Популарно
„Еуроимпекс“ го поддржа традиционалниот дипломатски тениски турнир
„Еуроимпекс“ со „Пежо“ и овој пат во соработка со Францускиот институт во Скопје, Дипломатскиот клуб и МНР го поддржаа дипломатскиот тениски турнир што се одржа во саботата во тенискиот клуб „Евросет“. Присутните дипломати и претставници на конзуларниот кор беа соодветно пречекани со „пежо 3008 SUV“ кој беше пријател на настанот.

Станува збор за традиционален дипломатски тениски турнир, на кој учествуваа претставници на дипломатскиот и конзуларниот кор во Република Македонија, претставници на меѓународните организации и вработени во Министерството за надворешни работи на Република Македонија. Учествуваа 33 лица.

Овогодишното издание беше во знак на 25-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу Франција и Македонија.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
