Спорт
Алегри не бил заинтересиран за клупата на Манчестер Јунајтед
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, ги отфрлил шпекулациите дека е еден од кандидатите за тренер на Манчестер Јунајтед во наредната сезона.
Челниците на клубот од „Олд Трафорд“ го назначија Оле Гунар Солскјер за нов тренер, откако Жозе Мурињо до…

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, ги отфрлил шпекулациите дека е еден од кандидатите за тренер на Манчестер Јунајтед во наредната сезона.
Челниците на клубот од „Олд Трафорд“ го назначија Оле Гунар Солскјер за нов тренер, откако Жозе Мурињо доби отказ. Соскјер треба да е само преодно решение, односно да го води тимот до завршувањето на сезоната.
Изминатите денови англискиот печат шпекулира дека Маурицио Покетино, Зинедин Зидан или Масимилајно Алегри од наредната сезона ќе ги водат „црвените ѓаволи“.
„Имам договор со Јувентус уште 18 месеци, Убаво ми е тука, се бориме за некои важни работи. Сега сме декември, рано е да се говори за било што. До јуни треба да одиграме уште многу натпреври“, рекол Алегри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сити и Родри се блиску до нов договор
Капитенот на Манчестер Сити и шпанската репрезентација Родри е блиску до потпишување на нов договор со англискиот клуб.
Оваа вест ја објави новинарот Матео Морето, кој тврди дека нема да има разговори меѓу Реал Мадрид и Родри, бидејќи Шпанецот влегува во финални преговори со Сити.
Неговиот тековен договор истекува во летото 2027 година, па Сити мораше да дејствува за да избегне да го пушти во летниот преоден рок, за симболична оштета или следниот јули без обештетување.
Златната топка од пред две години, речиси една година паузираше поради тешка повреда на коленото.
Сезонава на моменти делуваше како Родри од најдобрите денови, поради што Сити одлучи да го задржи.
Родри пристигна во Сити во летото 2019 година од Атлетико Мадрид за 80.000.000 евра и е едно од најважните засилувања во историјата на клубот.
Тој освои четири титули во Премиер лигата, Лигата на шампионите, три Лига купови, ФА Купот, Светското првенство за клубови и Европскиот Суперкуп, додека го освои ЕУРО 2024 со Шпанија, кога ја освои и Златната топка.
Foto/ Depositphotos
Спорт
(Видео) Реал се жали до УЕФА: Вака ни одзедоа 16 бода
Од почетокот на сезоната, Реал Мадрид подготвува обемно досие за судиските грешки за кои верува дека му наштетиле во Ла Лига, кое ќе го презентира пред УЕФА.
Клубот собира одлуки на судиите одлуки што му наштетиле оваа сезона и минатата сезона.
Флорентино Перез на прес-конференцијата одржана вчера, објави дека клубот на УЕФА ќе и достави досие од 500 страници и видео со разни одлуки што го чинеа тимот 16 бода оваа сезона.
Барселона моментално има водство од 14 бода…
И тоа не е сè. Три кола пред крајот на првенството, Реал е тимот што беше оштетен најмногу пати по интервенциите на ВАР. Имало вкупно 14 интервенции на ВАР во натпреварите на „кралскиот клуб“, од кои 11 одлуки беа против на Реал, а само три во нивна корист (-8).
Тоа е тимот со најмногу интервенции против себе и трет со најмалку одлуки во своја корист.
Од друга страна, Барселона има биланс од +5 интервенции во своја корист: беа оштетени осум пати, но профитираа во 13 ситуации (втора најмногу).
И тоа само во ситуации кои се официјално регистрирани, бидејќи клубот не ги игнорира моментите кога, според нив, биле оштетени не од акција, туку од недостаток на реакција.
Еве еден поглед на судиските грешки што го чинеа Реал 16 бода и кои клубот ги вклучи во видео што ќе го презентира УЕФА:
🚨 El VIDEO DE RMTV afirmando que los árbitros le han robado al REAL MADRID 16 puntos está temporada, es una absoluta vergüenza esto.
Es necesario difundir este vídeo. pic.twitter.com/AVbmySFLhD
— (fan) REAL MADRID FANS 🤍 (@AdriRM33) April 27, 2026
12-то коло | Рајо Ваљекано – Реал Мадрид 0:0
14-то коло | Жирона – Реал Мадрид 1:1
15-то коло | Реал Мадрид – Селта 0:2
25-то коло | Осасуна – Реал Мадрид 2:1
30-то коло | Мајорка – Реал Мадрид 2:1
31-во коло | Реал Мадрид – Џирона 1:1
32-ро коло | Бетис – Реал Мадрид 1:1
Foto/ EPA
Спорт
УЕФА го казни Фенер – Пријавиле дека му плаќаат на Актуркоглу по 35 евра месечно
Европската фудбалска унија (УЕФА) го казни Фенербахче со десет милиони евра за низа манипулации и неправилности во финансиското работење.
Комисијата на УЕФА, која се занимава со спроведување на правилата за финансиска одржливост и го контролира балансот помеѓу приходите и расходите на клубовите на ниво на контрола на платите, трансферите и надоместоците на менаџдерите, нотирала бројни неправилности во работата на Фенербахче.
Сомнителни детали биле забележани во договорите на Жозе Мурињо, Керем Аџтуркоглу, Милан Шкрињар и Диего Карлос, а особено биле испитани договорите на Мурињо и Актуркоглу.
Ревизијата покажала дека клубот се обидува да направи измама во извештајот за трансферот и платата на турскиот репрезентативец кој пристигна од Бенфика минатото лето.
Актуркоглу вп Фенербахче се пресели за сума од 22,5 милиони евра. На годишно ниво заработува 5,2 милиони евра, овие бројки не биле прикажани во извештаите на клубот.
Фенербахче се послужи со измама за да го доведе. На средина од сезоната се покажа дека договорот што клубот го испратил до Фудбалската асоцијација на Турција бил чиста манипулација. Во тој договор пишува дека Актуркоглу игра за Фенербахче за плата од 1.907 лири месечно (35 евра), што е законскиот минимум во турскиот фудбал.
Прво, истражувачките медиуми во Турција почнаа да се занимаваат со оваа тема, а потоа реагираше и УЕФА.
Била извршена инспекција, побарана дополнителна документација и официјални записи за неговите плати. За време на постапката, на Фенербахче му била дадена можност да презентира одбрана, што од клубот и го направила, но тие не убедиле никого дека правилата за ограничувања на трошењето на платите на играчите не се прекршени. Како дел од одбраната што ја презентираше Фенербахче, бизнисменот Хакан Сафи изјави дека тој бил спонзор за доведување на играчите:
„Ќе ги покријам трошоците за маркетиншките права за имиџот и работата на Керем Актуркоглу, како и менаџерските провизии, за кои ќе платам вкупно 35 милиони евра во следните четири години. Нека тоа биде мојот подарок за Фенербахче“, изјави тој.
Сафи е еден од најбогатите луѓе во Турција и е поранешен член на Управниот одбор на клубот.
Документацијата покажа дека клубот го регистрирал Актуркоглу за годишна плата од 420 евра, а дека вистинската сума била „протната“ низ документите како „маркетиншки права на имиџот и делото“ платени на Сафа, за што се плаќа помалку данок.
Според правилата, за плата од 5,2 милиони евра, Фенербахче би требало да издвои седум милиони покрај даноците, но документацијата тоа никаде не го покажува.
Парите за кои Фенербахче всушност ја оштети дрѓавата сега ќе се слеат во касата на УЕФА во форма на казна.
Foto/ depositphotos
