Контакт

Спорт

Баерн ја отвори годината со победа во Хофенхајм (видео)

Баерн Минхен ја заврши зимската пауза во Бундеслигата и го продолжи „ловот“ на Борусија Дортмунд на врвот на табелата со 3:1 победа на гостувањето кај Хофенхајм благодарение на двата гола на Леон Горецка и погодокот на Роберт Левандовски.
Новакот на Ба…

Објавено пред

Баерн Минхен ја заврши зимската пауза во Бундеслигата и го продолжи „ловот“ на Борусија Дортмунд на врвот на табелата со 3:1 победа на гостувањето кај Хофенхајм благодарение на двата гола на Леон Горецка и погодокот на Роберт Левандовски.

Новакот на Баерн, талентираниот Горецка постигна два гола во 34. и во 45. минута да ја најави победата на Баварците, пред Хофенхајм во 59. минута да намали преку Шулц. Полјакот Левандовски во 87. минута стави печат на победата.

Со победата, Баерн се доближи на само три поени до Борусија, кои утре имаат тежок дуел со РБ Лајпциг. Хофенхајм се на седмото место на табелата.

Фото: ЕПА

Спорт

Пресврт: Милан е фаворит за потписот на Де Роси!

Објавено пред

Милан ова лето остана без Монтоливо, Бертолачи и Бакалоко, а од играчите од средниот ред тимот би можеле да го напуштат Кеси, Биља и Хозе Маури. На Росонерите им се потребни засилувања во средниот ред, па најновата мета на Милан е екс-капитенот на Рома, Даниеле де Роси.

Иако Де Роси имаше понуди од Бока Јуниорс и од САД, сепак сака да остане во Серија А. Управата на Рома му „забоде нож в грб“, па нема да има проблеми да заигра за друг клуб од Италија.

Покрај Милан, за него се заинтересирани и Фиорентина и Сампдорија, но Росонерите се фаворити.

Клучниот човек е спортскиот директор, Рики Масара кој неодамна дојде од Рома на „Сан Сиро“, а тој е еден од ретките со кого Де Роси имал добар однос.

„Две раце“ за трансферот дигнал и извршниот директор, Паоло Малдини кој многу го почитува Де Роси.

Прикажи повеќе...

Спорт

Мурињо се враќа во Премиерлигата, во Њукасл?!

Објавено пред

Досегашниот тренер на Њукасл, Рафаел Бенитез денеска најави дека си оди од клубот и веднаш започнаа шпекулациите за неговиот наследник. Се споменуваат повеќе имиња, но како најсеризни кандидати се вбројуваат Жозе Мурињо, Џенаро Гатузо и Микел Артета.

За Португалецот тоа би бил трет клуб во Премиерлигата, по Челси и Манчестер Јунајтед. Мурињо повеќепати вели дека го интересира клуб со големи амбиции, а Њукасл има квалитет најмногу за средината на табелата во Премиерлигата.

Сепак англиските медиуми пишуваат дека Мурињо не би ги исклучил преговорите уште на старт, а доколку се договори со Њукасл, како негов асистент би го донел Марко Матераци.

Од друга страна Гатузо кој на крајот на сезоната го напушти Милан би можел да биде сериозен какндидат за испразнетото тренерско столче на „Сент Џејмс Парк“.

Тие двајца не се единствените сериозни кандидати. Се споменуваат имињата на Алан Пердју, Рој Кин, Марк Хјуз, Гери Монк, Стивен Џерард, како и помошникот на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, 37-годишниот Микел Артета.

Според обложувалниците на Островот, Артета е најсериозен кандидат за тренер на Њукасл.

Прикажи повеќе...

Спорт

Марио Манџукиќ се сели во римски Лацио?!

Објавено пред

Италијанскиот дневен весник „Ил Месаџеро“ тврди дека хрватскиот фудбалски интернационалец, Марио Манџукиќ има нов клуб, римски Лацио.

Иако Хрватот често беше споменуван со трансфер во Кина или во германска Борусија Дортмунд, сепак најновите информации се дека тој ќе се пресели во клубот против кој го постигна првиот гол за „Старата дама“ од Торино.

Манџукиќ минатата сезона за Јувентус одигра 25 меча со биланс од 9 гола и 7 асистенции, но според информациите од италијанскиот шампион, хрватскиот ас веќе не се вклопувал во идеите на новиот тренер на Јуве, Маурицио Сари.

