Спорт
Од авантурист до семеен човек: трагично загинатиот Феликс Баумгартнер ја пронајде љубовта кај убавата Романка по бурната романса со мис

Познатиот екстремен спортист Феликс Баумгартнер (56) трагично го загуби животот во несреќа со параглајдинг во Италија, објави државниот радиодифузен сервис РАИ.
Познат како „човек без страв“, Баумгартнер ги поместуваше границите на она што е можно во текот на својата кариера – скокајќи од облакодери, карпи и хеликоптери, а својата најголема слава ја постигна во 2012 година кога скокна од стратосферата од висина од 39 километри, во мисија што ја следеа милиони гледачи низ целиот свет.
Освен што беше бестрашен, Феликс имаше и малку бурен љубовен живот, но сепак успеа да се смири покрај Михаела Радулеску, романска водителка.
Феликс се запознал со познатата водителка во 2014 година и оттогаш беа во врска, но никогаш не се венчале. Сепак, во медиумите секогаш биле претставувани како еден од најстабилните парови.
Двојката среќата ја наоѓала во честите патувања, од кои редовно објавувале фотографии, а живееле помеѓу Швајцарија-Австрија-Германија.
Пред Михаела, Феликс беше заљубен во мисицата Никол Етл. Многумина се сомневаа дека врската ќе заврши со брак, но тие раскинаа во 2013 година по седум години љубов.
Феликс Баумгартнер ги сакаше екстремите, авантурите и непредвидливоста, но неговата најдолга авантура беше со Михаела, со кого конечно успеа да најде слобода.
Како што претходно изјави водителката, тие функционирале совршено дури и кога биле разделени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Усик го нокаутира Дубоа, стана апсолутен шампион во тешка категорија

Foto/EPA
Олександар Усик (38) стана апсолутен шампион во тешка категорија по втор пат во својата кариера. Го нокаутираше Даниел Дубоа во петтата рунда и ја забележа 24-та победа во професионалнаат кариера. Како и во првиот меч од 2023 година, Усик го победи Дубоа со нокаут и повторно ги обедини четирите големи титули во боксот.
Олександр Усик го нокаутираше Даниел Дубов во петтата рунда од борбата пред повеќе од 70.000 гледачи на стадионот „Вембли“ во Лондон.
Усик го контролираше ритамот од почетокот на мечот, а клучниот момент дојде во петтата рунда кога два пати го нокаутираше британскиот предизвикувач.
По вториот нокаут, Дубоа не можеше да стане, па судијата ја прекина борбата на 1:52 пред крајот на рундата.
Со оваа победа, 38-годишниот Украинец уште еднаш ја потврди својата доминација во тешка категорија.
USYK STOPS DUBOIS IN 5#UsykVsDubois pic.twitter.com/wKRAhiBghK
— Spinnin Backfist (@SpinninBackfist) July 19, 2025
Спорт
Де Брујне ќе ја носи „десетката“ на Марадона

Во Наполи, Кевин де Брујне ќе има чест да го носи „десетката“ на Марадона, која еднаш беше повлечена од употреба.
Белгиецот го коментираше овој потег на клубот, и како што вели не можел да поверува.
„Да ви ја кажам вистината, на почетокот бев малку изненаден, бидејќи бев убеден дека дресот е повлечен, но во секој случај ми е чест да го носам. Клубот навистина ме почести со тој гест, а во исто време ми даде и поголема одговорност“, рече поранешниот играч на Манчестер сити.
По 10 години, Де Брујне го напушти Манчестер сити и се пресели во Наполи, и како што наведува, нема да чувствува поголем притисок поради „десетката“ на грбот.
„Марадона е Марадона, еден од најголемите играчи на сите времиња, легенда на играта, синоним за Наполи. Благодарен сум и горд, но јас сум, јас. Ќе се обидам да ја завршам мојата работа тука најдобро што можам и се надевам дека ќе донесам радост во клубот и тимот, градот и навивачите“.
Спорт
Пјер-Емерик Обамејанг се врати во Марсеј

Сега е официјално. Искусниот напаѓач од Габон, Пјер-Емерик Обамејанг ја напушти Саудиска Арабија и тимот на Ал Кадиш по само една година и се врати во Франција.
Обамејанг веќе го носеше дресот на Марсеј во периодот од 2023 до 2024 година. Обамејанг потпиша двегодишен договор со францускиот гигант, тој беше голема желба на спортскиот сектор и тренерот Роберто Де Зерби.
Во својата кариера, Обамејанг го носеше дресот на Милан, Дижон, Лил, Монако, Сент Етјен, Дортмунд, Арсенал…
Foto/ EPA