Контакт

Спорт

Вардар во неизвесен меч го реши Железничар во СЕХА со 22:24

Ракометарите на скопски Вардар во рамки на 11. коло од СЕХА лигата забележаа важна победа против Железничар во Ниш со 22:24.
Натпреварот беше неизвесен до самиот крај, а последниот 24-ти гол за Вардар беше дело на Игор Караџиќ на 6 секунди пред крајот…

Објавено пред

Ракометарите на скопски Вардар во рамки на 11. коло од СЕХА лигата забележаа важна победа против Железничар во Ниш со 22:24.

Натпреварот беше неизвесен до самиот крај, а последниот 24-ти гол за Вардар беше дело на Игор Караџиќ на 6 секунди пред крајот, за заверка на победата на фаворитот.

Најефикасен кај гостинскиот тим беше Дисингер со 5 погодоци, Чупиќ и Кристопанс постигнаа по 4 гола, а Кисељев постигна три погодоци, голманот Милосављев имаше 9 одбрани.

Кај домаќините најефикасни беа Александар Павловиќ и Предраг Вејин со по 4 погодоци.

Со оваа победа Вардар се враќа на лидерската позиција во СЕХА лигата со 27 подови, пред Татран Прешов кој останува на втората позиција со 24 бода.

Железничар чиј тренер е Веселин Вујовиќ по ова кола останува на 8. позиција на табелата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Реал го победи Баерн и го држи чекорот со Фенер и ЦСКА (видео)

Објавено пред

Реал Мадрид синоќа во 23. коло од Евролигата го совлада Баерн Минхен со 91-78.

„Кралевите“ на полувреме заминаа со +3, но во третата четвртина заиграа фуриозно и овој период од мечот го добија со +16, па последниот период беше само формалност.

Со новата победа на Реал, тие го држат чекорот Фенербахче и ЦСКА Москва.

Панатинаикос пак пред своите гледачи немаше проблеми против руски Химки и извојуваше победа со 94-85.

Прикажи повеќе...

Спорт

„Ѓаволите“ прскаа лук на „Олд Трафорд“ против „црвените“ од Ливерпул (видео)

Објавено пред

Теренот на „Олд Трафорд“ во Манчестер се прска со лук. Ова не е магија на „ѓаволите“, туку тоа се правело за паразитите да не ја уништуваат тревата. Информациите од Англија се дека ваквото прскање се прави еднаш неделно.

Теренот на „Олд Трафорд“ се подготвува за утрешното дерби во Премиер лигата меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул.

Информациите од Островот се дека миризбата од лукот по прскањето се чувствува дури на 600 метри од стадионот.

Прикажи повеќе...

Спорт

Неагу бара плата од 30.000 евра или си оди од ЧСМ Букурешт

Објавено пред

Најдобрата светска ракометарка во моментов, Романката Кристина Неагу бара повисока плата за да остане во тимот на ЧСМ Букурешт. Неагу побарала клубот нејзината сегашна месечна плата од 22.000 евра да биде зголемена на 30.000 евра доколку романскиот шампион сака и понатаму да ги има нејзините услуги.

Челниците на клубот се изненадени од односот на ракометарката.

„Од почит кон фановите на нашиот тим, но и на романскиот ракомет, повторно правиме напори да ја задржиме Кристина Неагу во Романија, односно во ЧСМ Букурешт” – соопштија од клубот.

ЧСМ ќе и понуди нов договор на Неагу, сличен на претходниот, но без повисока плата, најавија од клубот.

Неагу засега сеуште е надвор од терените поради повредата што ја заработи на ЕП.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ11 минута

Прегазена жена на улица во Скопје, возачот е непознат

(Фото: Илустрација) Седумдесет и двегодишна жена почина по удар од автомобил во Скопје. Како што соопшти полицијата вчера во жената...

Топ22 минути

Aвтомобил излета од патот, потешко повредени три млади лица

Утрово по полноќ, на крстосницата од регионалниот пат Куманово-Свети Николе се преврте патничко возило управувано од 26-годишно лице од Скопје....

