Контакт

Спорт

Бразилска „шок-терапија“ за Србија, Исланд без мака против Бахреин

Бразил со 24:22 ја победи Србија за да ги освои првите поени на Светското првенство во ракомет во Германија и Данска, за речиси сигурно да ги уништи шансите на „орлите“ за втора рунда, додека во нашата група, Исланд без мака со 36:18 го совлада Бахреин…

Објавено пред

Бразил со 24:22 ја победи Србија за да ги освои првите поени на Светското првенство во ракомет во Германија и Данска, за речиси сигурно да ги уништи шансите на „орлите“ за втора рунда, додека во нашата група, Исланд без мака со 36:18 го совлада Бахреин за да потврди дека ќе биде најголемата пречка на Македонија за пласман понатаму.

Бразилците почнаа „фуриозно“ и имаа предност од 10:5 по неполни 20 минути игра, предност која ја сочуваа и на полувремето (11:14). Во второто полувреме, голманот на Вардар, Дејан Милосављев со неколку одбрани ги врати Србите во игра, за во драматичниот финиш, Србите да се вратат од 19:22 на 21:22, меѓутоа на крајот победата отиде кај јужноамериканците. Толедо со пет гола беше најдобар кај победниците, додека Радивојевиќ и Марсениќ имаа исто толку голови за Србија.

Исланд јасно стави на знаење дека оди на втора рунда на Мундијалот, откако со 38:16 го „збриша“ Бахреин за први поени на шампионатот по поразите од Шпанија и од Хрватска. Арнор Гунарсон беше фантастичен со осум голови, додека пет имаше Гудмундсон.

Фото: ЕПА

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ГЕРМАНИЈА/ДАНСКА, 3.КОЛО

ГРУПА А

Србија – Бразил 22:24 (11:14)

Русија – Германија 18.00 ч.

Франција – Кореја 20.30 ч.

Табела: 1.Германија 4, 2.Франција 4, 3.Русија 3, 4.Бразил 2, 5.Србија 1, 6.Кореја 0

ГРУПА Б

Исланд – Бахреин 36:18 (16:10)

Македонија – Хрватска 18.00 ч.

Шпанија – Јапонија 20.30 ч.

Табела: 1.Шпанија 4, 2.Хрватска 4, 3.Македонија 4, 5.Исланд 2, 5.Јапонија0 , 6.Бахреин 0

ГРУПА Ц

Тунис – Чиле 36:30 (18:15)

Норвешка – Австрија 17.30 ч.

Данска – Саудиска Арабија 20.15 ч.

Табела: 1.Данска 4, 2.Норвешка 4, 3.Австрија 2, 4.Тунис 2, 5.Чиле 2, 6.С.Арабија 0

ГРУПА Д

Унгарија – Катар 32:26 (16:11)

Аргентина – Египет 18.00 ч.

Шведска – Ангола 20.30 ч.

Табела: 1.Унгарија 5, 2.Шведска 4, 3.Катар 2, 4.Ангола 2, 5.Аргентина 1, 6.Египет 0



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

„Валверде е вистинскиот човек за Барселона“

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде и наредната сезона ќе ја обавува оваа функција, потврдил првиот човек на клубот, Џозеп Марија Бартомеу.
Зборовите на клупскиот претседател доаѓаат како реакција на изјавата на Валверде дека не е сигурен дека по з…

Објавено пред

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, и наредната сезона ќе ја извршува оваа функција, потврдил првиот човек на клубот, Џозеп Марија Бартомеу.

Зборовите на клупскиот претседател доаѓаат како реакција на изјавата на Валверде дека не е сигурен оти по завршувањето на сезоната, кога ќе му заврши договорот, ќе биде тренер на Барселона.

„Не се сомневаме во неговите квалитети, набргу ќе му понудиме нов договор. Валверде е паметен тренер, посветен, вистински човек за нас. Ќе ја предводи Барселона и во новата сезона“, изјавил Бартомеу за каталонскиот весник „Спорт“.

