Спорт
(Видео) Никогаш поемотивен Ѓоковиќ за пензионирањето на Надал: „Шок – дел од мене замина со него“

Новак Ѓоковиќ ги продолжи победите на Мастерсот во Шангај.
Четвртиот светски рекет имаше многу работа, но на крајот го совлада 19-годишниот Чех Јакуб Меншик со 6:7 (4), 6:1, 6:4.
Новак на теренот остана 140 минути, а по мечот беше прашан уште еднаш да ја прокоментира одлуката на Рафаел Надал да се пензионира.
“A big part of me left with them” 🥹
Novak Djokovic on Nadal’s retirement announcement @DjokerNole #RolexShanghaiMasters pic.twitter.com/Y5UtOThfg8
— Tennis TV (@TennisTV) October 11, 2024
„Оставив објава на Инстаграм, мислев на секој збор што го напишав. Тој е мојот најголем ривал, тоа имаше најголемо влијание врз мене и мојата кариера. Знаевме дека тој момент ќе дојде наскоро, порано или подоцна, но повторно, тоа е шок. Истот како и со Роџер и Енди, тоа е шок. Не знам што да мислам за тоа, голем дел од мене отиде со него. Лоши вести за светот на тенисот, тој беше инспирација за милиони деца ширум светот. Мора да биде горд на својата кариера“, изјави Ѓоковиќ.
Српскиот тенисер во сабота во полуфиналето ќе игра по десетти пат против Американецот Тејлор Фриц.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Го добивме најмладиот стрелец во историјата на европските натпреварувања

Фудбалерите на Шамрок приредија вистинска сензација со гостинската победа во Молде, во првиот натпревар од плеј-офот за осминафиналето на Конференциската лига.
Иако беше постигнат само еден гол, тој влезе во историјата на натпреварувања под капата на УЕФА.
Имено, стрелецот Мајкл Нунан го реши натпреварот во 57. минута и стана најмладиот стрелец во историјата на меѓународните клупски натпреварувања. Нунан стана рекордер со 16 години и 197 денови.
Интересно ова беше негов деби настап за Шамрок, откако потпиша за ирскиот клуб оваа зима.
За само 21 ден, тој го собори рекордот на Белгиецот Ромелу Лукаку, кој со 16 години и 218 дена постигна два гола за Андерлехт во победата од 3:1 над Ајакс во Лига Европа во 2009 година.
Спорт
(Видео) Галатасарај прегазен во Алкмар, Порто извлече реми против Рома

Комплетирани се сите први натпревари од осминафиналето на Лигата на Европа, кои ветуваат уште поголеми возбудувања во реваншите за седум дена.
Дербито на вечерта се одигра на „Драгао“ каде Порто и Рома ремизираа 1:1 (0:1).
Најдобар играч на натпреварот беше Зеки Челик, кој длабоко во надополнувањето на првото полувреме и донесе предност на „волчицата“.
Рома одигра многу добро тактички против Порто, но киксираше дури во 67. минута кога домаќините креираа контранапад, од кој Франциско Моура израмни од далечина.
Само шест минути подоцна, Брајан Кристанте доби втор жолт картон, но Рома се одбрани во последните минути. Проблем за Рома е повредата на Паоло Дибала, според првичните информации Аргентинецот посериозно се повредил.
Предност на домашен терен ќе има ФЦСБ. Романците на „Тумба“ во Солун го победија ПАОК со резултат 2:1 (0:1).
Домашниот тим уште на стартот ја оправда улогата на фаворит и поведе во 21. минута со голот на Самата.
Сепак, еден од најдобрите играчи, Таисон, беше исклучен во судиското надополнување на првиот дел, а Романците ја предноста ја искористија во вториот дел.
Веќе во 50. минута Георгита го израмни резултатот, додека 10 минути подоцна Дава го комплетираше пресвртот и му донесе значајна предност на ФЦСБ пред реваншот во Букурешт.
Галатасарај доживеа дебакл во Алкмар, АЗ славеше 4:1 (2:1).
Холанѓаните поведоа во 12. минута преку Мијнанс, но осум минути подоцна израмни Салаи.
Сепак, во 37. минута Перо има ја врати предноста на домаќините. Проблемите за Галата се зголемија кога во 51. минута Ајхан доби црвен картон. .
АЗ тоа го материјализираше преку Класи и Волф во 57. и 66. минута за големи +3 во пресрет на реваншот на Босфор.
Спорт
Еурофарм Пелистер загуби во Лисабон

Ракометарите на Еурофарм Пелистер, во 11.коло во Лигата на шампионите забележаа пораз во Лисабон од Спортинг (24:30).
Пелистер во Лисабон беше во игра до 40.минута, кога Спортинг со серија 4:0, се одлепи на 21:17. Се уштпеаја да направат играчите на Пелистер е да се доближат на два гола негатива, но потоа Спортинг со упте една серија го реши победникот.
Најефикасен кај Пелистер беше македонскиот репрезентативец Кузмановски со шест погодоци, пет пак постигна Хосни.
Пелистер остана на шест бода, но назадуваше на табелата, откако Висла Плоцк приреди сензација и во Париз го совлада ПСЖ со 31:28.Инаку за клубот од Битола лоши вести дојдоа до Париз каде Висла Плоцк направи големо изенадување и го доби домаќинот со 31:28.
Висла и Пелистер имаат по шест бода, но послкиот тим е подобар во межусебниот скор.