Контакт

Домашен

Би-би-си за подвигот на македонскaта репрезентација: Фудбалот се игра за овие моменти

Објавено пред

Фудбалската репрезентација на Македонија се најде на насловните страници на многу спортски медиуми по вчерашната победа над Грузија и историскиот прв пласман на Европското првенство.

За историскиот подвиг на Пандев и другарите во рамките на Лигата на нациите, простор одвои и британскиот Би-би-си.

Во својата сопортска рубрика Би-би-си објави статија во која кусо се објаснува патот на македонската репрезентација до ЕП, како и групата во која ќе играат нашите фудбалери.

На „Фејсбук“, пак, напишаа: „Видете што значи ова за нив. Еве зошто постои фудбалот“.

Just look what it means! This is what football’s all about. 😍

Posted by BBC Sport on Четврток, 12 ноември 2020

Британците го нагласуваат и погодокот на капитенот Горан Пандев:

„На својот 115. настап за репрезентацијата, 37-годишниот Горан Пандев го постигна голот што ќе ја испрати Северна Македонија на нејзиното прво големо натпреварување.

Дефинитивно, најголемата вечер во фудбалската историја на земјата!“

Making his 115th appearance for his national side, 37-year-old Goran Pandev has scored the goal that will send North…

Posted by BBC Sport on Четврток, 12 ноември 2020

Следното лето македонските фудбалерив во групата Ц од Европското првенство ќе се соочат со Холандија, Украина и Австрија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Домашен

Пандев ќе биде прогласен за олимписки великан на МОК

Објавено пред

Нашиот најдобар фудбалер и капитен на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, ќе биде прогласен за олимписки великан на Македонскиот олимписки комитет (МОК).

Ова го најави петседателот на МОК, Даниел Димевски, откако нашите репрезентативци предводени од искусниот Пандев вчера преку Лигата на нациите се изборија за историски прв пласман на Европско првенство во фудбал.

Димевски по овој повод упати чистики до претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, а за Пандев порача дека тој придонел за врвни спортски резултати и дваесетгодишна меѓународна афирмација на македонскиот спорт.

„Најдобрите македонски фудбалери изгинаа на теренот, го одиграа најдобриот натпревар во овие квалификации токму кога беше најпотребно! Сите со срце поголемо од најголемата планина, мудро, умно и со големо знаење и неверојатна смиреност, одлучност, сигурност и самодоверба се изборија за свое место во историјата на македонскиот спорт! Честитки, момци, само гордо напред и со победа да го почнеме Европското првенство! Најдобри сте!“, истакна претседателот на МОК.

Прикажи повеќе...

Домашен

Триатлон првенство на 20 септември во Дојран

Објавено пред

Националното првенство во триатлон во Дојран ќе се одржи на 20 септември, недела.

Натпреварувањето, кое ќе се бодира за шампионат на Македонија во триатлон, е во организација на Триатлон федерацијата на Македонија и на Општина Дојран. Помагатели се Агенцијaта за млади и спорт и Олимпискиот комитет на Северна Македонија.

На настанот ќе има над 80 учесници во 12 категории.

Организаторите ги повикуваат сите учесници на настанот, без исклучок, да ги почитуваат протоколите и мерките за заштита од Ковид-19.

„Носењето маска, пред и по трката, е задолжително. Избегнувајте групирање, одржувајте физичка дистанца и редовно дезинфицирајте ги рацете на пунктовите што ќе бидат поставени за таа цел“, апелираат организаторите.

Прикажи повеќе...

Домашен

Љуљзим Вренези утре ќе ја прими наградата „8 Септември“ за животно дело

Објавено пред

Во Кристалната сала на македонското Собрание, утре во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“ ќе врачи една награда за животно дело и четири награди за остварување во областа на спортот во 2020 година, кои се доделуваат на спортисти, тренери и спортски работници.

Љуљзим Вренези е овогодишниот добитник на наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на Република Северна Македонија на меѓународен план.

