Контакт

Меѓународен

(Видеоанкета) Еуфоријата во Мадрид расте: Изненадување е враќањето на Ливерпул, но ќе победи Тотенхем

Објавено пред

Еуфоријата во Мадрид расне, а остана уште еден ден до големото финале од Лигата на шампионите каде силите ќе си ги одмерат тимовите на Ливерпул и Тотенхем. Неизвесно е кој ќе издвои победа, но поддржувачи од целиот свет ќе ги бодрат на стадинот во Мадрид. Низа настани се одвиваат пред почетокот на големото финале, од фестивали до спортски активности. Фан-клубови се поставени на неколку плоштади.

Градот се полни, најбројни се Англичаните, но доаѓаат фанови и од други држави, како Австралија, Франција, Холандија, Америка и други држави. Слободното време пред натпреварот го користи за посета на знаменитостите низ градот, но и за купување дресови и навивачки реквизити од официјалните продавници на УЕФА.

Навивачите на Ливерпул велат дека нивниот тим е без конкуренција, а играчите се неверојатно добри.

„Јас сум од Ливерпул и секогаш сум го поддржувал Ливерпул. За мечот в сабота, мислам 2:0 за Ливерпул. Причина – можат да продолжат одлично како и во текот на сезоната, за да можеме да прославувамe“, вели еден од фановите.

Низ улиците можат да се забележат и познати фудбалерски имиња. На плоштадот Плаза Мајор во Мадрид беше фудбалерот Фернандо Мориентес, кој се дружеше со фановите. Мориентес играше за Реал Мадрид, Монако, Ливерпул и Валенсија.

За некои од навивачите, изненадувачко е враќањето на Ливерпул по мечот со Барселона. Но и покрај ова, тие ќе го бодрат Тотенхем.

„Дојдов да го гледам финалето, ќе биде забавно да се гледа, убеден сум. Мислам дека Тотенхем ќе издвои победа. Ги сакам многу повеќе играчите, имаат многу подобра основа и подлабока поставеност, така што мислам дека ќе го добијат овој меч. Ќе биде неизвесно, но се надевам 3:2, со многу голови“, смета фанот на Тотенхем.

Мадрид овие денови е центар на фудбалскиот свет, а сите со нетрпение го очекуваат финалето од Лигата на шампионите. Мечот меѓу Ливерпул и Тотенхем ќе се игра в сабота од 21 часот на арената „Ванда Метрополитано“. Билетите се целосно распродадени, а оние кои не набавиле на време, купуваат од црниот пазар по високи цени кои достигнуваат до 10 илјади фунти.

Од Мадрид за „Макфакс“, Кристијан Ландов

Меѓународен

Братот на НБА-ѕвездата Јокиќ уапсен во Денвер

Објавено пред

Братот на кошаркарската ѕвезда Никола Јокиќ, Страхиња (37), бил уапсен во Денвер под сомнение дека нападнал една жена.

Како што објави „Денвер пост“, Страхиња бил пијан кога во апартман нападнал една жена, која се обидела да избега, но тој не ѝ го дозволил тоа. Таа потоа излегла на балконот барајќи помош, но братот на кошаркарот ја нападнал и почнал да ја дави.

Таа не успеала да се јави во полиција бидејќи Јокиќ ѝ го одзел телефонот.

Таа сепак преку компјутер успеала да алармира еден свој пријател, кој ја известил полицијата.

Портпаролката Керолајн Тајлер изјавила дека обвинителството ги прифатило обвинувањата за напад од втор степен.

Инаку, кошаркарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, има двајца постари браќа, кои живеат со него во САД. Никола многупати го истакнувал нивното влијание во неговата професионална кариера. Браќата на Јокиќ не пропуштаа ниту еден негов натпревар во НБА.

Прикажи повеќе...

Меѓународен

Побрз од Формула 1 – Фолксваген ID.R со нов рекорд на Гудвуд

Објавено пред

Првиот електричен тркачки автомобил кој e побрз од Формула 1, Фолксваген ID.R повторно ја промени историјата на мотоспортот со поставување нов рекорд на овогодишниот Гудвуд фестивал на брзината.

Роман Думас ја заврши патеката од 1,86 километри на југот од Англија за само 39,90 секунди.

Притоа, електричниот тркачки автомобил со моќност од 500 kW (680 PS) го собори минатиот рекорд, кој траеше 20 години, за 1,7 секунди. Тој исто така ја освои победата во неделата.
Претходниот рекорд на познатото искачување беше поставен во 1999 година од Ник Хајдфелд и неговиот Ф1 McLaren-Mercedes MP4/13 со 574 kW (780 КС) со мотор со внатрешно согорување.

