Контакт

Домашен

(Видео) Елмас постигна спектакуларен погодок на тренинг на репрезентацијата

Објавено пред

Фудбалерот Ељиф Елмас на денешниот тренинг на македонската репрезентација во пресрет на дуелот со Словенија, потврди дека е мајстор за постигнување погодоци од невозможни позиции.

Тој со неверојатно ефе од зад гол ја смести топката во мрежата.

Елмас и пред неколку недели изведе мајсторија на тренинг на неговиот клуб Наполи.

Репрезентацијата се подготвува за утрешниот клучен натпревар од квалификациите за ЕП, против Словенија, кој се игра на арената „Тодор Проески“ од 20:45 часот.

Домашен

Давид Малиновски со премиерна победа на TWINGO CUP

Објавено пред

По доминацијата на Мартин Делев изминатите три трки, денеска, на патеката „Ушче“ во Белград, триумф на Давид Малиновски во рамките на TWINGO CUP.

Малиновски до победата дојде со вкупно време од 33:18,951 минути пред Емил Нацка, кој доцнеше само 0,226 секунди. Место на подиумот имаше и за третопласираниот Слободан Трајковски.

Трикратниот победник сезонава, Делев, во Белград финишира на четвртото место, а петти беше Иван Стефановски.

Тројца возачи не ја завршија трката, а тоа се Томас Трајановски, Александар Кочевски и Ангелче Стојковски.

TWINGO CUP продолжува со петтата трка сезонава, што ќе се одржи во Кичево од 20 до 22 септември.

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Домашен

Александар Кирковски успешно се искачи на еден од најтешките алпски врвови Вајсхорн

Објавено пред

Македонскиот планинар Александар Кирковски вчера успешно и во соло стил се искачи на еден од најтешките алпски врвови, Вајсхорн 4506 мнв во Швајцарија. Искачувањето на врвот започнува со долг пристап од селото Ранда до планинарскиот дом “Weisshorn Hutte” на 2900 мнв, а потоа до врвот се совладуваат 1600 висински метри со значајна техничка тежина од карпи, снег и лед. За овој потфат на Кирковски му биле потребни 11 и пол часа.

Ова претставува само второ македонско искачување на врвот Вајсхорн, а прво кое е реализирано целосно самостојно (соло) што во планинарењето и алпинизмот се смета за најкомплексен начин. Акцијата е дел од програмата на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.

Прикажи повеќе...

Домашен

Македонец постави рекорд за првпат во историјата на ридско-брзинските трки на Водно

Објавено пред

Изминатиов викенд на Водно се одржа 37. Меѓународниот ридски натпревар во автомобилизам кој се бодува за ФИА централноевропската зона.

На натпреварувањето, кое се одржа вчера, македонскиот најуспешен натпреварувач и европски шампион во трките од оваа категорија, Игор Стефановски – Иџе, постигна рекорд од 02:02:09. Постигнатото време е за две секунди подобро од последниот рекорд.

Интересно е тоа што за првпат во историјата на ридско-брзинските трки на Водно Македонец е сопственик на поставен рекорд.
Според шампионот Стефановски, конечно е исполнет сонот. Постигнат е долго посакуваниот рекорд.

„Ми беше криво што натпреварувачи од други земји го имаа рекордот на патеката што беше главна за моите почетоци во автомобилскиот спорт. Јас го имав македонскиот рекорд, но не и севкупниот рекорд на оваа патека. Конечно мисијата е завршена. Јас како Македонец сум горд што го имам и македонскиот, но и рекордот на оваа патека воопшто. Им се заблагодарувам на луѓето од мојот тим. Тие овозможија овој автомобил, кој е подготвен за друг вид натпреварување, да се приспособи за да можам да настапам на оваа трка“, рече Иџе.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија53 минути

Лидерска средба без меѓународен фактор за првпат од независноста

Лидерската средба организорана од Претседателот на државата, Стево Пендаровски денеска во 17 часот, е првата средба во овој формат од...

Македонија2 часа

Пановски: „Ла Верита“ пишува глупости, Заев не барал одмрзнување на 750.000 евра

Обвинителот во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал, Наум Пановски ги демантира пишувањата на италијанскиот весник „Ла Верита“ за инволвираност...

