Контакт

Спорт

Гарсија доби нов договор

Тренерот на Вотфорд, Хави Гарсија, ќе потпише нов три годишен договор со клубот, објави „Скај спорт“.
Гарсија, во јануари, го замени на клупата Марко Силва. Тој тогаш потпишал 18-месечен договор. Според новиот договор, Гарсија ќе остане во Вотворд до з…

Објавено пред

Тренерот на Вотфорд, Хави Гарсија, ќе потпише нов три годишен договор со клубот, објави „Скај спорт“.

Гарсија, во јануари, го замени на клупата Марко Силва. Тој тогаш потпишал 18-месечен договор. Според новиот договор, Гарсија ќе остане во Вотворд до завршувањето на сезоната 2020/2021.

Силва е првиот тренер на Вотфорд, уште од 2011 година, кој го продолжил договорот со клубот.

Шпанецот, минатата сезона, успеа со серијата на позитивни резултати да му обезбеди опстанок на Вотворд. Сезоната ја заврши на 14.место на табелата.

Во тековната сезоната тимот на Хави Гарсија се наоѓа на осмото место на табелата.

Спорт

Скола: Меси е над сите, се однесува многу „антиаргентински“

Објавено пред

Луис Скола, капитенот на аргентинската кошаркарска селекција упати само пофалби за неговиот сонародник Лионел Меси кого го стави и над Диего Армандо Марадона во однос на спортското однесување.

Јасно е дека тој аспект му е важен на 40-годишниот кошаркарски центар кој долго време е во кошаркарскиот свет. За него Меси е над сите спортисти во Аргентина.

„Би го ставил Меси над сите затоа што тој има многу повеќе од другите со она што го прави на теренот. Една од работите кои ги гледам кај него се дека не се истакнува, не се удира в гради. Тој тоа би можел со право да го чини, но и покрај се, тој продолжува да трча“ – вели Скола.

Кошаркарот смета дека Меси се однесува многу „антиаргентински“, различно од неговите сонародници. „Тоа е многу „“антиаргентински“, тоа го вела за него да го пофалам, а не останатите да ги критикувам. Тој е како сидро за нас спортистите, и понатаму трча“ – вели Скола.

За кошаркарот, она што фудбалерот на Барса го прави е огромен спортски квалитет.

„Спортот е рефлексија, Меси не е голем само затоа што не се удира во гради. Голем е поради многу други работи. Не можете да освојувате толку титули само ако сте полетен, мора тоа да е плод на талент, труд, тренинг“ – вели кошаркарот кој со 40 години играше со својата Аргентина финале на Мундобаскетот.

Прикажи повеќе...

Спорт

Алба ќе отсуствува најмалку две недели

Објавено пред

Барселона синоќа во Дортмунд избегна пораз од Борусија на отворањето на новата сезона во Лигата на шампионите. Добра вест за Барселона е што Лионел Меси ги одигра првите минути во новата сезона, а лоша е повредата на Жорди Алба.

Левиот бек на Барселона одигра 40 минути на „Вестфален“, а потоа поради повреда, му го отстапи своето место на Серхио Роберто.

Алба го повредил бутниот мускул на левата нога. Од клубот нема информација колку време ќе отсуствува левиот бек, а медиумите пишуваат дека тој најмалку две недели ќе биде надвор од тимот.

Барселона во летниот преоден рок го донесе Жуниор Фирпо од Бетис како алтернатива за Алба. Проблем за тренерот Ернесто Валверде е што и тој беше повреден поради што и не беше во комбинација за натпреварот во Дортмунд.

Прикажи повеќе...

Спорт

Роналдо: Најдобар сум, заслужив да имам повеќе „Златни топки“ од Меси

Објавено пред

Кристијано Роналдо тврди дека требало да добие уште некоја „Златна топка“. Во интервјуто што го направил новинарот Пирс Морган, Португалецот, рекол дека заслужил да има повеќе „Златни топки“ од неговиот опонент Лионел Меси.

„Меси влезе во историјата на фудбалот, меѓутоа мислам дека јас требаше да имам шест, седум или осум „Златни топки“, дека треба да имам повеќе такви награди од него“, рекол Португалецот во интервјуто за телевизијата „ИТВ“ и продолжил.

„Мислам дека тоа сум го заслужил. Сигурен сум дека и јас, со она што го имам направено и што уште го правам, сум испишал историја во фудбалот. Јас сум во групата на најуспешните во историјата на овој спорт“.

Без трошка скромност, Португалецот продолжува во својот его-стил.

„Сметам дека сум број 1 во историјата, доколку за некого најдобар е некој друг, а јас сум на второто место, тоа секако не ми прави проблем. Знам дека сум веќе во историјата како еден од најдобрите“.

