Контакт

Спорт

Ексфудбалер на Лидс заглави во затвор поради канабис

Поранешниот фудбалер на Лидс јунајтед, Ирецот Роберт Бејли доби затворска казна од две и пол години откако се обидел да шверцува 200.000 евра вреден канабис во Даблин.
Според ирските медиуми, Бејли се согласил да го транспортира канабисот во Даблин на …

Објавено пред

Поранешниот фудбалер на Лидс јунајтед, Ирецот Роберт Бејли доби затворска казна од две и пол години откако се обидел да шверцува 200.000 евра вреден канабис во Даблин.

Според ирските медиуми, Бејли се согласил да го транспортира канабисот во Даблин на 12 мај 2017 година за да го исплати долгот од 6.000 фунти кој го имал по проблемите со коцката.

Бејли беше талент од школата на Лидс јунајтед, каде што беше од својата 14. година, но на крајот имаше само три настапи за „белите“ од 2006 до 2007 година, пред да биде отпуштен од договорот на крајот на сезоната. По ова тој се врати во Република Ирска, каде што имаше повеќе клубови како Шемрок роверс, Бохемијанс, Шелбурн, Дрогеда јунајтед и Ватерфорд јунајтед.

Спорт

Сериозни обвинувања, Реина и Канаваро соработувале со мафијата

Шпанскиот репрезентативен голман Пепе Реина е еден од тројцата поранешни играчи на Наполи обвинети дека имаат врски со мафијашката организација „Камора“.
Реина, заедно со Паоло Канаваро и Салваторе Ароника, ќе биде сослушан во Фудбалскиот сојуз на Итал…

Објавено пред

Шпанскиот репрезентативен голман Пепе Реина е еден од тројцата поранешни играчи на Наполи обвинети дека имаат врски со мафијашката организација „Камора“.

Реина, заедно со Паоло Канаваро и Салваторе Ароника, ќе биде сослушан во Фудбалскиот сојуз на Италија поради врските со браќата Габриел, Франческо и Џузепе Еспозито.

Реина го напушта Наполи и од наредната сезона ќе го носи дресот на Милан, а според италијанските медиуми, сослушувањето е причината што Наполи не го продолжил договорот со искусниот голман.

Покрај тројцата фудбалери, обвинети се и нивните клубови: Наполи, Сасуоло и Палермо.

Паоло Канаваро, во два мандати, го носел дресот на Наполи, а минатата година во дресот на Сасуоло ја заврши кариерата.

Салваторе Ароника, неколку сезони играч во Неапол, а во 2013 година се преселил во Палермо.

Прикажи повеќе...

Спорт

Пелегрини е новиот менаџер на Вест Хем јунајтед

Чилеанецот Мануел Пелгрини денес го стави својот потпис на тригодишниот договор со Вест Хем јунајтед.
Искусниот тренер на клупата на „чеканите“ го наследи Дејвид Мојс кој по само шест месеци го напушти клубот. Вест Хем јунајтед сезоната ја заврши на 13…

Објавено пред

Чилеанецот Мануел Пелгрини денес го стави својот потпис на тригодишниот договор со Вест Хем јунајтед.

Искусниот тренер на клупата на „чеканите“ го наследи Дејвид Мојс кој по само шест месеци го напушти клубот. Вест Хем јунајтед сезоната ја заврши на 13.место.

Пелегрини изминатите две години работеше во Кина, во екипата на Хебеи.

Во Премиер лигата, Чилеанецот има освоено титула со Манчестер сити во 2014 година. Пелгрини, во кариерата, тренирал неколку екипи во Чиле, а во Европа бил тренер на Виљареал, Реал Мадрид и Малага.

Прикажи повеќе...

Спорт

Навивачка петиција: Наинголан мора да оди на СП

Навивачите на белгиската фудбалска репрезентација не се согласуваат со одлуката на селекторот Роберто Мартинез, да го изостави Раџа Наинголан од спискот на играчи што ќе играат на Светското првенство во Русија.
Незадоволството е толкаво што еден од нав…

Објавено пред

Навивачите на белгиската фудбалска репрезентација не се согласуваат со одлуката на селекторот Роберто Мартинез, да го изостави Раџа Наинголан од спискот на играчи што ќе играат на Светското првенство во Русија.

Незадоволството е толкаво што еден од навивачите решил, преку еден поратл, да покрене петиција, која во моментот на пишувањето ја потпишале околу 20.000 луѓе.

„За Белгија е потребно Раџа да оди во Русија!Тој е еден од најдобрите и најважните играчи во тимот. Поради разлики помеѓу тренерот и играчот, селекторот ја лишува целата земја од услугите на еден од најдобрите фудбалери. Тоа не е нормално“, пишува во петицијата.