Свет4 часа

(Видео) Тестиран првиот лет во историјата од Њујорк до Сиднеј без прекин

Авион на австралискиот авиопревозник по 19 часа и 16 минути лет, утрово успешно слета во Сиднеј. Тоа беше прв нон-стоп...

Свет4 часа

Трамп ја повлече одлуката самитот на Г7 да се одржи во неговиот хотел на Флорида

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече одлуката следниот амит на Г7 да се одржи во неговиот хотел „Дорал“ во близина...

Свет5 часа

Турција планира да врати два милиони бегалци во Сирија

Портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, изјави дека Турција сака силите на сириската Влада да се повлечат од пограничното подрачје,...

Македонија5 часа

Лидерите на средба кај Пендаровски за предвремени парламентарни избори

Лидерите на најголемите политички партии денеска попладне во вила Водно ќе имаат лидерска средба, на која повика претседателот Стево Пендаровски...

Свет5 часа

Туск доби писмо од Џонсон за одлагање на брегзит

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск потврди дека синоќа добил писмо од британскиот премиер Борис Џонсон во кое се бара...

Свет5 часа

Во Барселона повторно судири меѓу полицијата и демонстрантите

Во Барселона синоќа продолжија судирите помеѓу полицијата и демонстрантите, откако Мадрид го одби барањето на каталонскиот лидер, Квим Тора, кој...

Свет18 часа

Турција ги предупреди САД: Исполнете ги своите обврски или ја обновуваме операцијата во Сирија

Турскиот министер за одбрана, Хилуси Акар изјави дека турската војска е подготвена да ја обнови операцијата „Извор на мир“ во...

Свет21 час

Џонсон: Предлог законот за брегзит ќе го испратам во парламентот идната недела

Британскиот премиер Бори Џонсон им порача на пратениците дека од Брисел нема да бара ново одлагање. Тој треба да побара...

Свет21 час

Одложено конечното решавање на брегзит

Британските пратеници усвоиjа амандман со кој се бара одложување на гласањето за договорот за брегзит. За одлуката за пролонгирање на...

Топ22 часа

Во стан во Карпош пронајден мртов маж

Во стан на ул.„Вич“ во скопската населба Карпош, вчера утрото бил пронајден починат 54-годишнен маж, М.Ш., соопшти МВР. По наредба...

Македонија24 часа

(Видео) Мицкоски: Очекувам да се договориме за избори, ако Заев не се премисли

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека очекува утре на лидерската средба да биде постигнат договор за предвремени парламентарни избори,...

Македонија1 ден

(Видео) Заев предлага предвремени избори што е можно побрзо

Премиерот Зоран Заев предлага одржување на предвремени парламентарни избори што е можно побрзо. Во своето прво обраќање откако Европската Унија...

Вести1 ден

(Видео) Вонредна состојба во Чиле по насилните протести поради поскапувањето на јавниот превоз

Чилеанскиот претседател, Себастијан Пинера, прогласи вонредна состојба во Сантијаго откако во градот со шест милиони луѓе синоќа избувнаа немири во...

Македонија1 ден

Инспекциски надзор во училиштето во Гостивар каде учениците ја поздравија воената операција во Сирија

Во основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ во Гостивар, каде што учениците со војнички поздрав ја поздравија турската офанзива во Сирија,...

Македонија1 ден

Измама во ФК Куманово 1903, претседателот затаил данок од речиси милион денари

Полицијата поднесе кривична пријава против претседателот на правното лице „Фудбалски клуб Куманово 1903“, против сметководителка и против правното лице Здружение...

Свет1 ден

Почна најдолгиот лет во светот, научници го следат однесувањето на патниците

Авиокомпанијата „Квантас“ вчера вечер го почна најдолгиот комерцијален лет во светот што ќе ги поврзе Њујорк и Сиднеј и ќе...

Економија1 ден

Светска банка ќе даде поддршка од 120 милиони долари за финансирање на пет проекти

Светска банка ќе даде поддршка од околу 120 милиони долари за финансирање на пет проекти со кои ќе се подобри...

Европа1 ден

(Видео) Полицијата ја презеде контролата над улиците во Барселона, уапсени 27 лица

Каталонската и шпанската полиција ја презедоа контролата над улиците во Барселона и другите каталонски градови по синоќешните насилни протести. Полицијата...

Досие