Спорт
Валверде: Меси е добро, не сакавме да ризикуваме

Лионел Меси одигра само 30 минути синоќа против Реал, во првиот полу-финален натпревар во Купот на Кралот. По мечот кој заврши без победник (1:1), тренерот ан Барселона Ернесто Балверде рекол дека Аргентинецот нема никакви здравствени проблеми.
Лео е добро. Едноставно, во овој дел од сезоната не сакавме да ризикуваме. Имаше одредени непријатности поради што го одбравме најдобро решение“, реко, Валверде.
Валверде потоа го коментирал натпреварот и играта на Малком, кој го постигна голот за 1:1 во 57 минута.
„Ова беше тежок тест, сепак е ова посебен натпревар. Сепак тој добро се поврза со соиграчите“.
Иако 1:1 е резултат што повеќе му одговара на реал, Валверде не е загрижен пред реваншот во Мадрид (27 февруари).
„Едноставно е мораме да постигнеме гол. Се е отворено“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
РФМ ќе ги награди кадетите со 700.000 денари

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ќе ги награди кадетите за освоеното прво место на шампионатот во Летонија.
Кадетите, пред два дена, во финалето ја победија Швајцарија со 24:22, го освоија првото мести и изборија пласман на Светското првенство наредната година и Европското првенство кое ќе се одржи во 2024 година.
Кадетите и стручниот штаб, во вторникот, ги пречека првиот човек на РФМ Живко Мукаетов.
Претседателот на РФМ изјави дека ќе побара од Управниот одбор кадетите да поделат премија од 700.000 денари.
Фото/macedoniahandball.com.mk/
Спорт
Роналдо добил дозвола да го напушти Јунајтед

Манчестер јунајтед му дал дозвола на Кристијано Роналдо да си замине, пренесува talkSPORT, повикувајќи се на извори блиски до клубот . Португалецот пред еден месец побара дозвола да го напушти клубот, бидејќи Јунајтед сезонава нема да играат во Лигата на шампионите.
Незадоволен што клубот не одговори позитивно на неговото барање, тој ги пропушти практично сите подготовки и се приклучи на тимот само една недела пред почетокот на сезоната.
Во текот на целото лето се зборуваше за различни опции на кои размислува Кристијано Роналдо, се споменуваше враќање во Шпанија, па дури и во Спортинг, а пред само два дена се пишуваше дека го одбиле и двата клуба од Милано, Интер и Милан.
Незадоволството секако е големо во целиот тим на Манчестер јунајтед, се навестуваше дека цел тим сака Роналдо да си замине, а како што пишуваа британските медиуми во вторникот, клубот конечно му дал дозвола да си замине.
Прашањето е само каде може да оди и дали воопшто ќе замине.
Спорт
Суспендиран ФС на Индија

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) одлучи да го суспендира Фудбалскиот сојуз на Индија. Одлуката стапува на сила веднаш, а е донесена поради „јасно мешање на трета страна во работата на алијансата“.
ФИФА во понеделникот објави дека ќе донесе одлука за суспензија на индиската ФА и дека одлуката ќе стапи на сила веднаш по усвојувањето.
Одлуката е донесена поради „јасно мешање на трета страна во работата на здружението“, што е сериозно кршење на прописите на ФИФА.
Суспензијата значи дека на Индија ѝ е одземена организацијата на Светското првенство за жени до 17 години, кое требаше да се одржи од 11 до 30 октомври оваа година.
ФИФА ги разгледува следните чекори по ова прашање и нагласува дека е во постојан контакт со луѓето од Министерството за млади и спорт на Индија за да се отстранат причините за суспензијата.
Високиот суд на Индија во мај го распушти ФС на Индија и назначи тричлен совет да го замени бидејќи ФС на Индија го прекршил рокот од 18 месеци за спроведување избори. По сите обиди да се реши ситуацијата, ФИФА на крајот ја суспендираше индиската ФА.