Спорт
„Елиминирај ги ПСЖ ќе добиеш постојан договор“



Само доколку Манчестер Јунајтед успеа да се пласира во четврт-финалето во Лигата на шампионите, челниците ќе му понудат повеќе годишен договор на тренерот Оле Гунар Солскјер, тврди „Сан“.
Манчестер Јунајтед ќе го пречека Пари Сен Жермен на 12 февруари, а реваншот во Париз ќе се одигра на 6 март.
Солскјер го врати мирот на „Олд Трафорд“ откако го наследи Жозе Мурињо. Тој има договор до 31 мај оваа година.
Норвежанецот на клупата на Јунајтед во девет натпревари има реми и осум победи.
„Во клубот владее консензус дека Солскјер ќе добие нов договор доколку го елиминира ПСЖ во Лигата на шампионите“, пишува весникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дарвин Нуњез се извини: Свесен сум дека згрешив

Напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез, призна дека покажал лошо однесување на натпреварот против Кристал Палас (1:1) кога заработи црвен картон откако удри противнички фудбалер без топка. Тој вети дека тоа нема да се повтори.
„Свесен сум за лошото однесување што го имав. Тука сум да учам од моите грешки и тоа нема да се повтори“, напиша Нуњез на Твитер.
Набргу потоа, уругвајскиот интернационалец објави и фотографија на која го напушта теренот со наведната глава по црвениот картон.
„Се извинувам на сите во Ливерпул. Ќе се вратам“, додаде тој.
Новото засилување на Ливерпул сигурно ќе го пропушти дербито против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ в понеделник.
Apologies to Liverpool all ✋????
I’ll be back ???? pic.twitter.com/iszTdSAx2i
— Darwin Núñez (@Darwinn99) August 16, 2022
Спорт
Радукану ја „збриша“ Серена Вилијамс во Синсинати

Една од најдобрите тенисерки во историјата Серена Вилијамс го одигра последниот меч во Синсинати. Таа беше поразена на самиот старт од Ема Радукану, а мечот траеше само еден час и пет минути.
Првиот сет ѝ припадна на Радукану со 6:4 во гемови, а потоа ја збриша Серена Вилијамс со 6:0 во вториот сет.
Серена Вилијамс најави дека заминува во пензија, а последниот насташ ќе го има на УС Опен.
Спорт
Мајката на Рабио ќе му го растури и трансферот на „Олд Трафорд“?

Трансферот на Адриен Рабио од Јувентус во Манчестер јунајтед би можел да пропадне откако мајката на играчот, а воедно и негова менаџерка Вероника ги постави нејзините барања пред Англичаните. Имено, ексцентричната госпоѓа Рабио раководи со кариерата на Адриен и во негово име преговара со клубови. Иако Јувентус и Јунајтед се договорија за обештетување од 17 милиони евра, а самиот Адриен сакаше да замине во Јунајтед, Вероника ги налути челниците на англискиот клуб.
Таа за синот побарала годишна плата од околу 10 милиони евра, а на тоа не сакале да се согласат во Манчестер. Адриен не е во плановите на Јувентус и сакаше да се испроба во Премиер лигата и да стане важен играч за врска во тимот на Ерик тен Хаг. Се чинеше дека трансферот е блиску до реализација бидејќи Јувентус веќе се договорил за доаѓањето на замената на Рабио, тоа е Леандро Паредес од ПСЖ.
Сепак, Рабио би можел да остане уште една година во Јувентус, со кого има договор до 30 јуни 2023 година.
Рабио мораше да го напушти ПСЖ, неговиот матичен клуб, поради неговата мајка. Пред три години му истече договорот со францускиот шампион, па тој замина во Јувентус како слободен агент. Му претходеше драма во режија на мајката и менаџерка Вероника. Откако се скараа со сите во Париз, во која Рабио му беше забранет пристап во соблекувалната освен непосредно пред натпреварите, таа го отфрли Тотенхем дека е „под нивото на Адриен“.
Зимата 2019 година се договорија со Барселона, но со неверојатно барање го нарушија трансферот кој практично беше договорен.
Исто така, додека тој играше за ПСЖ, таа веруваше дека нејзиниот син треба да заработува колку и Килијан Мбапе.