Контакт

Спорт

Енрике: Каков Модриќ, Меси е најдобриот на светот

Шпанскиот селектор Луис Енрике е последниот во низата на коментатори околу наградата на ФИФА за најдобар фудбалер за која фаворит е хрватскиот капитен Лука Модриќ, оценувајќи дека неговиот поранешен пулен од Барселона, Лионел Меси е најимпресивниот и н…

Објавено пред

Шпанскиот селектор Луис Енрике е последниот во низата на коментатори околу наградата на ФИФА за најдобар фудбалер за која фаворит е хрватскиот капитен Лука Модриќ, оценувајќи дека неговиот поранешен пулен од Барселона, Лионел Меси е најимпресивниот и најдобриот фудбалер на светот.

ФИФА минатата недела ги објави тројцата номинирани за фудбалер на годината, со Лука Модриќ, Кристијано Роналдо и Мохамед Салах во финалето, откако Роналдо и Модриќ помогнаа Реал Мадрид да стигне до титулата од Лигата на шампионите, додека Салах имаше исклучителна сезона со тимот на Ливерпул.

Многумина сметаа дека Меси, кој со Барселона освои двојна титула, заслужува да е во ова „финале“, и Енрике, пред дуелот од Лигата на нации против Хрватска го поддржува тоа.

„Ако зборуваме за хрватските фудбалери, тогаш тука исклучителни се Модриќ и Ракитиќ. Но, ако зборуваме за најдобар на светот, тогаш таа награда треба да оди кај Лео Меси, кој е чекор пред сите“, вели Енрике.

Спорт

Мурињо, дефинитивно, нема да добие отказ

Извршниот потпретседател на Манчестер јунајтед, Ед Вудвард не планира да го отпушти Жозе Мурињо по потпросечниот старт на новата сезона, барајќи од акционерите на клубот да ја „погледат пошироката слика“.
Јунајтед во саботата повторно разочараа со 1:1 …

Објавено пред

Извршниот потпретседател на Манчестер јунајтед, Ед Вудвард, не планира да го отпушти Жозе Мурињо по потпросечниот старт на новата сезона барајќи од акционерите на клубот да ја „погледат пошироката слика“.

Јунајтед во саботата повторно разочара со 1:1 ремито со Вулверхемптон за да освои 10 од можните 18 поени во Премиер лигата со порази против Брајтон и Тотенхем. Но, Вудвард смета дека не се потребни брзи и непромислени реакции.

„Лесно е да се фатиш во флуктуациите на натпреварите во сезоната, но треба да се направи чекор назад и да се погледне пошироката слика. Ние сме најголемиот спортски тим на светот според бројот на фановите и знаеме дека тоа е позиција што бара постојан напор и инвестиции. Нашиот борд, нашите инвеститори и сите во клубот следат што се случува на теренот и што треба да се направи за да се освојуваат титули. Тоа е една од причините поради кои го ангажиравме Жозе Мурињо и веќе имаме три титули со него“, вели Вудвард.

Ова доаѓа откако клубот имаше рекорден приход во 12-те месеци до 30 јуни 2018 година.

Прикажи повеќе...

Спорт

Антонио Џовинаци ќе му биде колега на Раиконен во Заубер

Италијанецот Антонио Џовинаци ќе му биде партнер на Кими Раиконен во тимот на Заубер следната година, откако по подолга пауза Италија ќе има тркач во Ф1. 24-годишниот Џовинаци е дел од академијата на Ферари и оваа сезона беше трет возач во Заубер.
Оваа…

Објавено пред

Италијанецот Антонио Џовинаци ќе му биде партнер на Кими Раиконен во тимот на Заубер следната година кога по подолга пауза Италија ќе има тркач во Ф1. 24-годишниот Џовинаци е дел од академијата на Ферари и оваа сезона беше трет возач во Заубер.

Оваа одлука значи дека Швеѓанецот Маркус Ериксон останува без место в година, иако тимот потврди дека ќе биде трет возач на Алфа Ромео Заубер. Џовинаци зад себе има две Ф1-трки со Заубер во 2017 година како замена за тогаш повредениот Паскал Верлајн, а во 2016 година се натпреваруваше во ГП2-шампионатот завршувајќи втор зад шампионот Пјер Гасли (кој в година ќе вози во Ред бул).

„Пресреќен сум што доаѓам во Заубер како тркач и ова е остварување на мојот сон. Како Италијанец, голема чест е да претставувам бренд како Алфа Ромео. Би сакал да им се заблагодарам на Ферари и на Заубер за оваа голема шанса“, вели Џовинаци, кој е првиот италијански возач во Ф1 по Витантонио Лиуци, кој замина на крајот на сезоната 2011 година.

 

Прикажи повеќе...

Спорт

Перез: Роналдо ќе се врати во Мадрид

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е сигурен дека Кристијано Роналдо ќе се врати на „Сантијаго Бернабеу“, како наследник на легендарниот Алфредо ди Стефано.
Португалецот во летниот преоден рок замина во Јувентус, а Реал од неговиот трансфер…

Објавено пред

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, е сигурен дека Кристијано Роналдо ќе се врати на „Сантијаго Бернабеу“ како наследник на легендарниот Алфредо ди Стефано.

Португалецот во летниот преоден рок замина во Јувентус, а Реал од неговиот трансфер заработи 100 милиони евра.