Calciomercato, Il Messaggero in prima pagina: “Lazio su Mandzukic”

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Герила акција: Скопските дрвја во синџири

О2 иницијативата во соработка со Институтот за комуникациски студии спроведе герила акција со цел да укаже дека е неопходна слобода на...

Македонија4 часа

Тројца стружани со државни пари точеле гориво во своите приватни возила

Полицијата поднесе кривична пријава против три лица од струшко кои се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување. Од МВР...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Атанасов направи храбар чекор и ѝ кажа „не“ на неработливата и криминална Влада

ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката на Петар Атанасов да се повлече од функцијата заменик-министер за образование. „ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката на...

Македонија6 часа

Јанкулоска не оди во затвор, Врховен ѝ го прифати барањето за одлагање

Врховниот суд ѝ го прифати барањето на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за одлагање на извршувањето на казната...

Свет7 часа

Момчињата што беа спасени од пештерата на Тајланд не смеат јавно да зборуваат за тоа

Помина една година откако младинскиот фудбалски тим со нивниот тренер влезе во туристичката пештера на Тајланд и остана заробен. Беа...

Македонија7 часа

Атанасов до Заев: Поднесувам оставка

Заменик-министерот за образование, Петар Атанасов, на „Фејсбук“ му се обрати на премиерот Заев порачувајќи му дека поднесува оставка од функцијата...

Топ9 часа

Камион поклопи маж при истовар на стока

Педесет и седумгодишен маж од село Скудриње вчера почина кога бил поклопен од неговиот камион ТАМ. Несреќата се случила кога...

Регион10 часа

Напнато на Медитеранот, грчките воени сили во состојба на готовност

Грчките вооружени сили се во состојба на готовност поради продолжување на можниот турски провокативен настап на истокот од Медитеранот, пишува...

Регион11 час

(Видео) Во Банат падна град со големина на тениско топче

Само во Белград во попладневните часови за помалку од еден и пол час падна повеќе дожд од просекот за овој...

Регион11 час

(Видео) Белград под вода, бликнаа ,,фонтани” на улиците

Невреме проследено со пороен дожд, а во некои места и град со големина на тениски топчиња, го погоди северниот, западниот...

Свет12 часа

Ердоган и ја честиташе победата на опозицијата, на улиците еуфорично се славеше

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган му ја честита на кандидатот на опозицијата Екрем Имамоглу победата на повторените избори за...

Македонија23 часа

,,Октомври е близу, наскоро ќе добиете датум”, порача Вајгл

Тројката европратеници Едвард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл, доцна вечерва заедно со претседателот на Собранието, Талат Џафери, од законодавниот...

Топ1 ден

Трагедија во Битола – ја убил сопругата, по што се застрелал

Убиство и самоубиство се случи попладнево во Битола. По расправија, маж ја застрелал сопругата по што си го одземал животот....

Регион1 ден

Топлотен бран и се заканува на Европа со температури над 40 степени

Европејците следната недела ги очекува топлотен бран со температури кои ќе достигнат над 40 степени, кои се невообичаени за јуни,...

Македонија1 ден

Нови министри во Владата се Димковски, Нуредини, Исмаили и Милевски

Премиерот Зоран Заев, денеска од Валандово, го соопшти предлогот со имињата за нови министри како дел од реконструкцијата на Владата...

Македонија1 ден

(Видео) За 24 часа регистрирани два случаи на незаконско исфрлање медицински отпад

Инспекторатот на град Скопје и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по дојава од граѓани, на 20.06.2019 и 21.06.2019 извршија вонреден...

Македонија1 ден

Заев ќе биде и министер за финансии и премиер

Премиерот Зоран Заев го соопшти предлогот на новите имиња на министри, што ќе го достави до Собранието во текот на...

Македонија1 ден

(Видео) Учесниците на Парадата на гордоста ќе бидат безбедни, гарантира МВР

Организаторите на првата парада на гордоста која треба да се случи идниот викенд во Скопје, заедно со портпаролот на МВР,...

Свет1 ден

Ким Џонг-ун доби „одлично“ писмо од Трамп

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, доби лично писмо од американскиот претседател Доналд Трамп, објавија државните медиуми. Ким го пофалил...

Регион1 ден

Повторни избори за градоначалник во Истанбул

Граѓаните на Истанбул денеска повторно избираат градоначалник, откако беа поништени претходните изборни резултати, од изборите на 31 март. На претходните...

Досие