Контакт

Спорт

„Влезниците на Чосиќ“ на рускиот пазар се продавале за 18.500 евра

Хрватската радио-телевизија (ХРТ), излезе со коментар по скандалот, што го откриле ФИФА и Здружениеот на европските национални телевизии (ЕБУ), а во кој главен лик е познатиот спортски коментатор, Драго Чосиќ.
Чосиќ, продавал билети „на црно“ за финалн…

Објавено пред

Хрватската радио-телевизија (ХРТ), излезе со коментар по скандалот, што го откриле ФИФА и Здружениеот на европските национални телевизии (ЕБУ), а во кој главен лик е познатиот спортски коментатор, Драго Чосиќ.

Чосиќ, продавал билети „на црно“ за финалниот натпревар на Светското првенство во Русија, помеѓу Франција и Хрватска.

„Ова што се случува е голем срам за нашата телевизија. не можеме да поверуваме дека нашите колеги продавале билети „на црно“ за СП во Русија, што ги побарале и добиле во името на ХРТ. Никого не известиле дека во име на ХРТ добиле 40 скапи влезници. Целата приказна нанесе го урна угледот и нанесе непоправлива штета на телевизија“, изјавиле за „Јутарњи“, од ХРТ.

Инаку, покрај коментаторот Драго Чосиќ во скандалот е вмешан и меѓународниот координатор на ХРТ, Саша Дедиќ.

Овие двајца, наводно се обиделе да ги продадат „на црно“ влезниците што ФИФА и ги доделила на ЕБУ, а тие без знаење на челниците на ХРТ, а по парање на Чосиќ и Дедиќ ги проследиле до телевизијата.

Скандалот го откриле луѓето од ФИФА, на денот на финалето, 15.јули. Тој ден од ФИФА во седиштето на ЕБУ била испратена информацијата дека на рускиот интернет забележале дека се продаваат четири ВИП влезници за натпреварот помеѓу Хрватска и Франција.

„Јутарњи“ пишува дека цената на еден билет изнесувала 18.500 евра.

ФИФА ги информирала луѓето од ЕБУ дека билетите биле блокирани и оние што ги купиле нема да можат да влезат на стадионот „Лужники“. Во исто време од ФИФА побарале ЕБУ да истражи како тие влезници се појавиле „на црниот“ пазар.

Откако во ЕБУ завршила истрагата тие им се обратиле на челниците на ХРТ, кои дури тогаш дознале дека телевизијата поседувала влезници за Светското првенство во Русија.

Откако ХРТ ги добиле сите потребни информации од ЕБУ, решиле да спроведат интерна истрага и откриле кои се луѓето што ги добиле влезниците.

Коментаторот Чосиќ не негирал дека побарал влезници од ЕБУ, но демантирал дека ги продавал влезниците „на црниот“ пазар. Чосиќ во својот исказ рекол дека долгогодишна пракса била да се барат влезници од УЕФА и ФИФА за ваквите големи настани.

Познатиот коментатор „на црно“ продавал билети за финалето на СП!?

Спорт

ЛЕ: Сите домаќини обезбедија осмина-финале, Адеми единствен од Македонците (видео)

Објавено пред

Аријан Адеми со Динамо Загреб е единствениот македонски фудбалер што успеа да се пласира во осмина-финалето од Лига Европа. „Модрите“ од Загреб го совладаа Плзењ со 3-0 кога на првиот натпревар беа поразени со 1-2.

Нашиот Стефан Ристовски со неговиот Спортинг не успеа да го изненади Вилјареал во Шпанија, одиграа само 1-1, кога претходно во Португалија загуби со 1-0.

Лига Европа заврши и за младиот Елиф Елмас, кој иако со Фенербахче славеше во Истанбул со 1-0 против руски Зенит, сепак Русите вечерва беа поубедливи и со 3-1 го елиминираа турскиот претставник.

Арсенал го елиминира БАТЕ Борисов, а Наполи немаше никаки проблеми со Цирих.