„Кристијано е во срцата на сите навивачи на Реал Мадрид. Да го видев тука, ќе го прегрнев. Тој е наследникот на Ди Сетфано и сигурен сум дека еден ден ќе се врати во Реал“, им изјавил Перез на новинарите во Лондон на доделувањето на наградите на ФИФА.

Легендарниот Ди Стефано по завршувањето на кариерата, беше тренер на Реал во перидот од 1982 до 1984 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион44 минути

(Видео) Пожар на Пелешец, гори борова шума – жителите ги бранат куќите

Во пожар што избувна кај местото Мокало на хрватскиот остров Пелешец гори густа букова шума. Според последните информации, огнот го...

Македонија2 часа

Се намалуваат трошоците во постапките пред нотарите и извршителите

На предлог на Министерството за правда, Владата ги прифати предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за извршување и на...

Македонија3 часа

Заев: Одлучуваат тие што гласаат, тие што не гласаат не се ни бројат

За успешноста одлучуваат тие што гласаат, а тие што не гласаат не се ни бројат, порача премиерот Заев пет дена...

sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok
Крвав четврток4 часа

Чавков наредил да им ја отворам вратата на колегите од УБК, сведочеше собраниска полицајка за oдзмените харддискови

По наредба на директорот на БЈБ, обвинетиот Митко Чавков, било одземањето на дисковите со снимките од безбедносните камери во Собранието, потврди собраниската...

Крвав четврток4 часа

Судот им ги одби гаранциите на Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов да се бранат од слобода

Обвинетите пратеници Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, како и активистот Богдан Илиевски и обезбедувачот Оливер Радулов, и натаму остануваат во...

Топ5 часа

Градоначалникот на Куманово добивал закани, поднесена кривична пријава против едно лице

Градоначалникот на Куманово до СВР Куманово пријавил дека во два наврата му биле испратени СМС-пораки со заканувачки содржини кон него...

Крвав четврток6 часа

Се надевам дека ќе одговараат нарачателите за 27 април, рече обвинителката Русковска

По првиот дел од судењето во кривичниот суд за настаните од 27 април, обвинителката Вилма Русковска, на новинарско прашање, рече...

Investigative story7 часа

Антикорупциската комисија се сомнева во злоупотреби со монографии на Филозофскиот факултет

Антикорупциската комисија има доставено иницијатива за поведување постапка за кривично гонење поранешен декан на Филозофскиот факултет до Јавното обвинителство,поради сомневања...

Крвав четврток8 часа

„Влатко Ѓорчев ги молеше како Господ да не нè напаѓаат“, се расплака телохранителот на Оливер Спасовски

(Фото: Ацо Ангеловски во средина) „Лево од мене слушнав наредба – убијте ги! Масата одеднаш тргна кон нас. Бидејќи не...

Регион8 часа

Додик: Јавна тајна е дека опозицијата подготвува немири на улиците

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека е јавна тајна дека опозицијата во тој српски ентитет има план да...

Виница Виница
Македонија9 часа

Вонредни контроли по масовното труење со храна во Виница

Aгенцијата за храна и ветеринарство во наредните денови во Виница ќе изврши вонредни контроли кај сите оператори што произведуваат, подготвуваат...

Свет9 часа

Кина: САД ни ставаат „нож под грло“, губиме и едни и други

Продолжувањето на кинеско-американските трговски преговори е тешко откако САД на Кина и ставија „нож под грло”, рече заменик-министерот за трговија...

Свет9 часа

САД ја предупреди Русија: С-300 во Сирија ќе биде голема грешка

САД ја предупредија Русија дека распоредувањето на модерниот анти-ракетен систем С-300 во Сирија е голема грешка и дека одлуката треба...

Топ9 часа

Осумнаесетгодишно момче од Скопје загина во сообраќајна несреќа

На улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје ноќеска се случила сообраќајна несреќа во која животот го загуби 18-годишниот Д.К. од Скопје....

Свет13 часа

НАСА откри две нови далечни планети

Орбиталниот телескоп на НАСА, кој е во потрага по нови светови надвор од Сончевиот систем, открил две нови далечни планети...

Спорт21 час

Модриќ е „кралот“ на светот

Лука Модриќ очекувано е избран за најдобар фудбалер во изборот на ФИФА, комплетирајќи ја неверојатната година во која со Реал...

Македонија1 ден

„Најди некој со сила од Унијата на жени, некој непознат“, Јанакиески вртел телефони за да бара противкандидат за градоначалник

На продолжението од судењето за предметот на специјалното јавно обвинителство, познат со кодното име „Титаник“, во доказната постапка се репродуцираат...

Македонија1 ден

(Вознемирувачки фотографии) Смртоносни отрови расфрлани во повеќе градови, реагира „Анима мунди“

Исклучително силни смртоносни отрови се расфрлани во повеќе градови и села во целата држава – Валандово, Велес, Охрид, Куманово, Тетово,...

Македонија1 ден

Поднесено обвинение против Васе Доневски за скандалот со „Секјуриком“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички...

Македонија1 ден

Димитров: Со четири амандмани ќе се менува Уставот, сè уште не се напишани, ниту преговарани

Уставите андамани не се напишани, ниту преговарани, нив ќе ги дефинира Собранието со двотретинско мнозинство, порача министерот за надворешни работи,...

Досие