Наградите со коишто се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот им се доделуваат на: Сократ Ефтимовски, Бесник Мурати, Ванчо Јовановски и Ѓорги Вучков.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија50 минути

Се очекува зелено светло од Пендаровски за војниците од утре да почнат да ги обезбедуваат болниците

Припадниците на Армијата ќе може уште утре да бидат распределени низ здравствените институции, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. „Вчера...

Култура2 часа

Eкипата на „Медена земја“ тврди: На Атиџе ѝ обезбедивме дом, храна и лекови – здружението „Бекирлија“ и донациите ќе бидат затворени

Екипата на „Медена земја“ реагира по тврдењата што се појавија во јавноста дека Атиџе Муратова е заборавена од сите, без...

Европа3 часа

(Видео) Автомобил удри во оградата на канцеларијата на Меркел

Автомобил управуван од непознато лице удрил во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Деталите за оваа...

Свет3 часа

Сингапур го искорени коронавирусот

Некогаш имаше најголема стапка на Ковид-19 во Југоисточна Азија, но откако во вторникот пријави 14 дена без нови локални случаи,...

Македонија3 часа

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, слободни уште 20-ина места

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализрани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица...

Македонија3 часа

(Видео) Пендаровски: Пандемијата покажа дека домот не е најбезбедно место за многу жени и деца

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, се вклучи во глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ на Обединетите нации,...

Регион3 часа

Од денес стапува во сила полициски час во Црна Гора

Во Црна Гора од денес угостителските и услужните објекти ќе работат од 7 до 18 часот, а забраната за напуштање...

Европа4 часа

Финцитe мајстори во борбата против коронавирусот

Финска, со население од нешто помалку од 6 милиони жители, е една од земјите што најдобро се справуваат со пандемијата...

Свет4 часа

Трамп ќе го помилува поранешниот советник за безбедност, кој го лажеше ФБИ

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да го помилува поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин, кој во 2017 година призна...

Свет5 часа

Бајден: Сè уште не сум разговарал со Трамп

Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден, изјави дека сè уште не разговарал со актуелниот претседател Доналд Трамп. Бајден во првото интервју...

Свет5 часа

Макрон најави попуштање на мерките

Франција следниот викенд ќе почне со олабавување на мерките против ширењето на коронавирусот за до Божик продавниците, театрите и кината...

Свет5 часа

Австралија ги ублажува мерките, со денови нема нови заразени

Австралиската федерална држава Нов Јужен Велс ќе ги олесни ограничувањата за физичка дистанца и ќе ги отстрани условите за компаниите...

Свет5 часа

Голем метеж на аеродромите и во центрите за тестирање во САД во пресрет на Денот на благодарноста

Метежот на аеродромите и редиците пред центрите за тестирање покажуваат дека многу Американци планираат да го прослават Денот на благодарноста...

Македонија17 часа

Регистрирани се 1039 нови случаи на Ковид-19, починаа 15 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3143 тестирања, а регистрирани се 1039 нови случаи на...

Свет18 часа

Зошто Путин досега не се вакцинирал?

Рускиот претседател Владимир Путин не може да биде меѓу доброволците кои ќе бидат вакцинирани против коронавирусот до крајот на клиничките...

Свет18 часа

(Видео) Маж со секира држеше во заложништво шест деца во Русија

Маж кој држеше шест деца како заложници во стан во Санкт Петербург, се предаде на полицијата.Во стан во предградијата на...

Македонија18 часа

Мухамед Зекири нов генерален секретар на Владата

Поранешниот пратеник Мухамед Зекири е избран за нов генерален секретар во Владата.Одлуката e донесена на последната владина седница одржана денеска....

Европа18 часа

Старските домови во Шпанија први ќе бидат вакцинирани против Ковид-19

Штитениците и персоналот на домовите за стари лица ќе бидат први вакцинирани против коронавирус во Шпанија, изјави министерот за здравство...

Свет19 часа

САД: Повеќе од 190.000 новозаразени со Ковид-19

Во САД 1.083 лица починаа како последица на Ковид-19 во изминатите 24 часа, додека регистрирани се 190.562 нови случаи на...

Спорт20 часа

Ѓоковиќ најдобар во 2020-та година

Моментно најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја завршува годинава на првата позиција на АТП листата. Тоа му појде од рака...

Досие