Контакт

Спорт

ЕП атлетика: Тиам повторно „царица“ на седмобојот, Ингебригтсен ги победи браќата

Белгиската светска и олимписка шампионка, Нафаситу Тиам го освои европското злато во седмобојот, откако по тешка борба за 57 поени ја совлада својата британска ривалка, Катарина Џонсон-Томпсон.
25-годишната Тиам доминираше во скокот во далечина и во фр…

Објавено пред

Белгиската светска и олимписка шампионка, Нафаситу Тиам го освои европското злато во седмобојот, откако по тешка борба за 57 поени ја совлада својата британска ривалка, Катарина Џонсон-Томпсон.

25-годишната Тиам доминираше во скокот во далечина и во фрлањето копје, и успеа да надополни негатива од 87 поени во предност од 192 поени пред последната трка на 800 метри.

Во финалето на 1.500 метри имаше необична ситуација во која тројцата браќа Ингебригтсен, Јакоб, Филип и Хенрик беа во финалето, но само еден од нив, 17-годишниот Јакоб стигна до медал, и тоа до златниот медал. Норвежанецот триумфираше со време од 3:38.10, пред Полјакот Марсин Левандовски (3:38.14) и Британецот Џејк Вајтман (3:38.25), додека неговиот брат Хенрик беше четврти. Филип Ингебригтсен потфрли и беше 12.

Во трката на 110 метри со пречки, Французинот Паскал Мартино-Лагард стигна до фото-финиш победа со време од 13.17 пред Русинот Сергеј Шубенков. Мартин-Лагард беше бронзен од ЕП во 2014 година. 

ЕП АТЛЕТИКА, БЕРЛИН

СЕДМОБОЈ (Ж)

1.Нафисату Тиам (Бел) 6.816

2.Катарина Џонсон-Томпсон (Бри) 6.759

3.Каролин Шефер (Гер) 6.602

ФРЛАЊЕ КОПЈЕ (Ж)

1.Кристин Хусонг (Гер) 67.90 м

2.Никола Огродникова (Чеш) 61.85 м

3.Ливета Јасиуниате (Лит) 61.59 м

400 МЕТРИ СО ПРЕЧКИ (Ж)

1.Леа Шпрунгер (Шва) 54.33

2.Ана Рижикова (Укр) 54.51

3.Меган Бисли (Бри) 55.31

400 МЕТРИ (М)

1.Метју Хадсон-Смит (Бри) 44.78

2.Кевин Борле (Бел) 45.13

3.Џонатан Борле (Бел) 45.19

800 МЕТРИ (Ж)

1.Наталија Пришчепа (Укр) 2:00.38

2.Ренел Ламот (Фра) 2:00.62

3.ОлхаЉахова (Укр) 2:00.79

110 МЕТРИ СО ПРЕЧКИ (М)

1.Паскал Мартино-Лагард (Фра) 13.17

2.Сергеј Шубенков (Рус) 13.17

3.Орландо Ортега (Шпа) 13.34

1.500 МЕТРИ (М)

1.Јакоб Ингебригтсен (Нор) 3:38.10

2.Марсин Левандовски (Пол) 3:38.14

3.Џејк Вајтман (Бри) 3:38.25



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Реал загуби од Леганес, но за среќа имаше голема предност во првиот меч (видео)

Променливите резултати на европскиот шампион Реал Мадрид продолжуваат, откако „кралскиот клуб“ загуби на гостувањето во предградието на шпанската престолнина од Леганес со 1:0, но сепак, се пласираше во осминафиналето на Кралскиот куп поради предноста …

Објавено пред

Променливите резултати на европскиот шампион Реал Мадрид продолжуваат, откако „кралскиот клуб“ загуби на гостувањето во предградието на шпанската престолнина од Леганес со 1:0, но сепак, се пласираше во осминафиналето на Кралскиот куп поради предноста од 3:0 од првиот натпревар.

По една невидена мешаница пред голот на гостите, во која Леганес имаше и удар во дирекот, Данецот Мартин Брајтвајт се најде на вистинското место и го совлада немоќниот Кејлор Навас.

Со ослабен тим, Сантијаго Солари му даде шанса на Иско (иако го повлече во 69. минута), но сепак, во составот на Реал беа имиња како Лукас, Касемиро, Винисиус Жуниор. Поразот е во основа неважен, но сигурно нема да ја зголеми самодовербата кај навивачите на „Лос бланкос“.

