Контакт

Домашен

Давид Малиновски со премиерна победа на TWINGO CUP

Објавено пред

По доминацијата на Мартин Делев изминатите три трки, денеска, на патеката „Ушче“ во Белград, триумф на Давид Малиновски во рамките на TWINGO CUP.

Малиновски до победата дојде со вкупно време од 33:18,951 минути пред Емил Нацка, кој доцнеше само 0,226 секунди. Место на подиумот имаше и за третопласираниот Слободан Трајковски.

Трикратниот победник сезонава, Делев, во Белград финишира на четвртото место, а петти беше Иван Стефановски.

Тројца возачи не ја завршија трката, а тоа се Томас Трајановски, Александар Кочевски и Ангелче Стојковски.

TWINGO CUP продолжува со петтата трка сезонава, што ќе се одржи во Кичево од 20 до 22 септември.

(ПР-текст)



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Домашен

На државното првенство во скајранинг поставен нов рекорд на патеката на Титов Врв

Објавено пред

Во организација на планинарскиот клуб „Македон“, вчера (28 јуни) се одржа второто издание на планинската (скајранинг) трка „Титов Врв скајрејс“ на Шар Планина, воедно и државно првенство во скајранинг за 2020 година.

Ова е највисоката трка во Македонија на која натпреварувачите поаѓајќи од Попова Шапка го искачуваат Титов Врв 2.747 мнв и се враќаат назад, притоа совладувајќи дистанца од 20 километри и 1.900 висински метри по стрмен и каменест терен.

На трката учествуваа лимитиран број натпреварувачи (вкупно 47) со цел да се запазат мерките за заштита од Ковид-19, а беа постигнати одлични резултати.

Во машка конкуренција победник е Дејан Ангелоски со време 2 часа 39 минути, што претставува нов рекорд на патеката, на второто место се пласира Александар Кирковски (2:42) додека трет беше Атанас Анчевски (2:52).

Кај девојките победи Елена Ртоска со нов женски рекорд, кој сега изнесува 3 часа 43 минути, а зад неа на подиумот финишираа Сања Најдовски (4:01) и Ивана Пекевска (4:15).

Скајранингот е екстремна форма на планинско трчање кое се одвива на надморска височина од над 2.000 метри, по исклучително стрмни и каменести терени.

Овој спорт, кој започнува да се развива во алпските земји пред 30-тина година, денес доживува сè поголема популарност во светот со аспирации да стане и олимписки спорт.

Федерацијата за планинарство на С.Македонија е полноправен член на Светската скајранинг федерација (ISF), а минатата година македонска репрезентација за првпат настапи на европското првенство во Италија.

Прикажи повеќе...

Домашен

Црни шест минути за незгоден пораз од Чешка

Објавено пред

Ракометната репрезентација на Македонија доживеа незгоден пораз од 27:25 од Чешка,
откако по одличното прво полувреме во кое имавме два гола предност (11:9) дозволивме
противниците со прекрасни шест минути во второто полувреме да го свртат мечот и да
направат три гола предност од кои потоа немаше опоравување.

Поразот значи дека за пласман во втората фаза ќе мораме да одиме на резултат против
домаќинот Австрија, кои имаат 2 поени и вечерва ја пречекуваат Украина, што ќе биде
многу тешко за остварување.

А во првото полувреме, сè одеше според планот. Со одлична игра во одбраната ги
ограничивме Чесите на само девет гола, а во нападот и покрај тешкотиите оддржувавме
предност благодарение на Кирил Лазаров и Дејан Манасков.

Но, на почетокот на второто полувреме, Чесите направија серија од 6:1 и целосен
пресврт за да поведат со 15:12. Лазаров со два гола успеа да не доближи на гол-разлика,
но Чесите повторно дојдоа до три разлика. На седум минути пред крајот, успеавме да
доближивме на гол разлика (22:21), за Манасков да израмни на 22:22, по што се играше
гол-за-гол до крајот на мечот во драматична завршница.

Ветеранот Ондреј Здрахала погоди за 26:24 на две минути пред крајот за да го „реши“
мечот, по што Лазаров со брз гол намалува на 26:25, за во следниот напад Чесите
повторно стрелаа за конечни 27:25.

Лазаров со 11 гола беше најдобриот стрелец во македонската репрезентација, Манасков
додаде 5, а Гоце Георгиевски уфрли 4.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО, 2.КОЛО
ГРУПА Б
Чешка – Македонија 27:25 (9:11)
Австрија – Украина 18.15 ч.
Табела: 1.Австрија 2, 2.Чешка 2, 3.Македонија 2, 4.Украина 0
ГРУПА Д
Португалија – Босна и Херцеговина 27:24 (12:11)
Франција – Норвешка 18.15 ч.
Табела: 1.Португалија 4, 2.Норвешка 2, 3.Франција 0, 4.БиХ 0
ГРУПА Ф
Швајцарија – Полска 31:24 (14:12)
Шведска – Словенија 18.15 ч.
Табела: 1.Шведска 2, 2.Словенија 2, 3.Швајцарија 2, 4.Полска 0

Прикажи повеќе...