Медиумите во Шпанија најчесто шпекулираат за иднината на Валверде, иако тој лани ја освои двојната круна, а во тековната сезона Барселона води на табелата.

Прикажи повеќе...

Спорт

За секој гол „Спорт лајф“ донира по 2.000 денари во хуманитарни цели

Објавено пред

По повод Светското ракометно првенство, со кампањата „Голови за победа, голови за радост“, од „Спорт лајф“ информираат дека организираат хуманитарна акција наградувајќи го секој гол на македонските ракометари со донација од 2.000 денари.

Донацијата, додаваат оттаму, ќе ја проследат до Детската здравствена установа, што претставува уште една причина зошто треба да навиваме и да ги бодриме нашите ракометари.

„Моментната состојба на постигнати голови на македонските ракометари и соодветниот износ што ‘Спорт лајф’ ќе го донира може да се провери на следниот линк. Во оваа акција ‘Спорт лајф’ како општествено одговорна компанија умешно ги поврзува радоста од успехот во спортот и можноста да се помогне онаму каде што е најпотребно“, велат од „Спорт лајф“.

Тие се единствени што спроведуваат ваква кампања во моментот и кои ги мотивираат нашите репрезентативци за поголем број голови и победи.

Затоа, сите заедно да навиваме нашите репрезентативци да постигнат што повеќе голови до крајот на првенството, односно до 27 јануари годинава, велат од компанијата.

Прикажи повеќе...

Спорт

АО: Надал експресно до третата рунда, Димитров се мачеше

Рафаел Надал, Григор Димитров и Руберто Баутиста-Агут се последните тенисери што изборија пласман во третото коло на Австралија опен.
Надал немаше никакви проблеми против Метју Ебден од Австралија. Шпанецот на теренот мина еден час и 58 минути и забеле…

Објавено пред

Рафаел Надал, Григор Димитров и Руберто Баутиста-Агут се последните тенисери што изборија пласман во третото коло на Австралија опен.

Надал немаше никакви проблеми против Метју Ебден од Австралија. Шпанецот на теренот мина еден час и 58 минути и забележа максимална победа 6/3, 6/2, 6/2.

„Бикот во Мајорка“, во третото коло, ќе се соочи со уште еден домашен тенисер, Алекс де Минаур. Австралиецот по голема борба и пет сета успеа да го победи Швајцарецот Хенри Лаксонен 6/4, 6/2, 6/7, 4/6, 6/3.

За разлика од Надал, Димитров и Баутиста-Агут имаа многу проблеми во втората рунда.

Бугаринот Димитров одигра тежок меч и во четири сета успеа да го победи Уругваецот Пабло Куевас 6/3, 6/7, 6/3, 7/5.

foto: epa

Димитров во наредната рунда ќе игра против тенисерот од Италија, Томас Фабијано, кој се наоѓа на 102. место на АТП листата. Фабијано, во второто коло, во супер тај-брејкот во петтиот сет го совлада Американецот Опелка.

Баутиста-Агут, идентично како и во првото коло испушти предност од два сета, но во петтиот стигна до победата. Шпанецот го победи Австралиецот Џон Милман 6/3, 6/1, 3/6, 6/7, 6/4. Мечто траеше речиси четири часа.

Баутиста-Агут во третата рунда ќе игра против деветтиот носител Карен Хачанов од Русија.

foto: epa
Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Анкета: Џабе ни е јазикот кога младите си заминаа во странство

„Џабе ни е двојазичност кога младите континуирано бегаат од државата. Заев само зборува, зборува на празно, каде е таа плата...

Македонија1 час

Три илјади анкетни листови за имотот на функционерите заглавени во антикорупциската комисија

Повеќе од 60 претставки за корупција и триесетина предмети за судир на интереси стојат во фиоките на Државната комисија за...

Македонија1 час

(Фото) Олимпија фати морбили

Посине споменикот на мајката на Александар Македонски, Олимпија, која се наоѓа на плоштадот Карпошово востание. На спомениците на Олимпија и...

