутот често се донесува во негативен контекст, примерите од најразвиените и најеколошките европски држави докажуваат дека овој енергенс може да се користи во процесот на производство на електрична енергија без да предизвикува загадување на воздухот.
Земји како Финска, Шведска, Германија, Данска и Франција веќе со години ефикасно го користат мазутот како сигурен и брз резервен капацитет за стабилизација на своите електроенергетски мрежи.
Во врска со економските прашања во овој случај, АД Електрани на Северна Македонија воопшто не пријавиле штета за време на процесот. Овој факт го повтори и професорот Гордан Калајџиев кој во неколку јавни настапи го постави прашањето дали воопшто ЕСМ може да вложи жалба до Вишото јавно обвинителство поради одлуката на ОЈО ГОКК за запирање на постапката, која нема пријавена штета.
Доколку во целиот криитчен период кој е опфатен со истрагата, се анализираат берзите на електричната енергија, лесно може да се констатира дека доколку ТЕЦ Неготино не работело, Македонија за да купи струја ќе потрошела 880 милиони евра.
Дополнително прашање дали потребната количина воопшто можела да се обезбеди, бидејќи енергетската криза во тој период беше не само ценовен шок, туку и недостаток на гас, мазут, дизел и бензин. Споредено со денес, енергетската криза која ја предизвика војната во Иран е поради цената на нафтата и нафтените деривати. Количините на истите не се доведуваат во прашање, за разлика од тогашната енергетска криза каде државите се бореа за да ја обезбедат потребната електрична енергија.
Бројките покажуваат дека ТЕЦ Неготино секоја година како ладна резерва ја чини државата околу 5 милиони евра со самото постоење, за плати, тековни трошоци и слично. Она што е евидентно и од официјалните извештаи на ЕСМ, ТЕЦ Неготино во 2022 и 2023 година има остварено профит од 30 милиони евра.
Комерцијален текст
Соопштенија
Д-р Жан Митрев доби признание како еден од најцитираните истражувачи во областа на медицинските науки според АРБУ
Д-р Жан Митрев е еден од десетте најцитирани истражувачи во областа на медицинските науки. Ова признание доаѓа од истражувањето спроведено во рамки на проектот АРБУ – Академско рангирање на балканските универзитети, а за истото му е доделен и сертификат.
На денешната манифестација на доделувањето на сертификатите присутни беа проф. д-р Милка Клинчева и д-р Емил Стоицовски, кој во име на д-р Митрев го прими признанието, односно сертификатот.

Според објавената листа на АРБУ за професори и истражувачи во категоријата Medical Sciences, д-р Жан Митрев е рангиран на 8. место во Македонија, во конкуренција на 100 истражувачи рангирани според академскиот придонес.
Покрај ова признание, д-р Митрев припаѓа и во групата од 25 најцитирани истражувачи во Македонија, што претставува значајна потврда за неговиот научно-истражувачки придонес, видливоста на неговата работа и влијанието што го има во медицинската наука.
АРБУ е проект наменет за академската заедница, истражувачите и студентите, со цел да обезбеди релевантни информации и индикатори за академските перформанси на универзитетите и истражувачите во регионот. Платформата опфаќа податоци за земји од Балканот, меѓу кои Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Албанија, и претставува дополнителен извор на информации за институции кои не се опфатени со највлијателните светски рангирања како QS, Times Higher Education и Shanghai Ranking.

Ова признание е уште една потврда за континуираната посветеност на д-р Жан Митрев кон развојот на медицината, научно-истражувачката дејност и унапредувањето на здравствените практики преку знаење, искуство и меѓународно препознатлив придонес.
Вклучувањето меѓу најцитираните истражувачи претставува важен поттик за понатамошно вложување во науката, истражувањето и публикувањето, како и за промоција на македонските истражувачи во регионален и меѓународен академски контекст.
ПР
Соопштенија
Kој е твојот омилен сендвич? Oдговорот може да открие многу за тебе
Верувале или не, изборот на сендвич може да открие многу повеќе за тебе отколку што мислиш. Да, добро прочита. Тоа што го избираш за појадок, ужина или ручек открива за твојот карактер, навики и животен стил.
Tогаш, каков сендвич најчесто избираш?
Ако сакаш многу кашкавал и растопени додатоци, тогаш најверојатно си човек што знае да ужива. Сакаш полн вкус, вистинско уживање и мали задоволства што го прават денот подобар. Луѓето како тебе не се задоволуваат со просекот, секогаш бараат нешто повеќе.
Ако избираш свежи комбинации со зеленчук и лесни намази, ти си од оние што сакаат баланс во животот. Организиран/а си, знаеш што ти одговара и не сакаш непотребни компликации. Едноставно, но паметно, тоа е твој стил.
Ако мешаш необични вкусови, како слатко и солено, лут сос со нешто кремасто, нови комбинации секој ден, тогаш дефинитивно си авантурист. Не ги следиш правилата, туку сам/а ги создаваш. Кај тебе никогаш не е досадно.
Сендвичот одамна не е само брз оброк. Денес, тој е израз на стил, вкус и расположение. Луѓето сакаат сами да си креираат комбинации што им одговараат, богати, вкусни, различни.
Токму затоа Жито Лукс го претставува новиот Sandwich леб од Selection линијата, создаден за сите што сакаат сендвич на следно ниво.
Со впечатливо подебели парчиња, мека и густа структура, секој сендвич изгледа побогато и повкусно. Ова е лебот што во моментов станува хит кај сите кои сакаат домашни оброци со полн вкус, богати комбинации и изглед што привлекува уште на прв поглед.
„Моја кујна, мој вајб, мои правила“
Новата кампања носи порака што многумина ќе ја почувствуваат: дома ти си шеф, ти одлучуваш што сакаш, како и кога сакаш.
А сега, кажи искрено… кој сендвич е твој фаворит? Одговорот можеби ќе открие повеќе за тебе, отколку што очекуваш.
ПР
