Контакт

Спорт

Зидан: Мојата иднина не зависи од Лигата на шампионите

Зинедин Зидан е сигурен дека неговата иднина во тимот на Реал Мадрид не зависи од тоа дали Реал повторно ќе ја освои титулата од Лигата на шампионите.
Французинот донесе две титули во Европа едноподруго, правејќи го Реал Мадрид единствениот клуб кој го…

Објавено пред

Зинедин Зидан е сигурен дека неговата иднина во тимот на Реал Мадрид не зависи од тоа дали Реал повторно ќе ја освои титулата од Лигата на шампионите.

Французинот донесе две титули во Европа едноподруго, правејќи го Реал Мадрид единствениот клуб кој го одбранил трофејот од ЛШ, меѓутоа слабите резултати во домашното првенство го поставија под притисок, откако Барселона „избега“ со титулата.

„Лос бланкос“ се на еден меч од ново финале откако имаат 2:1 предност пред домашната пресметка со Баерн Минхен во полуфиналето.

„Мојата иднина не зависи од тоа што ќе се случи во Лигата на шампионите. Сите знаете дека јас сум тренер сега и сакам да продолжам, но тоа не е најважното нешто во моментов“, вели Зидан пред мечот со Баварците.

Зидан им честиташе на Барселона за освоената титула пред „Ел класико“ во недела, но вели дека поважен е првиот натпревар на „Сантијаго Бернабеу“ против Баерн.

„Ќе се обидеме да победиме против Баерн и тоа останува главната цел. Нема да шпекулираме, да се браниме или да правиме чудни работи. Мораме да дадеме брз гол. Во Ла лига, Барселона доминираа оваа сезона и ја заслужија титулата и мораме да им честитаме. Имаат два трофеи во добра сезона за нив, но сега мислиме само на финалето“, додава Зидан.

Фото: ЕПА



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Англиски фудбалер заглавил со обложување, кариерата му била во опасност

Објавено пред

Еден од главните играчи на премирлигашот, Кристал Палас, 28-годишниот Андрос Таунсенд призна дека поради зависноста за обложување за малку ќе му настрадала кариерата. Играчот од среден ред на Палас кој има 13 настапи за „Гордиот Албион“ рече дека на обложувањето се навлекол со 20 години, додека бил играч на Бирмингем Сити.

„Точно се сеќавам на тие сцени. Бев во хотелот пред еден важен меч. Тогаш видов реклама за некоја обложувалница која нудеше бесплатно обложување. Така се тргна“ – вели тој.

Сепак, зависноста се проширила многу брзо и кулминирала неколку години подоцна.

„Игравме полуфинале на доигрување за да влеземе во прва лига. Тоа беше најголемиот меч сезоната, а јас не можев да спијам. Го земав мобилниот и почнав да се обложувам во живо. Облозите се редеа, а јас на еден меч изггубив 46.000 фунти. Во тоа време заработував по 3.000 фунти неделно. Таа вечер го допрев дното. Наместо да сум среќен поради важниот меч, да размислувам за фудбал, јас размислував како да ги вратам загубените пари“ – изјавил Таунсенд.

Фудбалерот раскажува и како успеал да се оттргне од таа зависност.

„Не престанував додека конечно не ме фатија. Фудбалскиот сојуз дозна дека се обложувам и ме казни. Ми се заканија дека ќе ми стават доживотна суспензија од фудбалот. Ќе им бидам благодарен засекогаш што не ме казнија драстично. Разбраа дека не сум учествувал во наместени натпревари, туку сум бил само глупаво момче кој прави глупости“ – додаде фудбалерот на Кристал Палас.

Тој сега е далеку од обложувалниците, неговиот тим е хит во Премиерлигата, а тој заработува по 3 милиони по сезона.

Прикажи повеќе...

Спорт

Мурињо: Јас го изградив овој Јунајтед

Објавено пред

Менаџерот на Тотенхем, Португалецот Жозе Мурињо, по вчерашната победа на Манчестер јунајтед од 2-1 на „Олд Трафорд“ против Спарси, испрати низа пофалби за „ѓаволите“.

„Имаат многу млади играчи, со огромна енергија и добар менталитет. Кога победуваат, се чувствуваат пријатно во дефанзивата. Полесно им е да играат со подобри тимови, кои повеќе сакаат да се надигруваат и имаат иницијатива. Беа одлични, заслужена победа за Јунајтед. Но, сетете се – јас го изградив овој Јунајтед“, рече Мурињо.

Тотенхем синоќа го доживеа првиот пораз под водство на португалскиот стратег по 3 победи во низа.

„Се обидувам да се борам со начинот на размислување. Им реков на играчите за тоа како Јунајтед ќе му пристапи на мечот на домашен терен, со силни стартови, трчање, со пресинг се обидуваа да ја подигнат публиката. Можеме само себеси да се обвинуваме. Не загубивме поради напаѓачката тактика, туку поради емотивниот пристап кон играта“, рече Португалецот.

Откако Мурињо е на чело на Тотенхем, добрата форма ја врати подзаборавениот Деле Али.

„Играше добро и пред мене, не го научив јас да игра фудбал. Имаше тежок период, не знам многу работи, но она што го знам не е за јавност. Се обидувам да го ставам на позиција што повеќе му одговара. Игра добро, работи добро, постигнува голови, не можам повеќе да барам од него“, смета португалскиот стручњак.

Прикажи повеќе...

Спорт

Де Лаурентис има целосна доверба во Анчелоти

Објавено пред

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, тврди дека не стапил во контакт со други тренери бидејќи има целосна доверба до Карло Анчелоти.