Свет30 минути

Tрамп ќе стави вето на резолуцијата за блокада на вонредната состојба

Претседателот на САД, Доналд Трамп рече дека ќе стави вето на резолуцијата која би го блокирала неговото прогласување на вонредна...

Регион1 час

„Франкфуртер Рундшау“: ЕУ и САД договорија поделба на Косово

ЕУ и САД го усогласија текстот на договорот за решевање на косовското прашање што предвидува поделба на Косово и размена...

Македонија2 часа

За опозицијата не е доволна оставката на Котевски, бараат оставки од Заев и Дескоска

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение го коментира физичкиот инцидент што пред два дена се случи во затворот Скопје и бара од премиерот...

Македонија3 часа

Продолжува расправата за одземање на имунитетот на Вељаноски

Денеска напладне треба да продолжи седницата на собраниската Комисија за деловничко-мандатни и имунитетни прашања, на чиј дневен ред е барањето...

Крвав четврток16 часа

Одобрен куќен притвор за Јанакиески, Ристовски останува во Шуто Оризари

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе одлука со која...

Свет18 часа

Јапонски министер се извини поради триминутно доцнење на состанок

Јапонскиот министер Јошитака Сакаруда, задолжен за Олимписките игри во Токио 2020 година, јавно се извини бидејќи вчера задоцни три минути...

Топ19 часа

Во нива во Волково најдено мртво тело на 29-годишна скопјанка

МВР соопшти дека утрово во 9.50 часот било пријавено дека има починато женско лице во нива што се наоѓа во...

Македонија20 часа

Мајката на исчезнатиот Пино најави протест пред Собрание

Мајката на 26-годишниот Пино Секондо, Маја Трпковска, за во понеделник пред Собранието, со почеток во 16:30 часот, најави протест со...

Интервју/Дебата20 часа

(ИНТЕРВЈУ) Силјановска: Ме болат навредите, но јас сум инает и бунтовник

Кандидатката за претседател зад која застана опозициската ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска-Давкова, предизвика различни реакции во јавноста по објавувањето и изборот...

Македонија20 часа

Судска медицина: Не се вадени органи кај починатите лица

Институтот за судска медицина ги демантира шпекулациите во јавноста дека на некои од починатите лица кои претходно беа пријавувани за...

Македонија21 час

„Ги поминаа границите“ – директорот на СОЗР во Владата им забрани „Фејсбук“ на вработените

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) во Владата, Пеце Мирчески, им забранил пристап до „Фејсбук“, „Инстаграм“ и...

Крвав четврток22 часа

На 15 март пресуда за крвавиот четврток

Претседателката на Судечкиот совет, кој го води случајот за насилствата од 27 април, Добрила Кацарска, следното рочиште на кое ќе...

Македонија22 часа

(Видео) Котевски: Одговорен човек сум, во понеделник поднесувам оставка

Директорот на КПУ „Скопје“, Ѓоко Котевски, пред новинарите рече дека во понеделник ќе поднесе оставка на функцијата поради физичкиот инцидент...

Македонија23 часа

(Видео) Пратеничките Лашкоска и Манаскова обвинија дека Мисовски им се заканува со камен

Пауза на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека пратеникот од НСДП, Горан Мисовски, им се...

Македонија23 часа

(Видео) Александрова: Бараме домашен притвор за Јанакиески и Ристовски

Пратеничката Емилија Александрова од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ вчерашниот инцидент во затворот во Шуто Оризари го нарече настан без...

Македонија1 ден

Новини во системот „Мој термин“, се воведуваат два нови упати, „итен 24“ и „упат без термин“

Министерството за здравство и Управата за електронско здравство воведуваат новини во националниот систем Мојтермин со цел, како што велат од...

Македонија1 ден

Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари

Премиерот Зоран Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, по вчерашните вербални и физички напади...

Македонија1 ден

Момче почина од сепса по операција на хемороиди

Синоќа младо момче почина откако било донесено на скопските клиники каде што докторите констактирале дека има сепса. Според извори од...

Досие