Контакт

Спорт

Гарсија „гази“ во Кина – преку Плишкова до трофејот во Тијанџин

Французинката Каролине Гарсија очигледно ужива да игра во Азија, откако во првото финале по минатогодишната двојна титула во Вухан и Пекинг, со 7:6(7)/6:1 ја победи Чехинката Каролина Плишкова за да ја освои својата шеста ВТА титула на Тијанџин опен.
Г…

Објавено пред

Французинката Каролине Гарсија очигледно ужива да игра во Азија, откако во првото финале по минатогодишната двојна титула во Вухан и Пекинг, со 7:6(7)/6:1 ја победи Чехинката Каролина Плишкова за да ја освои својата шеста ВТА титула на Тијанџин опен.

Гарсија сега има 6-2 скор во ВТА финалињата со двата порази од Тимеа Бачински во Акапулко и Монтереј во 2015 година. Плишкова останува на 11 титули во кариерата и две оваа година.

Французинката го преживеа тешкиот прв сет, откако во тај-брејкот губеше со 1:5, пред да спаси сет топка (5:6) и по еден час игра да го скрши отпорот на Плишкова. Во вториот сет таа имаше помалку проблеми и со два брејка ги искористи сите грешки на Плишкова.

Спорт

Жиру: Останав за да освојувам трофеи

Објавено пред

Светскиот првак со Франција Оливие Жиру на медиумите им открил зошто решил да остане во Челси. Жиру од зимскиот преоден рок се поврзуваше со неколку екипи, на крајот се договори со „сините“ да остане на „Стенфорд Бриџ“.

Жиру го продолжи договорот со Челси до јуни 2022 година. Претходно интерес за него покажува Наполи, Интер и Тотенхем.

„Ја искористив можноста што ми се укажа, ја искористив довербата што ја имаше тренерот во мене. Кога ми понудија нов договор веднаш го прифатив. Сакам да продолжам да освојувам трофеи. Поради ситуацијата со коронавирусот не ми се допадна идејата дека треба да се селам. Овде ми е супер“, рекол Жиру.

Францускиот репрезентативец во Челси е од 2018 година, сезонава постигнал три гола.

Прикажи повеќе...

Спорт

Резултатите од тестовите во Вардар се негативни

Објавено пред

Фудбалерите, тренерите и персоналот во ФК Вардар вчера се тестираа на коронавирусот. Денес е објавено дека сите тестови се негативни.

„ Добра вест по вчерашното тестирање во ФК Вардар.Сите тестирани се негативни на Ковид 19“, соопшти Синдикатот на фудбалери на Македонија.

Денес мобилна екипа на Аџибадем Систина изврши тестирање на ФК Слога. Нивните резултати ќе бидат објавени во текот на утрешниот ден.

фото/ fkvardar.mk

Прикажи повеќе...

Спорт

Ф1 ќе стартува од Австрија

Објавено пред

Шампионатот на Формула 1 ќе започне на 5 јули. ФИА потврди датуми на осум трки од кои по две ќе се возат во Австрија и Велика Британија.

Сезоната во „најбрзиот циркус“ ќе започне со две трки во Австрија. Првиот викенд ќе се одржи од 3 до 5 јули, а вториот од 10 до 12 јули.

Следува Големата награда на Унгарија од 17 до 19 јули, а потоа на програмата ќе бидат две трки во Велика Британија. Првиот викенд на Силверстон е предвиден од 31 јули до 2 август, а вториот од 7 до 9 август.

По Велика Британија ќе се вози во Шпанија, Белгија и Италија.

Трката во Шпанија ќе се вози на 16 август, во Белгија на 30 август, а во Италија на 6 септември.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 час

Цело одделение во Марибор во карантин, еден ученик позитивен на коронавирус

Сите ученици од една паралелка од трето одделение во основно училиште во Марибор, Словенија, се во 14-дневен карантин, откако на...

Македонија2 часа

Портпаролката на СДСМ во самоизолација

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, е во самоизолација затоа што имала средба со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која е...

Регион3 часа

Црна Гора 28 дена без нови случаи, исполнети се условите за крај на епидемијата

Во Црна Гора се исполнети условите за прогласување крај на епидемијата на коронавирус, изјавил Сенад Бегиќ, помошник-директор на Институтот за...

Свет3 часа

(Видео) Четворица полицајци ранети во пукање во Сент Луис, во Бафало возило влета во полициски кордон

Насилните протести во САД продолжија откако минатата недела во полициско апсење беше убиен Џорџ Флојд, а Би-би-си јавува дека имало...

Свет4 часа

Чешка на 15 јуни ги отвора границите за 29 земји

Чешката влада соопшти дека од 15 јуни на граѓаните на таа земја ќе им биде дозволено да патуваат во 29...

Спорт4 часа

Барселона криела дека во тимот има заразени со коронавирусот

Шпанците се подготвуваа за ре-старт на сезоната, која беше прекината поради пандемијата на вирусот Ковид-19. Клубовите пред три недели добија...

Европа5 часа

Во Шпанија првпат од март нема нови смртни случаи од коронавирус

Во Шпанија во последните 24 часа не се пријавени смртни случаи од коронавирус, првпат од март, соопштија здравствените власти на...

Свет5 часа

(Видео) Трамп најави дека ќе испрати илјадници тешко вооружени војници на улиците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе испрати војска на улиците за да ги задуши граѓанските немири во...

Свет16 часа

(Видео) Се огласи братот на Џорџ Флојд: Тој беше џин со нежно срце, немаше да поддржи насилни протести

Теренс Флојд, помладиот брат на Џорџ Флојд, се обидува да ја смири ситуацијата по жестоките и масовни портести кои избувнаа...

Свет16 часа

СЗО: Нема докази дека коронавирусот сега е послаб

Нема докази дека коронавирусот ја сменил формата на пренесување или дека се променила тежината на болеста што ја предизвикува, велат...

Македонија17 часа

Судниците и просториите во зградата на Кривичниот суд се подготвуваат за продолжување на судењата

Основниот кривичен суд Скопје, по добивање на одлуката на Судскиот совет за судење на сите насрочени судења, која беше објавена...

Македонија21 час

Филипче: Бројки како вчерашните и денешните очекуваме и во следните неколку дена

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека се очекува бројката на новодијагностицирани од Ковид-19 и во следниве 2-3 дена да...

Македонија22 часа

Филипче: Над 70 отсто од новите случаи се од познати кластери

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека 70 отсто од новозаболените од Ковид-19 од Скопје се од веќе познати општини...

Македонија23 часа

Османи: Засега нема предлог за воведување полициски час во одделни скопски општини

Засега нема предлог до Кризниот штаб и Владата за воведување полициски час во одделни општини низ Скопје, каде бројот на...

Македонија24 часа

Седум починати и 89 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во изминатите 24 часа во државава се потврдени 89 нови случаи на коронавирус и седум смртни случаи, соопшти Министерството за...

Економија1 ден

Горивата поевтинуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Од вечерва на...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Датумот е завршена работа, избори ќе има на 5 јули

Поради заштита, изборите се решение, а датумот е завршена работа, тие ќе се случат на 5 јули за да добиеме...

Регион1 ден

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на Ковид-19

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на коронавирус. Од денеска се олеснети рестриктивните мерки, а со работа почнуваат фитнес-центрите, салоните...

Македонија1 ден

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, позитивна на Ковид-19

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, објави на Фејсбук дека е позитивна на коронавирус. Таа вели дека по...

Македонија1 ден

И директорот на финансиска полиција и градоначалникот на Чаир во самоизолација

Директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, се во самоизолација затоа што...

Досие