„Во поставувањето на новиот рекорд на Гудвуд фестивал на брзината, ID.R уште еднаш покажа дека електричниот погон на Фолксваген може да ги надмине дури и најмоќните конвенционални погонски мотори“, рече директорот на „Фолксваген моторспорт“, Свен Шмет.

„Ромен Дума го искористи целиот потенцијал на ID.R на оваа кратка, на незгодна патека. По победата на Pikes Peak и рекордот на Nürburgring-Nordschleife, тој сега постигна уште една пресвртница за електромобилноста. Тоа беше моќна изведба од целиот наш тим, кој имаше само многу кратко време, за да добиете лесна варијанта на ID.R и да настапи на Фестивалот на брзината“.

„Многу сум горд што го поставив рекордот во Гудвуд со ID.R. Краткото искачување е многу посебен предизвик. Бидејќи патеката е толку кратка, не можев да си дозволам да направам дури ни најмала грешка и секој аспект на фино подесување на ID.R мораше да биде совршен. Тоа беше особен предизвик, бидејќи не можевме да го тестираме на пат претходно“, рече Ромен Дума, кој претходно ја освои севкупната победа со електричниот рекорд на истото место во 2018 година.

„Фолксваген моторспорт“ систематски го модифицира ID.R за нејзиното натпреварување на Гудвуд фестивалот на брзината. Меѓу другото, најновата еволуција на електричниот тркачки автомобил беше полесна отколку кога ги постави рекордите за Pikes Peak и во Nürburgring.

„Ние користевме помала батерија отколку во Nürburgring и ја оптимизиравме моќноста. Како таква, новата спринт верзија на ID.R тежи помалку од 1.000 килограми“, изјави Франсоа-Ксавиер Демасон, технички директор на „Фолксваген моторспорт“.

ID.R, исто така, го заврши своето рекордно возење без системот за намалување на воздушен отпор (DRS) кој беше дизајниран за брзите делови на Nürburgring, бидејќи карактеристиката на патеката во Гудвуд го направи ова да биде непотребно.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Меѓународен

Светскиот број еден, Новак Ѓоковиќ, ексклузивно од Вимблдон за „Макфакс“

Објавено пред

Утре (1 јули) во Лондон започнува 133. издание на најстариот тенискиот турнир Вимблдон, кој важи и за неофицијално светско првенство. Во наредните две седмици, најдобрите светски тенисери и тенисерки ќе се обидат да триумфираат во некоја од петте категории: машка, женска, игра во двојки и микс двојки.

Главен фаворит за освојување на третиот овогодишен Гренд Слем турнир е минатогодишниот победник, Србинот Новак Ѓоковиќ, а после него најмногу шанси му се даваат на Швајцарецот Роџер Федерер.

Известувачот на „Макфакс“ имаше можност да добие кратка изјава од Ѓоковиќ.

Запрашан дали чувствувал поголем ментален притисок минатата година, кога на турнирот дошол како 15-рангиран или оваа година кога е главен фаворит, бранителот на титулата Новак Ѓоковиќ одговори:

„Минатата година чувствував посилен притисок, иако тогаш бев надвор од 15-те најдобро рангирани играчи на светот, што лично за мене беше помал притисок, меѓутоа луѓето околу мене имаа очекувања да стигнам далеку на турнирот. Секако дека притисокот и очекувањата секогаш се присутни, меѓутоа годинава постои мала разлика во однос на минатата година бидејќи лани ми требаше да освојам еден таков голем трофеј, за да направам голем отскок како би ја повратил самодовербата“.

За сѐ поизразената јавна нетрпеливост на Австралиецот Ник Кириос кон светскиот број еден, го прашавме популарниот Ноле доколку би му се обратил Ник Кириос за совет, што би му рекол?

„Зависи што би ме прашал, но секако дека би му одговорил на прашањето. Меѓутоа, како сега стојат работите не очекувам дека би ми се обратил за совет. Но, ќе видиме – никогаш не се знае“, одговори Ѓоковиќ.

Ненад Живановски

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

Турција ги предупреди САД: Исполнете ги своите обврски или ја обновуваме операцијата во Сирија

Турскиот министер за одбрана, Хилуси Акар изјави дека турската војска е подготвена да ја обнови операцијата „Извор на мир“ во...

Свет10 часа

Џонсон: Предлог законот за брегзит ќе го испратам во парламентот идната недела

Британскиот премиер Бори Џонсон им порача на пратениците дека од Брисел нема да бара ново одлагање. Тој треба да побара...