Претходно, Севилја загуби дома од Атлетик Билбао со 0:1, но тимот од Андалузија оди понатаму бидејќи во првиот меч на гости победи со 3:1.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Спорт

Лазаров: За нас утре е финалето на Светското првенство

Капитенот Кирил Лазаров вели дека поразот од Шпанија не смее да ѝ падне лошо на македонската ракометна репрезентација и дека сега следува за нас „финалето“ на Мундијалот, клучниот меч против Исланд за третото место на табелата и пласман во втората фаза…

Објавено пред

Капитенот Кирил Лазаров вели дека поразот од Шпанија не смее да ѝ падне лошо на македонската ракометна репрезентација и дека сега следува за нас „финалето“ на Мундијалот, клучниот меч против Исланд за третото место на табелата и пласман во втората фаза.

„Не влеговме со калкулации во мечот, а во квалитетното прво полувреме имавме шанси за предност од 3-4 гола разлика, но не ги искористивме шансите. Во второто полувреме се случи тоа што се случи, ќе видиме дали е за добро. За нас утре против Исланд е финале на Светско првенство. Можевме вечерва да бидеме и израмнети со Шпанија и да загубиме во последната секунда.  Сочувавме дел од силите, треба да заборавиме на овој меч и да се подготвиме за утре. Не сметавме дека мечот против Исланд ќе биде клучен, не калкулиравме од почеток. Исланѓаните покажаа дека и со подмладена репрезентација се многу силни. Ќе биде тешко, но ќе дадеме сè од себе за победа“, изјави Лазаров за „МТВ“ по мечот.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Спорт

Шпанците со „шок-терапија“ од пет минути ни ги уништија сите надежи за победа

Шпанија и по третпат на големите натпреварувања беше подобра од Македонија, откако со фуриозни три минути во второто полувреме во кои направија 5:0 низа го „уништија“ тоа што македонските ракометари го градеа цело прво полувреме за на крај да загубиме …

Објавено пред

Шпанија и по третпат на големите натпреварувања беше подобра од Македонија, откако со фуриозни три минути во второто полувреме во кои направија 5:0 низа го „уништија“ тоа што македонските ракометари го градеа цело прво полувреме за на крај да загубиме со високи 32:21.

Сепак, поразот и така беше очекуван, така што утре од 18 часот не очекува големата директна пресметка со Исланд за освојување на третото место во групата Б и пласман во наредната фаза. Во тие 60 минути, ќе мора да се избегнат грешките од стартот на второто полувреме против Шпанија, бидејќи само победа против „рибарите“ не носи понатаму.

Во првото полувреме, тргнавме да се „надигруваме“ со силната шпанска репрезентација, и имавме фантастичен старт на мечот (5:2), пред тие да се вратат и да отидат на пауза со еден гол разлика (12:13).

Меѓутоа, стартот на второто полувреме ни ги урна сите илузии дека можеме да се надигруваме со Шпанците, откако тие ги искористија неколкуте грешки во нашата игра, за со низа од 5:0 да го решат мечот. Разликата од шест гола беше преголема, по што селекторот Раул Гонзалес во остатокот на мечот реши да им даде шанса и на помладите ракометари.

Жарко Пешевски со шест гола беше најефикасен во македонската репрезентација, капитенот Кирил Лазаров постигна пет гола, додека Филип Кузмановски додаде четири. Кај Шпанците, Гомез имаше шест, а Ентрериос пет.

Фото: ЕПА

СП ГЕРМАНИЈА/ДАНСКА, 4.КОЛО

ГРУПА Б

Јапонија – Исланд 21:25 (12:13)

Хрватска – Бахреин 32:20 (19:9)

МАКЕДОНИЈА – Шпанија  21:32 (12:13)

Табела: 1.Шпанија 8, 2.Хрватска 8, 3.Исланд 4, 4.Македонија 4, 5.Јапонија 0, 6.Бахреин 0

Последно коло (утре): Бахреин-Јапонија 15.30, Македонија-Исланд 18.00, Хрватска-Шпанија 20.30

ГРУПА Д

Ангола – Аргентина 26:33 (12:17)

Унгарија – Египет 30:30 (14:14)

Катар – Шведска 22:23 (10:11)

Табела: 1.Шведска 8, 2.Унгарија 6, 3.Аргентина 3, 4.Египет 3, 5.Катар 2, 6.Ангола 2

Последно коло (утре): Египет-Ангола 15.30, Катар-Аргентина 18.00, Шведска-Унгарија 20.30

Прикажи повеќе...

Најново

Регион9 часа

Ципрас ја доби довербата од Парламентот

Со 151 глас, Владата на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, ја доби довербата во Парламентот по дебатата која траеше два дена....

