Контакт

Спорт

Алегри: Манчестер јунајтед е створен да победува

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, ги предупредил своите играчи дека на натпреварот со Манчестер јунајтед, закана нема да им биде само Пол Погба, кој прв пат ќе игра против „старата дама“ откако се врати во Англија.
„Важен натпревар, доколку по…

Објавено пред

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, ги предупредил своите играчи дека на натпреварот со Манчестер јунајтед, закана нема да им биде само Пол Погба, кој прв пат ќе игра против „старата дама“ откако се врати во Англија.

„Важен натпревар, доколку победиме веќе ќе можеме да размислуваме за наредната фаза. Јунајтед е силен тим, ќе мора да одиграме добро, технички и тактички“, рекол стратегот на Јувентус и дополнил.

„ Го имаат Погба, но ги имаат и Рашфорд и Марсијал. Од друга страна и ние имаме млади надежи, Дибала и Бентакур…Тие се иднината на светскиот фудбал“.

Јувентус има две победи по првите две кола, додека Јувентус има четири, откако како домаќин не успеа да ја победи Валенсија.

„Манчестер јунајтед е тим направен за да победува. Жозе Мурињо е искусен тренер, ние мора да одиграме добар меч“, рекол Алегри.

Манчестер јунајтед и Јувентус ќе се сретнат вечерва од 21 часот на „Олд Трафорд“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Чилиќ загуби добиен меч, Зверев продолжува да доминира против Хрватот

Александер Зверев имаше победнички старт на АТП финалето во Лондон, откако во два тешки сета со 7:6(5)/7:6(1) го совлада Хрватот Марин Чилиќ за да ја продолжи доминацијата над поранешниот шампион од САД опен и да има шест последователни победи против н…

Објавено пред

Александер Зверев имаше победнички старт на АТП финалето во Лондон, откако во два тешки сета со 7:6(5)/7:6(1) го совлада Хрватот Марин Чилиќ за да ја продолжи доминацијата над поранешниот шампион од САД опен и да има шест последователни победи против него.

Младиот Германец не беше во најдобра форма, но благодарение на клучните грешки на Чилиќ, го победува втора година едноподруго во натпреварите по групи во „О2 арената“ во Лондон.

Чилиќ водеше со 5:2 во првиот сет, пред Германецот да се врати за тај-брејк, а исто така имаше и предност од брејк во вториот сет, пред целосно да ја загуби контролата на мечот во одлучувачкиот тај-брејк.

Во вториот меч од групата, во 21 часот, светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ го отвара својот турнир со меч со Американецот Џон Изнер.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Спорт

Марка: Солари останува на клупата на Реал до крајот на сезоната

Во Реал Мадрид се одлучија да не прават избрзани потези и го именуваа Сантијаго Солари како постојан тренер до крајот на сезоната, јавува влијателната „Марка“, весник со добри врски со „кралскиот клуб.
Аргентинецот прво доби дозвола од Ла лига да биде …

Објавено пред

Во Реал Мадрид се одлучија да не прават избрзани потези и го именуваа Сантијаго Солари како постојан тренер до крајот на сезоната, јавува влијателната „Марка“, весник со добри врски со „кралскиот клуб.

Аргентинецот прво доби дозвола од Ла лига да биде поставен како привремен тренер, но во Шпанија правилата велат дека тоа може да се направи само на две недели, и сега откако тој победи четирипати во четири меча, добива шанса да се докаже до крајот на сезоната.

Првично „ЕСПН“ јави дека веднаш по победата над Селта Виго во неделата навечер, клубот го пратил новиот договор на Солари до Шпанската фудбалска федерација, вест која „Марка“ ја потврдува.

Солари ги предводеше Реал до победи против Мелилја, Реал Валјадолид, Викторија Плзен и Селта, што претставува најдобар старт за тренер на Мадрид по 116 години.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Спорт

Проблеми за Солари, во Виго се повредиле Каземиро и Начо

Многу главоболки и покрај тоа што Реал ја победи Слета 4:2, му донесе гостувањето на „кралскиот клуб“ во Виго, на тренерот Сантијаго Солари. На „Балаидос“ со повреди се здобија Каземиро и Начо.
Каземиро, во Виго, одигра само 18 минути, додека Начо се п…

Објавено пред

Многу главоболки, и покрај тоа што Реал ја победи Слета 4:2, му донесе гостувањето на „кралскиот клуб“ во Виго, на тренерот Сантијаго Солари. На „Балаидос“ повреди добија Каземиро и Начо.

Каземиро во Виго одигра само 18 минути, а Начо се повреди во финишот на мечот. Лекарскиот тим на Реал објави дека Каземиро ќе паузира три недели, а Начо нема да биде во екипата во наредните два месеца.

„Селта играше агресивно, на граница на дозволеното. Каземиро мораше да излезе, а Герет Бејл вложи голем напор за да остане до крајот на теренот. Доби удар, кој му задаваше големи проблеми“, рекол по мечот тренерот Солари.

