Контакт

Спорт

Заврши и последната трка од македонскиот мотокрос шампионат

Објавено пред

Оваа недела се одржа третата и последна трка од македонскиот мотокрос шампионат. Трката за одржа на популарната патека Орман во близина на Скопје, а организатор на оваа трка беше мото-клубот „Вардар“ од Скопје.

За ендуро-тим „Водно“ настапија пет возачи во различни категории, а, како што соопштија организаторите, во класата MX2, ендуро-тим „Водно“ имаше огромен успех, поточно возачот Христијан Станковиќ го освои првото место, додека Виктор Караколев завршил на второто место.

Со овие резултати во генералниот пласман Христијан Станковиќ по шестипат е шампион на Македонија, додека Виктор Караколев за првпат е вицешампион во класата MX2, се додава во соопштението.

Ендуро-тимот „Водно“ оваа сезона е еден од натрофејните мото-клубови во Македонија во повеќе дисциплини, како што се мотокрос, ендуро и брзински мотоциклизам, стои во соопштението.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Вињалес со рекорд на пол-позицијата во Мизано пред неверојатниот Бањаја

Објавено пред

Шпанскиот возач на Јамаха, Маверик Вињалес ја освои својата втора пол-позиција во низа на патеката Мизано пред ГП на Емилија-Ромања, поставувајќи нов рекорд на патеката, иако во последниот круг ќе го загубеше првото место откако Пако Бањајаго загуби најдобриот круг поради излегување од рамките на патеката.

Вињалес и минатата недела беше најбрз на квалификациите во Мизано, кога се возеше Сан Марино ГП, и овојпат постави време од 1:31.647. Бањаја на своето Прамак Дукати имаше 1:31.313, но кругот не му се важеше и ќе стартува од петтото место.

Во првиот ред, покрај Вињалес ќе стартуваат и асот на Дукати, Австралиецот Џек Милер и Французинот Фабио Квартараро во уште една Јамаха, додека четврт е Пол Еспархаро во КТМ. Бред Бајндер е шести пред ветеранот Валентино Роси (на неговата домашна патека), а топ 10 го комплетираат уште тројца Италијанци – Франко Морбидели (Јамаха), Данило Петручи (Дукати) и лидерот во генерален пласман, Андреа Довициозо (Дукати).

Прикажи повеќе...

Спорт

Хамес ги „препороди“ Евертон, убедлива 5:2 победа над ВБА

Објавено пред

Евертон ја започна новата сезона во Премиер лигата со две победи во низа, откако на „Гудисон парк“ со 5:2 го декласираше новиот прволигаш Вест Бромвич Албион. Доминик Калверт-Луин постигна хет-трик, но несомнено човек на мечот беше Хамес Родригез, откако постигна гол, имаше асистенција, и испровоцира црвен картон за противникот.

Мечот не започна најдобро за тимот на Карло Анчелоти, откако младиот Грејди Диангана го изненади Џордан Пикфорд за водство на гостите уште во 10-тата минута. Во 31. минута, Калверт-Луин го постигна првиот гол по една мешаница во противничкиот шестнаесетник, со прекрасен удар со петица, за во 45. минута, Хамес да го покаже својот квалитет со фантастичен удар од далечина за 2:1.

Само неколку моменти подоцна, тој успеа да го испровоцира Киеран Гибс да го удри без топка, по што ВБА останаа со играч помалку, за на полувремето црвен картон да добие и тренерот Славен Билиќ по конверзацијата со судијата Мајк Дин.

Само што почна второто полувреме, Матеуш Переира со фантастичен гол од слободен удар израмни на 3:3, пред во 54. минута Мајкл Кин пак да ги донесе „карамелите“ во водство. Во 62. минута, Хамес Родригез прати фантастична топка во шестнаесетникот за Калверт-Луин да го постигне вториот гол во 62. минута, а шоуто беше завршено четири минути подоцна, кога по корнер на Родригез, Калверт-Луин го комплетираше хет-трикот.

Прикажи повеќе...

Спорт

И Тимо Вернер ќе дава дел од својата плата во „Заедничка цел“

Објавено пред

Тимо Вернер стана првиот фудбалер на Челси кој се приклучи на иницијативата на Хуан Мата „Заеничка цел“, со која фудбалерите се обврзуваат да дадат еден процент од својата плата за помош на сиромашни деца.

24-годишниот Германец само што го комплетираше својот трансфер од Лајпциг во Челси, и според англиските медиуми добива околу 200.000 фунти неделна плата. Во иницијативата претходно се вклучија и менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала, како и Меган Рапино, Алекс Морган и Серж Гнабри.