Домашен

Стоилов најдобар скопски спортист, а РК Вардар најдобар клуб во 2019

Објавено пред

Во големата сала на Советот на Град Скопје денеска се одржа доделување на наградите за најуспешни спортистки, спортисти, тренер и спортска екипа во главниот град.

За најдобар спортист на Скопје во 2019 е прогласен Стојанче Стоилов од РК Вардар, а неговиот тим годинава повторно е прогласен за најдобар скопски клуб.

Ракометарот на Вардар, Даинис Криштопанс, е добитник на наградата за најдобар странец, кој настапува во екипа од Скопје.

Суфијан Исмаили од борачкиот клуб „Лирија“ е избран за најдобар тренер, а борачот Бесир Алили е најдобар младинец.

Тенисерката Александра Симева, пак, е порогласена за најталентиран младинец.

Прогласувањето беше извршено од Град Скопје во соработка со Сојузот на спортовите на Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

Нови 198 заболени и четворица починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.382 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на...

Македонија45 минути

ДИК: Гласањето во Бутел не е прекинато, се работело за недоразбирање

По обвинувањата дека на избирачко место во Бутел било фотографирано гласачко ливче, портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир Шабани, вели...

Македонија1 час

Поради неусогласени сериски броеви на ливчињата, имало кус прекин на гласањето во Лојане

На избирачкото место во селото Лојане, општина Липково, имало кус прекин на гласањето поради неусогласени сериски броеви на гласачките ливчиња,...

Македонија1 час

Одѕивот до 15 часот е 31 отсто, најголем во Вевчани – 49,22 отсто

До 15 часот на гласање излегле 576.576 гласачи, односно одѕивот е 31 отсто, соопшти Адмир Шабани, портпарол на Државната изборна...

Македонија2 часа

МОСТ: Во сите изборни единици одзивот е околу 30 отсто, нема нерегуларности

Изборниот процес тече без неправилности, според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ. Според податоците добиени од...

Македонија3 часа

Експретседателот на кривичниот суд сам се пријавил во затворот во Шуто Оризари

Експретседателот на кривичен суд Владимир Панчевски сам се пријавил во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, откако вчера Основниот суд во...

Македонија4 часа

Пријавени случаи на организиран превоз, гласање во туѓо име и еден приведен на изборниот ден

Од отварањето на гласачките места до сега е регистрирано едно нарушување на јавниот ред и мир, соопшти на прес-конференција портпаролот...

Регион4 часа

Нови мерки во Србија: Забрана за собирање на повеќе од 10 лица, задолжително носење маски и на отворено

Српските медиуми јавуваат дека Кризниот штаб во Србија донел одлука за забрана на собирање на повеќе од 10 лица на...

Свет5 часа

Индиската компанија „Зидус“ го почна тестирањето на вакцина против коронавирус врз луѓе

Индиската фармацевтска компанија „Зидус“ потврди дека нејзините експерти почнале клинички да тестираат можна вакцина против Ковид-19 врз луѓето. „Првите дози...

Македонија6 часа

МОСТ: Гласањето се одвива непречено

Според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, на гласачките места покриени од МОСТ нема неправилности, а...

Македонија8 часа

МОСТ: Избирачките места се отворени и гласањето се одвива безбедно

Граѓанската асоцијација МОСТ го следи денешното гласање со 900 набљудувачи. На 696 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок,...

Регион8 часа

Црна Гора со најмногу активни случаи на Ковид-19 по глава на жител во регионот

Откако црногорскиот Институт за јавно здравје во системот ги внесе резултатите од 2.000 тестови кои претходно поради малиот капацитет во...

Македонија9 часа

Граѓаните може да пријавуваат прекршувања на избирачкото право во Хелсиншкиот комитет

Со оглед дека веќе почна гласањето во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието, Хелсиншкиот комитет за човекови права...

Македонија10 часа

Бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител за пријавување повреда на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска во периодот од 7 до 21 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на...

Македонија10 часа

Во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори

Под специфични услови денеска во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори, петти предвремени парламентарни избори од независноста, на кои право...

Македонија18 часа

На вториот ден гласаа околу 86 отсто од пријавените гласачи

На вториот ден од гласање своето избирачко право го искористиле 9.330 гласачи, соопшти вечерва портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир...

Свет20 часа

Американска компанија почнува со завршни испитувања на вакцината против коронавирусот

Американскиот фармацевтски концерн „Модерна“ објави дека завршните клинички испитувања за вакцината против Ковид-19 ќе почнат на или околу 27 јули....

Македонија1 ден

Регистрирани 135 новозаразени од Ковид-19 и четири смртни случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на...

Македонија1 ден

Се бара со потерница експретседателот на кривичниот суд Владимир Панчевски

Експретседателот на кривичен суд, Владимир Панчевски, се бара со национална потерница што ја распиша МВР по наредба на Основниот суд...

Македонија1 ден

Во полициска станица повикани лица кои објавиле статус да се чкртне „Северна“ на гласачкото ливче

И други лица ќе бидат повикани на разговор за објавување статуси на социјалната мрежа „Фејсбук“, по примерот на директорот на...

Досие