Европа11 час

Преживеа Владата на Тереза Меј

Владата на британската премиерка Тереза Меј вечерва ја доби довербата од Парламентот. 306 пратеници гласаа против Меј, а 325 за неа....

Македонија12 часа

(Видео) Власта и опозицијата се договорија – Антикорупциска ќе има увид во банкарските сметки на функционерите

Прашањето за директен увид во сметките на носителите на јавни функции е затворено, Државната комисија за спречување  корупцијаа ќе има...

Македонија15 часа

Избега еден од осудените напаѓачи на Села, распишана е потерница

Никола Војминовски, кој е осуден на 13 и пол години затвор за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села на...

Економија15 часа

И официјално заврши стечајот за „Фени“, апелација ги одби жалбите

Судот во Велес денес соопшти дека е правосилно одобрен планот за реорганизација на „Фени индустри“ од Кавадарци со што и...

Македонија15 часа

Меѓународна криминална група осомничена за кражби од сефови во македонски банки

Обвинителството отвори истрага против седум лица, и тоа четворица државјани на Украина и по еден државјанин од Молдавија, Казахстан и на...

Македонија17 часа

(Видео) Анкета: Џабе ни е јазикот кога младите си заминаа во странство

„Џабе ни е двојазичност кога младите континуирано бегаат од државата. Заев само зборува, зборува на празно, каде е таа плата...

Македонија17 часа

Три илјади анкетни листови за имотот на функционерите заглавени во антикорупциската комисија

Повеќе од 60 претставки за корупција и триесетина предмети за судир на интереси стојат во фиоките на Државната комисија за...

Македонија17 часа

(Фото) Олимпија фати морбили

Посине споменикот на мајката на Александар Македонски, Олимпија, која се наоѓа на плоштадот Карпошово востание. На спомениците на Олимпија и...

Македонија18 часа

Скопјани принудувале малолетничка на проституција

Обвинителството отвори истражна постапка за трговија со дете кога било пријавено дека двајца скопјани принудувале 16-годишно девојче да врши полови...

Македонија19 часа

(Видео) Лашкоска: СДСМ нема намера да донесе квалитетен закон за спречување корупција

СДСМ нема намера да донесе квалитетен закон за спречување корупција. Сака насилнички со ЕУ-знаме да го протурка без дебата. Третпат...

Македонија19 часа

Претседателот на грчкото собрание смета дека договорот од Преспа е историски моќен

Претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцис, рече дека пратениците со јасно мнозинство треба да го изгласаат преспанскиот договор, бидејќи, како...

Македонија19 часа

Цаноски бара 40 милиони евра отштета за уривањето на „Космос“

На денешното судско рочиште за предметот на СЈО, ТНТ, за уривањето од политичка омраза на комплексот „Космос“, бизнисменот Фијат Цаноски...

Македонија20 часа

Братот на Заев, Вице, го тужи Александар Николоски за клевета

Во Основниот суд Скопје 2 се одржа подготвителното рочиште за тужбата за клевета на братот на премиерот Заев, Вице Заев,...

Македонија21 час

Путин: Постои надворешен притисок за зачленувањето на Македонија во НАТО

Кога станува збор за ситуацијата на Балканот, тогаш може да се каже дека тука сериозен дестабилизирачки фактор претставува политиката на...

Регион22 часа

Романија ја претстави програмата за претседавање со ЕУ

Романската премиерка, Виорика Данчила, вчера пред Европскиот парламент ги презентира приоритетите на романското претседателство со Европската Унија. „Првата фаза ќе...

Вести22 часа

Грчкиот парламент ќе гласа недоверба на владата на Алексис Ципрас

Денеска во грчкиот парламент продолжува седницата на чиј дневен ред е една точка – недоверба на владата на Алексис Ципрас....

Македонија22 часа

Владата една и пол година ги слави празниците на Груевски, Законот за празниците нечепнат

Владата една и пол година ја разгледува можноста за укинување дел од неработните денови и измена на Законот за празниците,...

Свет23 часа

Британскиот парламент ќе гласа за недоверба на владата на Меј

Британската премиерка Тереза Меј денеска треба да се соочи со гласање за недоверба, еден ден откако парламентот го отфрли нејзиниот...

Свет23 часа

Помпео: Иранските ракети за сателити се закана за Европа и Блискиот Исток  

Неуспешниот обид на Иран да ландира сателит во орбитата со трифазна ракета покажува дека намерата на Исламиската Република е да...

Досие