Каземиро и Начо им се приклучија на Марсело, Рафаел Варан и на Хезус Валјехо, кои исто така се повредени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

СЈО: Во случајот „Империја“ испрани се речиси 11 милиони евра

Во случајот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство испрани биле речиси 11 милиони евра, а буџетот на Република Македонија бил оштетен...

Македонија2 часа

МВР го бара Груевски со потерница за издржување на затворската казна

Министерството за внатрешни работи по налог на кривичниот суд распиша потерница по поранешниот премиер Никола Груевски, кој требаше во петокот...

Топ2 часа

ЕЛЕМ повторно склучил милионски договор во четири очи

АД ЕЛЕМ склучил договор во вредност од 92.040.000 денари со приватната фирма „Марковски компани“ од Битола, во постапка на преговарање...

Македонија3 часа

Судот го замрзна имотот на „Орка холдинг“ и „Ексико“

Кривичниот суд замрзна имот на осомничените во случајот „Империја“, меѓу кои се и бизнисменот Орце Камчев и ексдиректорот на УБК,...

Македонија4 часа

ЗНМ: Јавните пари ќе продолжат да се трошат за политичка пропаганда, власта не го исполни ветеното

Здружението на новинарите на Македонија изрази загриженост затоа што во последните измени и дополнувања на Изборниот законик, што по скратена...

Свет5 часа

Трамп со твит за состојбите во Калифорнија ги разгневи пожарникарите и славните личности

Американскиот претседател, Доналд Трамп, на „Твитер“ ја објасни својата теорија за вистинските виновници за катастрофалниот пожар во Калифорнија. Како што...

Економија6 часа

Бензините поевтинуваат 4 и 4,5 денари

Од ноќеска на полноќ цената на бензините ќе се намали 4 и 4,5 денари, а на дизелот 3 денари, соопшти...

Европа6 часа

Французинка криела дека има двегодишна ќерка и ја чувала во багажникот од автомобилот

На Французинката Рози Марија де Круз ѝ се заканува затворска казна од 20 години во судењето што почна денес поради...

Регион9 часа

Мицотакис: Нема да гласаме за ратификација на преспанскиот договор

Претседателот на најголемата опозициска партија во Грција, „Нова демократија“, Киријакос Мицотакис го повтори партискиот став, дека нема да дадат поддршка...

Македонија10 часа

,,Се молиме ветрот да не го промени правецот, бидејќи за минута може да изгори селото”, сведочат жителите на Селци

Една недела над селото Селци, на падините на планината Стогово, гори шумата, во која има борови и дабови дрва. Во...

Македонија23 часа

(Видео) Од 1 декември нема да дозволиме зависници да доаѓаат во Кисела Вода, жителите се судрија со претставник од Општината

Жителите на Кисела Вода им дадоа рок на властите до крајот на месецов да го дислоцираат Центарот за превенција и...

Македонија24 часа

И последниот амандман доби „зелено светло“ од Комисијата за уставни прашања

Со девет гласа „за“, пет „против“ и без воздржани, собраниската Комисија за уставни прашања попладнево го усвои последниот нацрт-амандман, со...

Економија1 ден

Усвоен ребалансот на Буџетот – 3 милијарди денари за општините, намалени проекциите за економски раст

Општините ќе добијат 3 милијарди денари за покривање на долговите, нивото на буџетски дефицит е задржано, а намалени се проекциите...

Македонија1 ден

Партијата на Бачев за Василевски: Охриѓани велат дека е превртлив и е дел од масонски организации

Еден ден по расправијата во Охрид помеѓу лидерот на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев и пратеникот Сашо Василевски, од партијата на...

Македонија1 ден

Интервју на Димитров за „Велт“: Веруваме дека Грците ќе го исполнат ветеното

Топката е засега кај нас. Ние веруваме дека Грците ќе го направат она што го ветија. Ова е најдобриот компромис...

Македонија1 ден

Граѓански собир за дислокација на Центарот за зависници во Кисела Вода

По иницијатива на поголем број на граѓани кои жиевеат во општина Кислеа Вода денеска ќе се одржи граѓански собир на...

Европа1 ден

Австрија откри уште еден случај на шпионажа во корист на Русија

Канцеларијата на австриското државно обвинителство за борба против економскиот криминал и корупција започна истрага против австриски контраразузнавачки агент, кој е...

Топ1 ден

Кривична пријава за стружанец оти одгледувал канабис под пластеници

Стружанецот М.К. (52) од селото Корошишта доби кривична пријава отккао полиција во неговата фарма под пластеници нашла 10 стебла канабис....

Топ1 ден

Возило излетало од патот и се превртело, две лица се повредени

На магистралниот пат Струмица-Радовиш кај село Војславци патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со радовишки регистерски таблици управувано од 21-годишниот Р.С....

Европа1 ден

Трамп во разговор со Макрон ги помеша Балтик и Балкан

Американскиот претседател, Доналд Трамп кој е во посета на Париз остварил среба со францускиот претседател Емануел Макрон. За време на...

Досие