Резултати на натпреварите што почнаа во 18.55 часот (во заградата се резултатите на првите мечеви):

Арсенал – БАТЕ Борисов 3-0 (0-1)
Динамо Загреб – Плзен 3-0 (1-2)
Ајнтрахт (Ф) – Шахтјор 4-1 (2-2)
Наполи – Цирих 2-0 (3-1)
Салцбург – Клуб Бриж 4-0 (1-2)
Валенсија – Селтик 1-0 (2-0)
Вилјареал – Спортинг 1-1 (1-0)
Зенит – Фенербахче 3-1 (0-1)

Прикажи повеќе...

Спорт

ИХФ избира најдобар играч за 2018 година, Хансен или Сагосен, Лејно или Неагу?

Објавено пред

Светската ракометна федерација избира најдобар играч за 2018 година во машка и женска конкуренција.

Кај мажите најдобриот играч ќе биде избран од овие пет ракометари:

Сандер Сагосен (Норвешка – ПСЖ), Џим Готфридсон (Шведска – Флензбург), Расмус Лауге Шмит (Данска – Флензбург), Микел Хансен (Данска – ПСЖ), Винсент Жерард (Франција – Монпелје).

Наградата за најдобра ракометарка за минатата година ќе оди во рацете на една од петте девојки:

Амандин Лејно (Франција – Вардар/Ѓер), Ана Вјахирева (Русија – Ростов Дон), Кристијан Неагу (Романија – ЦСМ Букурешт), Стине Офтедал (Норвешка – Ѓер), Естеле Нзе Минко (Франција – Шиофок).

И ракометните навивачи во нашата земја имаат можност да гласаат на интернет-сраницата на ИХФ, а симпатиите сигурно ќе нè однесат кон ексголманката на Вардар, Лејно.

Гласањето ќе трае до 15 март.
http://www.ihf.info/en-us/mediacentre/voting/worldhandballplayers2018.aspx

Прикажи повеќе...

Спорт

Пет причини зошто Давид де Хеа е можеби најдобриот голман во светот

Објавено пред

„Давид де Хеа е можеби најдобриот голман што некогаш бранел во Манчестер јунајтед“. Ова неодамна го изјави актуелниот менаџер на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер.

Де Хеа е најдобриот играч на „ѓаволите“ веќе неколку сезони, а од претходните 5, дури четирипати е избиран за најдобар играч во тимот.

Медиумите на Островот го нарекуваат „чудовиште со 8 раце“, а навивачите го слават како божество. Еднакво добро брани и со рака и со нога, и тоа во просек по речиси 11 шута на еден меч.

Британските медиуми издвоија 5 карактеристики на Шпанецот што го чинат икона на новата генерација:

1. Брани шутеви од страна буквално за наносекунда. Несовладливата упорност мрежата да остане чиста ја прави со острина.

2. Брзо размислува. Кога топката се движи со 90 километри на час, нему му се потребно 0,24 секунди да реагира.

3. Леснотијата во нозете е неговиот најголем адут. Мозокот, рацете и нозете на Де Хеа го сочинуваат „светото тројство“. Тој е крал на непредвидливите ситуации.

4. Давид може да игра на која било позиција (напад, одбрана, средина на теренот), што на голот му дава широка слика за случувањата на теренот и можност да ги предвиди потезите на противникот.

5. Пожртвуваност. Од мал Де Хеа со целото срце стоел со својот клуб и давал сè од себе неговиот тим да победи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија60 минути

Русковска: Амнестираните и тоа како знаат дека се виновни, со законот нè уценија сите како граѓани на оваа држава

Обвинтиелката Вилма Русковска на денешното рочиште за крвавиот четврток, на критиките од бранителите во завршните зборови за обвинението и амнестијата,...

Македонија2 часа

Котевски: Јанакиески е вратен во затворот, Ристовски не бил испратен во болница

По лекарските прегледи во болницата „8 Септември”, Миле Јанакиески е вратен во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари. По инцидентот,...

Македонија3 часа

Нинџа: Комуникациите на 27 април со Спире Ристовски, Мијалков, Атанасовски и Бошковски мистериозно исчезнаа

Обвинетиот соработник на УБК за крвавиот четврток, Александар Василевски – Нинџа, на денешното рочиште во своите завршни зборови рече дека...

Македонија3 часа

Мицкоски по посетата на Јанакиески: Не ме пуштија да го видам, го чуваат 50-ина полицајци

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред болницата „8 Септември“, каде што е хоспитслизиран ексминистерот Миле Јанакиески, рече дека денешниот ден...

Македонија3 часа

Силјановска: Не можев да се пријавам на конкурс на СДСМ бидејќи не се согласувам со овие политики

Две недели по распишувањето на претседателските избори, а во исчекување на кандидатот со кој ќе влезе во изборна трка владејачкото...

Македонија4 часа

Годинава речиси секој ден исчезнува по еден човек

Пронајденото мртво тело на 35-годишниот Горан Атанасовски од Скопје, кој вчера беше пријавен за исчезнат, ја вознемири јавноста. Коментарите во...

Македонија4 часа

(Видео) Заев: Не верувам дека роднините на функционерите се вработени незаконски

Премиерот Зоран Заев, по завршувањето на средбата со претседателот на Беса, Биљал Касами, одговарајќи на новинарско прашање за новите скандали...

Македонија5 часа

Комисијата утре ќе расправа за имунитетот на Вељаноски

За утре е закажана седницата на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на која теба да се разгледа барањето за...

Македонија6 часа

(Видео) Заев: Изјавата на Мицкоски е забегана работа, ќе се консултирам дали да го тужам

Премиерот Заев најави дека ќе разговара со својот адвокатски тим дали да поведе тужба против Мицкоски во однос на вчерашната...

Топ6 часа

Исчезнатиот Атанасовски пронајден мртов

Денеска околу 13 часот е пронајдено безживотно машко тело во Нерези, на патот кон вила „Веранда“, потврдуваат од МВР. Неофицијално,...

Македонија6 часа

Касами: Сакаме кандидат кој нема за едни да биде мајка, а за други маќеа

По средбата со Зоран Заев, лидерот на Беса, Биљал Касами, изјави дека за нив како партија пред изборите во игра...

Крвав четврток7 часа

Кољо: Политичарите нè изманипулираа со „тиранската платформа“

Обвинетиот Никола Митревски Кољо на денешното рочиште за крвавиот четврток во своите завршни зборови истакна дека жали за случувањата во...

Македонија7 часа

(Видео) Градоначалникот на Пехчево го пријавил во полиција грозоморното убивање кучиња

По поморот на кучиња во Пехчево, а откако комуналните служби со багери ги собираа и фрлаа додека сè уште се...

Топ8 часа

Пинг-понг со барањето за одземање на имунитетот на Вељаноски

Собранискиот спикер Талат Џафери го вратил во кривичниот суд барањето за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски кое претпладнево...

Топ9 часа

Барањето за одземање на имунитетот на Вељаноски стигна кај Џафери

Барањето за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски од кривичниот суд стигнало до претседателот на Собранието, Талат Џафери, потврдуваат...

Крвав четврток10 часа

(Видео) Русковска: Груевски ја ставил во функција партијата за крвавиот четврток

На прес-конференција за јавноста во Јавното обвинителство беа изнесени информации за истрагата за организаторите на насилствата од 27 април 2017...

Македонија10 часа

(Видео) Јовески за несреќата кај Ласкарци: Возачот на автобусот добива закани, засега не е утврдена одговорност

Обвинителството сè уште нема податоци дали и кој ја има одговорноста за сообраќајната несреќа кај Ласкарци каде што загинаа 15...

Крвав четврток10 часа

Груевски на „Фејсбук“: Прородлжува политичкиот прогон против мене и против многумина од ВМРО-ДПМНЕ

Експремиерот Никола Груевски се огласи на „Фејсбук“ за вчерашните приведувања на поранешни функционери од ВМРО-ДПМНЕ, како дел од истрагата на...

Македонија11 час

(Видео) Манчевски бара оставки од сите роднини на функционери од опозицијата

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски,  побара да се повлечат од работните места сите роднини на функционери, не...

Македонија12 часа

Пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за Спасовски

Собранието треба да се ја продолжи 86. седница на која на дневен ред е интерпелацијата на министерот за внатрешни работи,...

Досие