Меѓународен
Валтери Ботас го наследи Нико Розберг во Мерцедес

Финецот Валтери Ботас е новиот возач на Мерцедес, објави во понеделник германскиот формула тим.
Дваесет и седумгодишниот фински возач, кој во екипата го наследи актуелниот светски шампион Нико Розберг кој се самопензионира, двапати во досегашната кариера завршил на подиумот на второто место, и тоа во 2014 година на Силверстон и на Хокенхајм.
Ботас во Формула 1 четири години помина во тимот на Вилијамс, а шефот на Мерцедес, Тото Волф, бираше меѓу него и Паскал Верлен.
На крај се одлучи за Финецот, што покрена реакција и во другите тимови.
Така, Верлен отиде во Заубер, додека местото на Ботас во Вилијамс го зазеде Фалипе Маса, кој се прости на крајот на мината сезона од натпреварувањата, но сепак одлучи повтоно да учествува./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Меѓународен
Фудбалската бајка за Меси заврши со светска титула по пенал-серијата против Франција

По едно неверојатно драматично финале, Аргентина ја освои својата трета светска титула, победувајќи ја Франција на пенали со 4:2 по неверојатните 120 минути во кои беше 3:3, за Лео Меси, конечно, да ја круниса својата фантастична кариера со најголемиот трофеј во фудбалот.
На моменти на финалето во Доха изгледаше дека Аргентинците не можат да загубат, но Франција секогаш успеваше начин да се врати, предводени од хет-трикот на Килијан Мбапе, за на крајот трофејот да се одлучува во пенал-серијата, каде што Аргентинците беа безмилосни и постигнаа четири гола, додека Кингсли Коман и Орелиен Чуамени не дадоа голови.
Аргентина имаше 2:0 водство по само 36 минути игра, откако Лео Меси со гол од пенал и „џокерот“ Анхел ди Марија ја крунисаа одличната игра и тоталната „блокада“ на Французите. Откако првпат упатија удар на голот на противникот по повеќе од час игра, Французите направија неверојатен камбек – за 95 секунди Килијан Мбапе даде два гола, еден од пенал и еден од игра, за да се отиде во продолженијата. И во продолженијата не недостасуваше драма – Лео Меси го постигна својот втор гол и до трофејот ги делеа 10-тина минути, пред да биде досуден уште еден пенал, кој Мбапе го реализираше за 3:3.
Во пенал-серијата, Мбапе повторно како прв беше прецизен, пред истото да го повтори Меси, но потоа обидот на Коман беше одбранет од Емилијано Мартинез, додека Чуамени шутна покрај голот за славје на Аргентинците.
Меѓународен
Утре почнува тенискиот турнир во Вимблдон

Од специјалниот известувач од Вимблдон
Во понеделник во Лондон започнува 135-то издание на најстариот тениски турнир Вимблдон, кој, многумина тенисери, го сметаат и за неофицијално светско првенство. Во наредните две седмици, најдобрите светски тенисери и тенисерки ќе се обидат да триумфираат во некоја од петте категории: машка, женска, игра во двојки и микс двојки.
За главен фаворит за освојување на третиот овогодишен гренд-слем турнир се смета минатогодишниот победник, Србинот Новак Ѓоковиќ, а, после него, ланскиот финалист, Италијанецот Матео Беретини. Вториот носител на турнирот, и освојувачот на двата овогодишни гренд-слемови, Рафаел Надал, доста е потценет од букмејкерите и се смета за трет кандидидат за победник на турнирот. Својот напад на седмата вимблдонска титула и 21-от гренд-слем, индиректно го најави и Новак Ѓоковиќ во изјавата за Макфакс и Топспорт дека е задоволен како му поминале подготовките, дека тие биле со ист квалитетни како и минатата година и дека се надева дека далеку ќе стигне на турнирот.
Наспроти очекувањата, како и секоја година, можни се изненадувања и некој од фаворитите да биде елиминиран од послабо рангираните тенисери, особено во првата седмица од мечевите. Таков неславен пример на последните два Вимблдона беше грчкиот тенисер Стефанос Циципас, кој, иако доаѓаше на турнирот рангиран меѓу првите десет тенисер, испаѓаше уште во првото коло. Шанса за успех за тенисерите од сенка да направат изненадување се гледа и во одлуката на организаторот да не им дозволи да настапуваат претставниците од Русија и Белорусија, така што првопласираниот на АТП листата, Русинот Даниел Медведев нема да биде присутен на зелените терени, исто као и второпласираниот, Германецот Александар Зверев, кој, поради повреда во полуфиналето на Роланд Гарос, исто така, ќе биде отсутен. Иако далеку од некогашната форма, своја желба да игра во финалето, најави и миленикот на домашната публика Енди Мареј.
Во женска конкуренција, најмногу шанси ѝ се даваат на првата тенисерка на светот Иги Швојтек од Полска, додека далеку зад неа се шампионката од 2019., Романката (со македонски корени), Симона Халеп и седмократната победничка на Вимблдон, Серана Вилијамс од САД. Женската конкуренција е далеку понепредвидлива од машката, така што можни се непредвидливи мечеви уште од првиот ден, па до самото финале.
Како и минатата година, единствен претставник од С. Македонија ќе биде осумнаесетгодишниот Калин Ивановски, кој ќе настапи во јуниорска конкуренција.
Наградниот фонд оваа година е зголемен на рекордни 40,35 милиони фунти, што е за 11 посто повеќе од 2021., кога тој изнесуваше 38 милиони фунти. Победниците во поединечна машка и женска конкуренција ќе добијат по два милиони фунти (2,35 милиони евра). Паричната награда е и единствеата сатисфакција за играчите, бидејќи оваа година асоцијациите АТП и ВТА нема да доделуваат поени на тенисерите и тенисерките, поради одлука на организаторите на Вимблдон да им забранат учество на натпреварувачите од Русија и Белорусија.
Од најпрестижниот тениски турнир ќе известуваат околу 550 новинари од над 50 земји. Како и на Вимблдон во 2019. и 2021., и оваа година Макфакс и Топспорт ќе имаат свој известувач од сите четиринаесет дена додека се одржува турнирот.
Ненад Живановски
Меѓународен
Бугарски фудбалер со нагмечен череп по судир на репрезентативните автобуси во Грузија

Бугарскиот фудбалер Тодор Неделев е тешко повреден во сообраќајна несреќа која неговата репрезентација ја доживеа синоќа во Тбилиси, Грузија.
На пат кон хотелот во Тбилиси, во пресрет на натпреварот меѓу Грузија и Бугарија во Лигата на нации, еден автобус на бугарската репрезентација удрил во друг поради преголемата брзина и лизгавиот коловоз.
#BREAKING The buses of the ?? Bulgarian national football team crashed into each other after leaving the airport in Tbilisi.
A Bulgarian player Todor Nedelev was reportedly hospitalized. pic.twitter.com/wSWyCYrFiC
— Visioner (@visionergeo) June 10, 2022
Со предниот десен крај, тој удрил во задниот дел од автобусот пред него, при што черепот на Неделев бил нагмечен, па тој бил итно пренесен во болница. Според првичните информации, фудбалерот е надвор од животна опасност и лекарите веруваат дека ќе закрепне.
Во 3. коло од Лигата на нации, Бугарија сензационално испушти бодови од Гибралтар играјќи 1:1. Репрезентацијата потоа отпатува за Грузија, каде утре треба да игра против тамошната репрезентација, но доживеа несреќа која веројатно нема го одложи натпреварот.