Откако неговото име не се најде на списокот на селекторот Мартинез, Наинголан на социјалните мрежи, објави дека се повлекува од националниот тим.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

(Видео) Поповски: Немам алтернативна држава, не размислувам за бегство

Немам алтернативна држава, не размислувам да бегам, рече Ѓоко Поповски, поранешен помошник-министер во МВР, откако судот го осуди на 9...

Македонија59 минути

(Видео) Ѓоко Поповски осуден на 9 години затвор за незаконска набавка на возила во МВР

Поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, е осуден на 9 години затворска казна за случајот „Триста“ за незаконска набавка на...

Македонија2 часа

Штетата е 75% од месечната плата на обвинителката Фетаи, рече Бедредин Ибраими

Поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими, во воведните зборови за предметот „Титаник 2″, рече дека наводната штета во предметот е...

Daily news3 часа

Димитров бара мудрост и нерви пред средбата со Коѕијас

„Пуштајте ми ве молам мудрост и нерви“ напиша министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на својот фејсбук-профил пред да отпатува...

Забава4 часа

Кралското семејство ги објави официјалните фотографии од принцот Хари и Меган

Кралското семејство ги објави официјалните фотографии од принцот Хари и Маган Маркл по нивната свадба што се одржа во саботата,...

Вести4 часа

Почина една од трите преживеани патнички во авионската несреќа на Куба

Почина една од трите преживеани патнички во авионската несреќа што се случи минатата недела на Куба. Со ова, бројот на...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Вчерашната судска пресуда е неправда

Пресудата за ослободување на Зоран Заев од секаква вина за случајот „Поткуп“ е црн ден за македонското судство. Таа покажа...

Македонија6 часа

Пресуда за „Триста“ за Ѓоко Поповски

Поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, денеска во кривичниот суд во Скопје ќе ја чуе пресудата за случајот „Триста“ во...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е амнестиран вторпат, пресудата за „Поткуп“ не нè изненади

Зоран Заев пред малку вторпат е амнестиран политичар за очигледен криминал. Зоран Заев повторно избега од соочување со правдата и...

Економија23 часа

Анита Ангеловска-Бежоска е нов гувернер на Народната банка

Собранието денеска ја избра Анита Ангеловска- Бежоска за нов гувернер на Народната банка, на местото на Димитар Богов, кому му...

Македонија1 ден

(Видео) Заев не се откажува од предлогот Република Илинденска Македонија

Предлогот Република Илинденска Македонија не отпаѓа, изјави премиерот Зоран Заев во изјава пред судот по ослободителната пресуда за случајот „Поткуп“....

Македонија1 ден

(Видео) Емини: Нема простор за паника од министерот за култура на Беса

Од сите албански партии, Беса најмногу заслужува да биде дел од Владата. Политичките партии, граѓаните и невладините организации немаат потреба...

Македонија1 ден

(Видео) Ослободителна пресуда за Заев во случајот „Поткуп“

Кривичниот суд донесе ослободителна пресуда за премиерот Зоран Заев во случајот „Поткуп“. Според пресудата, која јавно ја прочита судијата Дарко...

Македонија1 ден

(Видео) Заев доби кривична пријава за загрозување уставен поредок

Партијата „Левица“ денеска во Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев за нарушување на уставниот поредок на...

Македонија1 ден

В четврток нова рунда преговори за името во Њујорк

В четврток и в петок ќе се одржи нова средба за името во Њујорк со медијаторот Метју Нимиц. Како што...

Свет1 ден

Победа на Мадуро на претседателските избори во Венецуела, опозицијата ги негира резултатите

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, извојува нов шестгодишен мандат, по вчерашната победа на претседателските избори во земјата. Изборите ги одбележа...

Македонија2 дена

Планинар од Македонија почина на Хималаите

Македонскиот планинар Георги Петков (63) од Гевгелија починал денеска од срцев удар на Хималаите, додека се искачувал на највисокиот врв...

Македонија2 дена

Ротации во Владата – Дескоска оди во Правда, образованието ќе го води Арбр Адеми

Почнуваат ротациите и најавената мини-реконструција во Владата. Според последните информации, владејачките партии СДСМ и ДУИ ќе ги заменат министерствата кои...

Македонија2 дена

Поради спор со името, ПСК „Чеплес“ четири години одбиван за членство во Федерацијата на планинари

Планинарскиот спортски клуб (ПСК) „Чеплес“ од Велес четири години се обидува да стане член на Федерацијата на планинарски спортови на...

Македонија2 дена

Шекеринска: Со Илинденска Македонија покажуваме дека ниту сме имале ниту ќе имаме територијални претензии

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска смета дека предлогот Република Илинденска Македонија е решение со кое сите од процесот...

Досие