Свет10 часа

Одложено конечното решавање на брегзит

Британските пратеници усвоиjа амандман со кој се бара одложување на гласањето за договорот за брегзит. За одлуката за пролонгирање на...

Топ11 час

Во стан во Карпош пронајден мртов маж

Во стан на ул.„Вич“ во скопската населба Карпош, вчера утрото бил пронајден починат 54-годишнен маж, М.Ш., соопшти МВР. По наредба...

Македонија12 часа

(Видео) Мицкоски: Очекувам да се договориме за избори, ако Заев не се премисли

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека очекува утре на лидерската средба да биде постигнат договор за предвремени парламентарни избори,...

Македонија15 часа

(Видео) Заев предлага предвремени избори што е можно побрзо

Премиерот Зоран Заев предлага одржување на предвремени парламентарни избори што е можно побрзо. Во своето прво обраќање откако Европската Унија...

Вести15 часа

(Видео) Вонредна состојба во Чиле по насилните протести поради поскапувањето на јавниот превоз

Чилеанскиот претседател, Себастијан Пинера, прогласи вонредна состојба во Сантијаго откако во градот со шест милиони луѓе синоќа избувнаа немири во...

Македонија16 часа

Инспекциски надзор во училиштето во Гостивар каде учениците ја поздравија воената операција во Сирија

Во основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ во Гостивар, каде што учениците со војнички поздрав ја поздравија турската офанзива во Сирија,...

Македонија16 часа

Измама во ФК Куманово 1903, претседателот затаил данок од речиси милион денари

Полицијата поднесе кривична пријава против претседателот на правното лице „Фудбалски клуб Куманово 1903“, против сметководителка и против правното лице Здружение...

Свет16 часа

Почна најдолгиот лет во светот, научници го следат однесувањето на патниците

Авиокомпанијата „Квантас“ вчера вечер го почна најдолгиот комерцијален лет во светот што ќе ги поврзе Њујорк и Сиднеј и ќе...

Економија18 часа

Светска банка ќе даде поддршка од 120 милиони долари за финансирање на пет проекти

Светска банка ќе даде поддршка од околу 120 милиони долари за финансирање на пет проекти со кои ќе се подобри...

Европа18 часа

(Видео) Полицијата ја презеде контролата над улиците во Барселона, уапсени 27 лица

Каталонската и шпанската полиција ја презедоа контролата над улиците во Барселона и другите каталонски градови по синоќешните насилни протести. Полицијата...

Македонија18 часа

САД: Разочарани сме од одлуката на ЕУ за Северна Македонија

САД изразија разочараност затоа што Европскиот совет не додели датум за преговори за Северна Македонија и за Албанија.Стејт департментот наведува...

Спорт1 ден

Батистута повторно на операција: Ги молев лекарите да ми ги ампутираат нозете

Аргентинската фудбалска легенда, Габриел Батистута открива дека ги молел лекарите да му ги ампутираат нозете по големите проблеми со повредите...

Македонија1 ден

Хелсиншки бара казна за училиштето во Гостивар каде деца со војнички поздрав ја поддржаа офанзивата во Сирија

Хелсиншкиот комитет остро го осудува злоупотребувањето на учениците од гостиварското основно училиште Мустафа Кемал Ататурк за политички цели. На 17.10.2019...

Македонија1 ден

Ципрас: Понекогаш европските вредности се посилни на Балканот, отколку во Европа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас го осуди фактот дека лидерите на земјите-членки на ЕУ не успеаја да се постигнат согласност...

Култура1 ден

Министерството за култура го осуди вандализмот, бара да се заштити Аквадуктот

Министерството за култура енергично го осудува вандалскиот чин на оштетување на Аквадуктот, коj е дел од културно наследство, при што...

Македонија1 ден

(Видео) Интервју со Села: 18 години не одговарал ниеден функционер од ДУИ

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во интервју за „Макфакс“ рече дека не може да се оочекува ЕУ да...

Македонија1 ден

Влада: Во тек се консултации, Заев носи одлуки во интерес на граѓаните и државата

Во тек се интензивни консултации после заклучоците на Европскиот совет, премиерот Зоран Заев носи одлуки водејќи се исклучиво од интересите...

Македонија1 ден

Лидерската средба ќе се одржи в недела во вилата на Водно

На иницијатива на претседателот Стево Пендаровски, в недела – 20 октомври во кабинетот на претседателот во „Вилата Водно“, со почеток...

Досие