Контакт

Спорт

Вардар не е меѓу фаворитите за пласман на Ф4

Најдобриот европски клупски ракомет се враќа на терените по паузата што беше направена поради Светското првенство во ракомет. Единаесеттото коло ќе го отворат Рајн Некар и Вардар, натпреварот во Мајнхајм ќе започне во 19 часот. Пред стартот на вториот дел од сезоната, луѓето од Европската ракометна федерација (ЕХФ), на официјалната страница на Лигата на шампионите, […]

Објавено пред

Најдобриот европски клупски ракомет се враќа на терените по паузата што беше направена поради Светското првенство во ракомет. Единаесеттото коло ќе го отворат Рајн Некар и Вардар, натпреварот во Мајнхајм ќе започне во 19 часот.

Пред стартот на вториот дел од сезоната, луѓето од Европската ракометна федерација (ЕХФ), на официјалната страница на Лигата на шампионите, направија анализа во која се занимаваат со шансите на тимовите за пласман на завршниот турнир во Келн.

Вардар, во оваа анализа, го нема меѓу најдобрата четворка.

„Вардар 2018 година ја заврши пред екипите кои се во трката за второто место во А-групата. За да остане таму ќе мора да биде во топ форма. Рожерио Мораеш нема да игра и тоа е единственото отсуство во скопскиот тим кој ќе се обиде да ја најде брилијантната форма од почетокот на сезоната“, пишува во анализата.

Инаку, вечерва против Рајн Некар покрај Мораеш, во тимот ќе го нема и Вуко Борозан. Црногорецот исто така се рехабилитира од повредата.

Вардар последните две години играше на завршниот турнир, во 2017 црвено-црните ја освоија титулата, а на лани завршија на четвртото место. Црвено-црните се на петтото место во оваа анализа.

Според ЕХФ најголеми фаворит за пласман на завршниот турнир се лидерите во групите Пари Сен Жермен и Барселона. Овие две екипи по одиграни десет натпревари имаат по девет победи и еден пораз.

Зад ПСЖ и Барселона се унгарскиот шампион Пик Сегед и вечерашниот противник на Вардар, Рајн Некар.

Зад Вардар, ЕХФ ги рангираше Веспрем, Фленсбург, ППД Загреб, Кјелце и Нант.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Спорт1 час

(Видео) Гаштаров избори пенал, Црвена звезда го победи Партизан

Црвена звезда го победи Партизан со 2:1, во јубилејното 180-то вечно дерби. Дури и најбрзиот гол во историјата не им...

Свет2 часа

Победата на АфД ја тресе Германија: Мерц пред тежок политички тест

Убедлива победа за Алтернатива за Германија (АфД) и тежок пораз за Христијанско-демократската унија (ЦДУ) – изборите во Саксонија-Анхалт би можеле...

Свет2 часа

(Видео) „Боинг 767“ излета од пистата во Мајами и заврши на пат

Товарен авион „боинг 767“ излета од пистата при слетување на Меѓународниот аеродром во Мајами и заврши на пат надвор од...

Спорт2 часа

Турските одбојкарки ја одбранија европската титула

Турската женска одбојкарска репрезентација, на домашен терен, ја одбранија континеталната титула. Избраниците на селекторот Даниеле Сантарели го победија големиот ривал...

Свет2 часа

Зеленски: Можни се нови преговори со Русија, за териториите мора да разговараат лидерите

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека е можно продолжување на преговорите меѓу Украина и Русија, но дека клучните прашања, вклучително...

Забава2 часа

Проверете ги пораките и сметките: Три знаци може да ги израдуваат пари до 15 септември

Според астролошките предвидувања, три хороскопски знаци би можеле да имаат особено поволен финансиски период до 15 септември. Биковите, Стрелците и...

Забава2 часа

Бјанка Ценсори откри што мисли за голотијата и дали Канје ѝ кажува што да носи

Австралиската уметница Бјанка Ценсори за првпат отворено проговори за својот имиџ, односот кон голотијата и модните комбинации со кои веќе...

Македонија2 часа

Активен пожарот кај Стенковец, избувнаа уште два кај Кондово и Ѓорче Петров

Пожарот кај Стенковец сè уште е активен, а скопските пожарникари се на терен и го гаснат, информира вечерва директорот на...

Македонија3 часа

Ставен под контрола пожарот што се закануваше кон Милетино

Пожарот кај Милетино, во Општина Брвеница, е ставен под контрола, откако во неговото гаснење беа ангажирани два „ер трактори“ и...