Македонија2 часа

Скопјани принудувале малолетничка на проституција

Обвинителството отвори истражна постапка за трговија со дете кога било пријавено дека двајца скопјани принудувале 16-годишно девојче да врши полови...

Македонија3 часа

(Видео) Лашкоска: СДСМ нема намера да донесе квалитетен закон за спречување корупција

СДСМ нема намера да донесе квалитетен закон за спречување корупција. Сака насилнички со ЕУ-знаме да го протурка без дебата. Третпат...

Македонија3 часа

Претседателот на грчкото собрание смета дека договорот од Преспа е историски моќен

Претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцис, рече дека пратениците со јасно мнозинство треба да го изгласаат преспанскиот договор, бидејќи, како...

Македонија4 часа

Цаноски бара 40 милиони евра отштета за уривањето на „Космос“

На денешното судско рочиште за предметот на СЈО, ТНТ, за уривањето од политичка омраза на комплексот „Космос“, бизнисменот Фијат Цаноски...

Македонија5 часа

Братот на Заев, Вице, го тужи Александар Николоски за клевета

Во Основниот суд Скопје 2 се одржа подготвителното рочиште за тужбата за клевета на братот на премиерот Заев, Вице Заев,...

Македонија6 часа

Путин: Постои надворешен притисок за зачленувањето на Македонија во НАТО

Кога станува збор за ситуацијата на Балканот, тогаш може да се каже дека тука сериозен дестабилизирачки фактор претставува политиката на...

Регион6 часа

Романија ја претстави програмата за претседавање со ЕУ

Романската премиерка, Виорика Данчила, вчера пред Европскиот парламент ги презентира приоритетите на романското претседателство со Европската Унија. „Првата фаза ќе...

Вести6 часа

Грчкиот парламент ќе гласа недоверба на владата на Алексис Ципрас

Денеска во грчкиот парламент продолжува седницата на чиј дневен ред е една точка – недоверба на владата на Алексис Ципрас....

Македонија6 часа

Владата една и пол година ги слави празниците на Груевски, Законот за празниците нечепнат

Владата една и пол година ја разгледува можноста за укинување дел од неработните денови и измена на Законот за празниците,...

Свет7 часа

Британскиот парламент ќе гласа за недоверба на владата на Меј

Британската премиерка Тереза Меј денеска треба да се соочи со гласање за недоверба, еден ден откако парламентот го отфрли нејзиниот...

Свет7 часа

Помпео: Иранските ракети за сателити се закана за Европа и Блискиот Исток  

Неуспешниот обид на Иран да ландира сателит во орбитата со трифазна ракета покажува дека намерата на Исламиската Република е да...

Свет8 часа

Американскиот  Стејт департмент: Американските граѓани во странство се цел на терористите од ИД и Ал Каеда

Американскиот Стејт департмент во својата најнова серија совет и препораки за своите граѓани низ светот предупреди дека американските граѓани се...

Свет9 часа

Отава побара од Пекинг помилување за канадскиот државјанин осуден на смрт

Канадскиот министер за надворешни работи, Кристија Фриленд, во вторникот информираше дека Отава официјално побарала од Пекинг да го поштеди животот...

Свет19 часа

Тереза Меј доживеа голем пораз, парламентот го одби нејзиниот предлог за брегзит

Британските пратеници вечерва гласаа против предлогот на премиерката Тереза Меј за договор за излез на Велика Британија од Европската Унија,...

Регион19 часа

Девојче од БиХ почина од сепса предизвикана од сипаници

Деветгодишно девојче од Читлук во Босна и Херцеговина починала во неделата во болница во Задар, откако настанале компликации за време...

Регион20 часа

Приштина попушти и ги повлече даноците на дел од производите од Србија и БиХ

Привремените приштински институции одлучија да ослободат од стопроцентно зголемените даноци на дел од производите од Србија и БиХ, пренесуваат српските...

Свет21 час

(Видео) Најмалку петмина убиени во нападот на хотелски комплекс во Најроби

Најмалку пет луѓе се убиени, а четворица се повредени во напад на луксузен хотелски комплекс во Најроби, кој полицијата го...

Досие