Роналдо кариерата ја за почнал во Спортинг Лисабон, а играл во Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус.

Роналдо: Сексот со Георгина е подбар од било кој постигнат гол

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија53 минути

Продолжен притворот на Катица Јанева

Судот ѝ го продолжи притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“ на Основното јавно...

Македонија1 час

Со лажна диплома од Приштина работел како професор по математика во Куманово

Педесет и едногодишен маж со фалсификувана диплома од универзитет во Приштина, Косово, се вработил како професор по математика во основно училиште во...

Македонија3 часа

Ексминистерот за правда, Беџети, одбил да ја потпише екстрадицијата за обвинети во „Монструм“

Ексминистерот за правда од ДУИ, Блерим Беџети, одбивал да го потпише барањето за екстрадиција за двајцата обвинети во „Монструм“, Африм...

Македонија5 часа

Случај „Монструм“: во судницата се слушаат разговори во врска со настанот на луѓе блиски до Груевски

Приватни и несуштински разговори беа пуштени во 13 од 25 бомби во судницата за случајот „Монструм“. Во разговорите се слушаат...

Македонија5 часа

(Видео) Филипче: Полицајци ќе патролираат кај најкритичните здравствени објекти

Министерот за здравство, Венко Филипче, го поддржа денешниот протест на здравствените работници против насилството врз нив. Тој рече дека почнале...

Македонија6 часа

(Видео) Лекарите на протестот предупредија: Ако не се спречи насилството, ќе престанеме со работа

Медицинските работници, во организација на Асоцијацијата на специјализантите и младите лекари, денеска излезегоа на протест во Клиничкиот центар по повод...

Топ6 часа

Воз прегази маж кај надвозникот на булеварот Србија

Триесет и едногодишен скопјанец загина кога во него удри воз на железничката пруга, пред надвозникот на булеварот Србија. Според информациите,...

Свет7 часа

Би-би-си: Зошто Саудиска Арабија и Иран се лути ривали?

Саудиска Арабија и Иран се два силни соседа и повеќегодишни ривали во борбата за регионална доминација, а неодамнешните напади врз...

Свет9 часа

Макрон испраќа експерти во Саудиска Арабија да испитаат кој го извршил нападот

Франција ќе испрати експерт во Саудиска Арабија, кој ќе помогне во истрагата за нападот на нафтеното постројување во Саудиска Арабија...

Свет9 часа

САД бараат конфискација на приходите од продажбата на книгата на Сноуден

Министерството за правда на САД соопшти дека поднеле тужба против Едвард Сноуден и бараат конфискација на сите приходи од продажбата...

Свет20 часа

Поради лекарски грешки годишно умираат 2,6 милиони луѓе

Околу 2,6 милиони луѓе годишно умираат од ненамерни грешки во амбулантите и болниците низ светот, се вели во анализата на...

Спорт21 час

Драма во Љубљана! Македонија ја „собори“ и Словенија, остана во игра за осминафинале!

Откако вчера македонските одбојкари ја забележија историската прва победа на едно Европско првенство, денеска повторно на „крилата“ на Никола Ѓорѓиев,...

Регион22 часа

Кучиња намирисаа 11 килограми хероин во возило кај Драч

Албанец од Косово, Агим Сиљејмани (50), кој веќе неколку години живеел во Швајцарија, е уапсен во албанскиот пристаништен град Драч...

Македонија23 часа

Нов пожар во околината на Прилеп, гори шумата над манастирот во село Селце

Нов голем пожар денеска се појави кај село Селце, во непосредна близина на манастирот „Св.Димитрија“. Со пожарот е зафатена густа...

Македонија1 ден

Иванов: Антикорупциска манипулира, закупот е 1.950, а не 4.500 евра

Експретседателот Ѓорге Иванов реагира откако антикорупциската комисија даде препорака до Владата да се раскине договорот за закуп на неговите деловни...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ предлага анкетна комисија за работењето на СЈО

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието поднесе предлог-одлука за основање анкетна комисија за утврдување на евентуалното нестручно, несовесно и...

Македонија1 ден

Апелациониот суд ги потврди доживотните затворски казни за „Диво Насеље“

Апелациониот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за...

Македонија1 ден

Антикорупциската комисија ќе побара Иванов да ја пресели канцеларијата од „Џеваир“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе побара од Службата за општи и заеднички работи при Владата (СОЗР) да...

Македонија1 ден

(Видео) Туск: Северна Македонија направи сè што се очекуваше за влез во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по денешната средба со премиерот, Зоран Заев, изјави дека Северна Македонија направила сè што...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: „Рекет“ е силен тест за судството

„Рекет“ е силен тест за судството и успехот во правосудните реформи. Со решавање на овој случај и законот за Јавното...

Досие