„Се чувствувам многу привилегиран со тоа што можам да го живеам мојот сон со трансферот во Челси, и во исто време свесен сум за фактот дека луѓето низ целиот свет се мачат со последиците од пандемијата. Затоа сакам да помогнам, а најдоброто за ’Заедничка цел’ е што самиот ќе одлучувам каде ќе одат парите. Сакам да започнам проекти во Штутгарт и Лајпциг и ги повикувам сите ѕвезди да донираат. Ако само еден навивач донира 10 евра бидејќи Тимо Вернер е вклучен, целта е остварена“, вели Вернер.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Шестмина починати и 140 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1397 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на...

Регион12 минути

(Видео) Ураганот донесе поплави и однесе два животи во Грција

Медитеранскиот ураган Јанос, кој ја погоди централна Грција денеска, однесе два животи, предизвикувајќи поплави и материјална штета. Two dead, one...

Македонија1 час

(Видео) Како ќе изгледа враќањето на училиште: на секое дете ќе му се мери температура, маските ќе се вадат само за време на оброкот

Министерството за образование и наука во соработка и со поддршка на УНИЦЕФ И УСАИД, изработи видео во кое на јасен...

Топ1 час

Приведен светиниколец за мачење на животни

СВР Штип – ОВР Свети Николе ќе поднесе кривична пријава против М.Е. од селото Ерџелија, Свети Николе, поради мачење животни,...

Македонија3 часа

Османи: Предизвиците со Бугарија иако делуваат жестоко, тие се надминливи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ги претстави приоритетите во неговиот мандат. Како прв и најважен приоритет Османи ги...

Свет4 часа

Се огласи Навални: Патот кон закрепнувањето е јасен, но долг

Рускиот опозиционер, Алексеј Навални, објави фотографија на „Инстаграм“ на која се гледа како се симнува по скали и напиша дека...

Гордана Јанкулоска, судење, Титаник Гордана Јанкулоска, судење, Титаник
Македонија6 часа

Јанкулоска: Ако некој ме бара, јас сум дома

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, објави статус на „Фејсбук“ со кој ги негира информациите дека таа избегала откако...

Македонија6 часа

МОН: Децата кои немаат уреди за онлајн настава ќе може да ја следат од училница

Децата коишто немаат уреди за следење на онлајн настава во време на Ковид-19 ќе добијат можност за учење како и...

Свет7 часа

Трамп: До април ќе има вакцина за секој Американец

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека очекува до април САД да имаат доволно вакцини против коронавирус за секој Американец....

Македонија7 часа

За еден ден казнети 384 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија...

Свет8 часа

Европската агенција за лекови одобри употреба на дексаметазон за лекување на Ковид-19

Европската агенција за лекови (ЕМА) одобри употреба на лекот дексаметазон за лекување на пациенти со Ковид-19 кои имаат проблеми со...

Топ8 часа

Млад скопјанец осомничен дека криел оружје и дрога во бункери во Бутел

Дваесет и четиригодишен скопјанец е осомничен дека ги сокрил оружјето, муницијата и дрогата во бункери во Бутел кои беа откриени...

Спорт8 часа

Либански фудбалер почина откако беше погоден од залутан куршум

Либанскиот фудбалер Мохамед Атви почина во болница откако беше погоден со залутан куршум во главата. 32-годишниот Атви бил погоден во...

Регион21 час

Украдени ретки книги во вредност од 2,5 милиони фунти, пронајдени под подот на куќа во Романија

Околу 200 „незаменливи“ книги вредни повеќе од 2,5 милиони фунти (3,2 милиони американски долари), кои биле украдени од еден магацин...

Свет22 часа

Трамп сакал да го ослободи Асанж, ако му кажел кој стои зад хакерскиот напад на Демократската партија

Американскиот претседател Доналд Трамп му понуди помилување на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, доколку открие кој стои зад хакирањето на...

Македонија23 часа

Отказ за советникот на Чулев поради насилно и недолично однесување

Министерството за внатрешни работи му даде отказ на Зоран Ѓорѓиевски, кој беше вработен како советник во кабинетот на министерот во...

Топ1 ден

Осумгодишно дете починало на пат кон болница

Вчера во Градската болница Куманово со возило на брза помош било донесено осумгодишно дете на реанимација. Детето било од Крива...

Македонија1 ден

Осум лица починаа од коронавирус, потврдени 144 нови случаи

Во последните 24 часа осум лица починаа, а потврдени се 144 нови случаи на коронавирус од 1.545 теста, соопшти Министерството...

Македонија1 ден

Мицкоски: На Јанкулоска ѝ судеа без докази затоа што не избра да биде слуга во скутот на Заев

„Мафијата на власт потроши над 8 милиони евра за службени возила, а за набавка на едно службено возило што го...

Македонија1 ден

40 илјади деца немаат компјутери за да следат онлајн-настава

Училиштата ќе отпечатат материјали за учење од дома за 40 илјади деца, кои немаат техничка опрема за следење на онлајн-наставата....

Досие