Спорт
АТП листа: Ѓоковиќ се врати во Топ 3
Новак Ѓоковиќ од денес се врати меѓу најдобрите тројца на АТП листата. Србинот, во однос на претходната листа напредуваше за три позиции. Ѓоковиќ, изминатата ноќ трет пат го освои Ју-Ес Опен, со победата над Хуан Мартин дел Потро 6:3, 7:6, 6:3.
Ѓоковиќ…


Новак Ѓоковиќ од денес се врати меѓу најдобрите тројца на АТП листата. Србинот, во однос на претходната листа напредуваше за три позиции. Ѓоковиќ, изминатата ноќ трет пат го освои Ју-Ес Опен, со победата над Хуан Мартин дел Потро 6:3, 7:6, 6:3.
Ѓоковиќ, на листата ги скокна Дел Потро и Александар Зверев. Тој има 6.445 бода, само 445 бода помалку од Роџер Федерер, кој се наоѓа на второто место, додека светскиот број 1, Рафаел Надал им 2.315 бода повеќе од српскиот тенисер.
Ѓоковиќ со одличните резултати во последните два месеци (титулите во Вимблдон, Синсинати и Ју-Ес Опен) може на крајот сезоната да стигне и до првото место.
До крајот на сезоната, од големите турнири, треба да се одиграат мастерсите во Шангај и Париз, турнирот од серијата 500 во Пекинг и завршниот мастерс во Лондон, што значи дека во игра се уште 4.000 бода.
АТП, Топ 10:
1. Рафаел Надал (Шпанија) – 8.760 бода
2. Роџер Федерер (Швајцарија) – 6.900
3. Новак Ѓоковиќ (Србија) – 6.445
4. Хуан Мартин дел Потор (Аргентина) – 5.980
5. Александар Зверев (Германија) – 4.890
6. Марин Чилиќ (Хрватска) – 4.715
7. Григор Димитров (Бугарија) – 3.755
8. Доминик Тим (Австрија) – 3.665
9. Кевин Андерсон (Јужна Африка) – 3.595
10. Џон Изнер (САД) – 3.470
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Лауреус“ наградите во рацете на Новак Ѓоковиќ и Симон Бајлс (видео)

Светскиот тенисер број 1, Новак Ѓоковиќ по четврти пат ја освои „Лауреус“ наградата за најдобар спортист по фантастичниот кам-бек во кој освои две гренд слем титули и се врати на првото место на АТП листата, додека американската гимнастичарка Симон Бајлс е најдобрата спортистка по неверојатниот успех – шесте медали (од кои четири златни) на Светското првенство во 2018.
Кога сите мислеа дека Ѓоковиќ полека ќе се откажува од спортот по низата повреди и слабата форма, тој имаше неверојатна 2018 во која победи на Вимблдон и на САД опен. Само неговиот ривал на теренот, Роџер Федерер со пет вакви награди е пред него. Четири трофеи „Лауреус“ има и атлетската легенда Јусеин Болт.
It was fitting that we gave the last words of #Laureus19 to an athlete who epitomises so much of what we admire in our sporting heroes.
What a speech @DjokerNole… pic.twitter.com/kQpZm5RK1M
— #Laureus19 (@LaureusSport) February 18, 2019
Бајлс пак, стана првата жена од 1987 која освоила медал во сите четири индивидуални дисциплини (прескок, разбој, греда и партер), а исто така ги освои титулите во повеќебој и со американската репрезентација на СП во Катар. Американката веќе е најуспешната гимнастичарка во историјата на СП на само 21 година.
Голферот Тајгер Вудс ја освои наградата за кам-бек на годината, откако ја освои првата титула по пет години, додека тенисерката Наоми Осака е „пробив“ на годината откако ја освои првата гренд слем титула на САД опен.
За најдобар тим во 2018 заслужено е прогласена француската фудбалска репрезентација, која го освои СП во Русија, додека легендарниот поранешен тренер на Арсенал, Арсен Венгер доби награда за животно дело.
Фото: ЕПА
“He said I’m done. I’m not playing tennis any more. He lost trust in himself.”
It was one incredible journey back from that point to reclaiming the number one in the world title.
What a 2018 it was for him.
The #Laureus19 World Sportsman of the Year is the great @DjokerNole. pic.twitter.com/cghbHWBgeS
— #Laureus19 (@LaureusSport) February 18, 2019
Félicitations Les Bleus 🏆
Your #Laureus19 World Team of the Year.#AllezAllezAllez 🇫🇷 pic.twitter.com/TlC2JeNJUB
— #Laureus19 (@LaureusSport) February 18, 2019
Félicitations Les Bleus 🏆
Your #Laureus19 World Team of the Year.#AllezAllezAllez 🇫🇷 pic.twitter.com/TlC2JeNJUB
— #Laureus19 (@LaureusSport) February 18, 2019
A special moment as @cesc4official and @delpieroale hand @Arsenal legend Arsene Wenger his #Laureus19 Lifetime Achievement of the Year Award 🔴⚪️ pic.twitter.com/GjKYYCn2DU
— #Laureus19 (@LaureusSport) February 18, 2019
Спорт
„Милионерите“ пак загубија поени, Баерн им „дише во врат“! (видео)

Борусија Дортмунд сврза пет натпревари без победа, откако одигра без голови на гостувањето кај Нирнберг, губејќи „сигурни“ поени и дозволувајќи разликата од Баерн Минхен на врвот на Бундеслигата да се намали на само три поени.
„Милионерите“ имаа неколку добри шанси во првото полувреме, посебно во финишот кога Аксел Вицел и Марио Геце пропуштија стоотстотни шанси. Нападите продолжија и во второто полувреме, меѓутоа без резултат, а во 89. минута им беше поништен гол на гостите поради офсајд ситуација.
Борусија има 51 поен на врвот на Бундеслигата по 22 кола, пред Баерн со 48, додека Нирнберг се убедливо последни со само 13 освоени поени.
Фото: ЕПА
Спорт
Часовникот „отчукува“ за Сари – Јунајтед никогаш полесно на „Стемфорд бриџ“ (видео)

Манчестер сити се пласираше во четврт-финалето на англискиот ФА куп, откако никогаш полесно не стигнал до 2:0 победа на „Стемфорд бриџ“ за уште повеќе да го зголеми притисокот на тренерот на Челси, Маурицио Сари.
По одличниот старт на сезоната, „машината“ на Сари како да застана по катастрофалните 6:0 од Манчестер сити, а сега отиде уште една шанса за трофеј, оставајќи ги „сините“ во игра само за трофејот од Лига Европа.
Од друга страна, Јунајтед на Оле Гунар Солскјер се врати на победите по „шок-терапијата“ и поразот од 0:2 од Пари Сен-Жермен во Лигата на шампионите. Мечот беше решен во интересното прво полувреме во кое двата тима имаа свои шанси, но Јунајтед го имаа повторно инспирираниот Пол Погба.
Погба прво успеа совршено да го најде 1.82 сантиметри високиот Андер Ерера во 31. минута, кој со удар со глава успеа да го матира Кепа Аризабалага. Во финишот на полувремето, Погба се запиша во листата на стрелците исто така со удар со глава, по што победникот и патникот во четврт-финале беше одлучен.
Фото: ЕПА
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија1 недела
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал