Контакт

Домашен

В недела сите на Водно на „Прв до врв“

Објавено пред

В недела на 20 мај ќе се одржи шестото издание на планинскиот спортски настан „Прв до врв 2018“ на скопско Водно.

И годинава најавени се трки во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, како и традиционалниот пикник на целта кај врвот, а по завршувањето на трките, предвидена е музичка програма и церемонија на прогласување на победниците.

Стартовите на трките се закажани во 9.45 часот кај Музејот на град Скопје за велосипедистите, и во 10 часот кај основното училиште „Кочо Рацин“ за оние што ќе се натпреваруваат во трчање и планинарење.

Оваа година се очекува да учествуваат над две илјади натпреварувачи со најголем број учесници од странство досега.

Пријавувањето за учество е сè уште отворено преку веб-страницата www.prvdovrv.mk. Регистрираните учесници ќе може да ги подигнат своите стартни пакети в четврток, петок и в сабота на плоштадот Македонија, а оние што доаѓаат од другите градови и држави тоа ќе може да го сторат и в недела на денот на трката, од 8 до 9 часот кај ОУ „Кочо Рацин“.

Настанот го организира здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ во соработка со Град Скопје и со поддршка на деловната и општествената заедница.

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Домашен

„Прв до врв“ денеска на Водно

Објавено пред

Од

Денеска ќе се одржи шестото издание на планинскиот спортски настан „Прв до врв 2018“ на скопско Водно.

И годинава учесниците ќе се натпреваруваат во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, како и традиционалниот пикник на целта кај врвот, а по завршувањето, предвидени се музичка програма и церемонија на прогласување на победниците.

Стартот на трките е закажан во 9.45 часот кај Музејот на град Скопје за велосипедистите и во 10 часот кај основното училиште „Кочо Рацин“ за оние што ќе се натпреваруваат во трчање и планинарење.

Оваа година се очекува на учествуваат над две илјади натпреварувачи со најголем број учесници од странство досега. Настанот го организира здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ во соработка со Град Скопје и со поддршка на деловната и општествената заедница.

Прикажи повеќе...

Домашен

Штипјани го пречекаа европскиот шампион во карате Емил Павлов, Општината му додели пари и часовник

Објавено пред

Од

Европскиот шампион во карате Емил Павлов вечерва беше свечено пречекан во големата сала во Општина Штип. Градоначалникот, Благој Бочварски, му додели ваучер на Павлов во вредност од 50.000 денари и рачен часовник.

„Сакам во мое име и во име на Општина Штип да му го честитам овој успех на нашиот сограѓанин Емил Павлов и да го поттикнам да продолжи со макотрпната работа и да не радува со нови успеси. Општина Штип ќе биде партнер на сите спортисти и спортски клубови кои за возврат нѐ претставуваат во вистинско светло“, рече Бочварски.

На овој настан свое поздравно обраќање имаа и претседателот на Совет на Општина Штип, Јане Миланов, селекторот на машката сениорска карате федерација, Сашко Арсовски и Емил Павлов кој изрази голема благодарност за овој пречек.

Прикажи повеќе...

Домашен

Симболична трка во Охрид за почеток на спортскиот настан „Охрид трчаТ“

Објавено пред

Од

Со симболичната трка на луѓето кои стојат позади организацијата на „Охрид трчаТ“, преставници од СВР Охрид и медиумските работници го започнаа најголемиот спортски настан во Охрид за оваа година.

– Следуваат финалните денови од подготовките и вистина работиме со полна пареа за што подобра организираност и презентација на Охрид како спортски град – изјавуваат од Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите, сите за Спорт“.

Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ кој ќе се одржи на 3 јуни е збогатен со многу изненадување и новини, што го доближува до атлетските викенди ширум светот. Активностите на „Охрид трчаТ“ продолжуваат следниот викенд, односно на 19 мај кога ќе се одржи Ноќната трка.

Пријавувањето на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ сите заинтересирани можат да го направат на официјалната страна ohridtrcat.mk, најдоцна до 28 мај.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Заев го состави списокот: три министерства ќе добијат нови челници

Премиерот Зоран Заев попладнево го испратил предлогот за промена на составот на Владата до Собранието на Република Македонија. Според него,...

Македонија6 часа

(Видео) Лазаревски: Го напуштив работното место во МВР за да ги заштитам бомбите

Јас го напуштив моето работно место за да ги заштитам бомбите, таа одлука не беше само моја. Постоеше некаква опасност...

Економија9 часа

(Видео) Менаџментот на „Југохром“ најавува рестартирање на комбинатот во ноември

По средбата со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, менаџментот на „Југохром“ најавува дека до ноември ќе...

Македонија9 часа

(Видео) Функционерите на ДУИ најголеми трошаџии во Владата

Вања Михајлова, експерт за антикорупција, на денешната прес-конференција во рамките на проектот „Граѓанските организации и медиуми против корупцијата“ истакна дека...

Македонија9 часа

Притвор за Ѓоко Поповски, одлучи судот

Судот му одреди притвор на поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, сè додека не почне да ја издржува затворската казна....

Економија9 часа

(Видео) Тевдовски: Платите во трудоинтензивните дејности пораснаа до 21 отсто

Работниците од текстилната, кожарската и индустријата за производство на облека имаа неправедно пониско ниво на минимална плата. Ако го погледнете...

Македонија12 часа

Штетата е 75% од месечната плата на обвинителката Фетаи, рече Бедредин Ибраими

Поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими, во воведните зборови за предметот „Титаник 2″, рече дека наводната штета во предметот е...

Daily news13 часа

Димитров бара мудрост и нерви пред средбата со Коѕијас

„Пуштајте ми ве молам мудрост и нерви“ напиша министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на својот фејсбук-профил пред да отпатува...

Забава14 часа

Кралското семејство ги објави официјалните фотографии од принцот Хари и Меган

Кралското семејство ги објави официјалните фотографии од принцот Хари и Маган Маркл по нивната свадба што се одржа во саботата,...

Вести14 часа

Почина една од трите преживеани патнички во авионската несреќа на Куба

Почина една од трите преживеани патнички во авионската несреќа што се случи минатата недела на Куба. Со ова, бројот на...

Македонија14 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Вчерашната судска пресуда е неправда

Пресудата за ослободување на Зоран Заев од секаква вина за случајот „Поткуп“ е црн ден за македонското судство. Таа покажа...

Македонија15 часа

Пресуда за „Триста“ за Ѓоко Поповски

Поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, денеска во кривичниот суд во Скопје ќе ја чуе пресудата за случајот „Триста“ во...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е амнестиран вторпат, пресудата за „Поткуп“ не нè изненади

Зоран Заев пред малку вторпат е амнестиран политичар за очигледен криминал. Зоран Заев повторно избега од соочување со правдата и...

Економија1 ден

Анита Ангеловска-Бежоска е нов гувернер на Народната банка

Собранието денеска ја избра Анита Ангеловска- Бежоска за нов гувернер на Народната банка, на местото на Димитар Богов, кому му...

Македонија1 ден

(Видео) Заев не се откажува од предлогот Република Илинденска Македонија

Предлогот Република Илинденска Македонија не отпаѓа, изјави премиерот Зоран Заев во изјава пред судот по ослободителната пресуда за случајот „Поткуп“....

Македонија1 ден

(Видео) Емини: Нема простор за паника од министерот за култура на Беса

Од сите албански партии, Беса најмногу заслужува да биде дел од Владата. Политичките партии, граѓаните и невладините организации немаат потреба...

Македонија1 ден

(Видео) Ослободителна пресуда за Заев во случајот „Поткуп“

Кривичниот суд донесе ослободителна пресуда за премиерот Зоран Заев во случајот „Поткуп“. Според пресудата, која јавно ја прочита судијата Дарко...

Македонија2 дена

(Видео) Заев доби кривична пријава за загрозување уставен поредок

Партијата „Левица“ денеска во Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев за нарушување на уставниот поредок на...

Македонија2 дена

В четврток нова рунда преговори за името во Њујорк

В четврток и в петок ќе се одржи нова средба за името во Њујорк со медијаторот Метју Нимиц. Како што...

Свет2 дена

Победа на Мадуро на претседателските избори во Венецуела, опозицијата ги негира резултатите

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, извојува нов шестгодишен мандат, по вчерашната победа на претседателските избори во земјата. Изборите ги одбележа...

Досие