Изминативе денови медиумите во Италија пишуваат дека искусниот тренер ќе добие отказ на 10 декември. Наведуваат дека Анчелоти во многу нешта не се согласувал со челникот на Наполи.

Медиумите најчесто како наследник на Анчелоти го споменуваат Џенаро Гатузо, а наводно во комбинација биле и Масимилијано Алгери, односно Лучано Спалети.

„Имам целосна доверба во Карло Анчелоти. Му верувам и како на човек и како на тренер“, рекол Де Лаурентис.

„Ништо не сум решил. Сезоната е во тек. Со никого не сум спатил во контакт. Не сум разговарал ни со Гатузо ни со Спалети. Со Алегри разговарав, но не за оваа ситуација. Со него имав преговори во 2013 година“.

Карло Анчелоти има договор со Наполи до јуни 2021 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа11 минута

(Видео) Французите излегоа на улиците – штрајкува целата земја, полицијата со солзавец кон демонстрантите

Низ цела Франција синдикатите започнаа штрајк, кој се смета дека ќе биде еден од најголемите досега, а чија цел е...

Македонија3 часа

Спасовски: Жалам што Обвинителството немаше храброст да одреди притвори за инцидентот во „Александар палас“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изрази жалење што Обвинителството немало храброст да одреди притвори за осомничените за пукањето во...

Македонија4 часа

Обвинение за судијата Мустафа Шахини за злоупотреба на службената положба

Управниот судија Мустафа Шахини наскоро треба да седне на обвинителна клупа во предметот за злоупотреба на службената положба и овластување...

Македонија5 часа

Собранието ќе одлучи дали треба Јовески да го преземе СЈО

На 11 декевмри на собраниската седница ќе се најдат измените на Законот за јавнообвинителска служба со кој треба да се...

Македонија8 часа

(Видео) Деспотовски: За жал, изборите ќе ги пролонгираат грантовите од Фондот за иновации

Изборите ќе ги пролонгираат грантовите што ги доделува Фондот за иновации и технолошки развој, најави Јован Деспотовски во интервју за...

Култура8 часа

„Медена земја“ е најдобриот документарец за 2019 според критичарите во Њујорк

Американската организација на филмски критичари од Њујорк „New York Film Critics Circle (NYFCC)“ синоќа ја додели наградата за најдобар документарен...

Регион9 часа

Радев: Во НАТО државите се поделени на произведувачи и купувачи

Бугарскиот претседател Румен Радев им порача на лидерите на земјите членки на НАТО дека иднината на алијансата не ја гледа...

Свет9 часа

Макрон: Прашајте ги Србите дали им се промени животот со отворањето на поглавјата

Францускиот претседател уште еднаш повтори дека е против отворање пристапни преговори пред реформите на преговарачкиот процес. Како што објасни Макрон,...

Македонија9 часа

Казна за загадувач кој фрли отпадни води во Бардовци

Со глоба во износ од 50 евра, казнето е физичко лице, за сторен прекршок – испуштање на отпадни води на...

Свет9 часа

Милиони работници на генерален штрајк во Франција, не работи транспортот и училиштата

Французите претрпуваат сериозен хаос и нарушувања во транспортот, бидејќи милиони работници се заканија дека ќе штрајкуваат во знак на протест...

Спорт10 часа

Фудбалските менаџери годинава заработиле преку 500 милиони фунти

На фудбалските менаџери ширум светот во 2019 година им биле исплатени 500 милиони фунти. Прва пат се случува вкупната заработка...

Европа10 часа

„Монд“: Руски шпиони ги користеле Алпите како главен камп за операции во Европа

Весникот „Монд“ пишува дека руски шпиони ги користеле Француските Алпи како главен камп за операции во Европа. 15 припадници на...

Свет10 часа

Макрон ќе организира самит за француското воено присуство во Западна Африка

Францускиот претседател Емануел Макрон, по смртта на 13 француски војници во хеликоптерска несреќа во Мали, изјави дека лидерите на Западна...

Свет10 часа

Пет европски држави го осудија лансирањето на 13 балистички ракети од страна на Северна Кореја

Европските држави повторно го осудија лансирањето на 13 балистички ракети од страната на Северна Кореја од мај годинава, наведувајќи дека...

Регион11 час

Палмер: За сите земји од Западен Балкан сме подобар партнер од Русија

Пратеникот на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, во Сараево изјави дека Западен Балкан и натаму е...

Македонија21 час

Трудо: Зоране Заев, добредојдовте на масата на НАТО

„Добредојдовте на масата на НАТО, Зоране Заев. Со нетрпение го чекам целосното пристапување на Северна Македонија во алијансата“, напиша канадскиот...

Македонија1 ден

Милошоски: Заев и Дескоска се правно неписмени, ги принудија пратениците да не донесат заклучок за членот 11

ВМРО-ДПМНЕ реагира по одлуката на Комисијата за законодавно-правни прашања, на која беше заклучено дека поранешниот претседател Ѓорге Иванов помилувал 56...

Македонија1 ден

Пратениците одлучија дека Иванов помилувал 56 лица преку непостоен член

Собраниската Законодавно-правна комисија попладнево донесе одлука дека Собранието не може да толкува правна норма што не постои, која се однесува...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Како дел од НАТО, Северна Македонија станува фактор за стабилност во регионот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во изјава за медиумите го оцени учеството на владината делегација на...

Македонија1 ден

Бојан Јовановски останува во притвор, aпелација ја одби жалбата

Апелациониот суд Скопје денеска ја отфрли жалбата за притворот на првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13. „Апелациониот...

Досие