Контакт

Домашен

Златен медал за Ангела Мојсовска на Светскиот карате куп во Хрватска

Објавено пред

По првиот ден од одржувањето на најмасовниот и највисокорангиран светски карате куп организиран од Светската карате федерација (ВКФ), кој се одржува во Умаг, Хрватска, каратистката на скопски „Макпетрол“ Ангела Мојсовска успеа да го освои златниот медал во највозрасната младинска категорија на постари јуниори (У21), во тежинската категорија на -68 килограми.

Петар Заборски, помошен-тренер во Макпетрол, истакна дека Ангела имала извонреден настап и супериорно дошла до првото место и златниот медал.

Во првото коло таа беше слободна, во второто коло победи со спортистката од Швајцарија со 4-1, во третото коло беше подобра од БиХ и победи со 5-1, во четвртото коло уште една победа против шампионката на Хрватска која е и носител на европски медал со резултат 3-1 и во финалето победи со резултат од 4-1.

Ангела Мојсовска е спортистка од меѓународна категорија која е стипендистка на Агенцијата за млади и спорт. Во Умаг  учествуваа спортисти од 73 држави од целиот свет.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Домашен

Спортски федерации: MOK бега од обврската да им дозволи на олимписките спортови сами да одлучуваат

Објавено пред

Македонските спортски федерации тврдат дека Македонскиот олимписки комитет (МОК) бега од обврската на претставниците на олимписките спортови да им дозволи сами да одлучуваат за нивниот спорт.

Во саботата спортските федерации кои се на програмата на Олимписките игри одржаа состанок на кој главна тема беше заземање став и носење заклучок по однос на нивното барање упатено до (МОК) за конечна промена во статутот, со што истиот би се усогласил со олимписката повелба.

Од таму велат дека МОК, чиј претседател е Васил Тупурковски, бега од обврската на претставниците на олимписките спортови да им дозволи сами да одлучуваат за нивниот спорт и го пренесуваат текстот на повелбата кој гласи:

„МНОЗИНСТВОТО ОД ГЛАСОВИТЕ во рамки на еден национален олимписки комитет и неговото извршно тело СЕ СОСТОИ од гласовите кои произлегуваат од НАЦИОНАЛНИТЕ СПОРТСКИ ФЕДЕРАЦИИ (од олимписките спортови) наведени во точка или нивни претставници. Кога се работи за прашања кои се однесуваат на Олимписките игри, ПРЕДВИД СЕ ЗЕМААТ САМО ГЛАСОВИТЕ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ТАКВИТЕ НАЦИОНАЛНИ СПОРТСКИ ФЕДЕРАЦИИ И НЕГОВОТО ИЗВРШНО ТЕЛО“, се наведува во текстот.

Според Македонските спортски федерации, МОК бега од олимписката повелба, иако се нарекува олимписки комитет.

„Меѓународниот комитет ќе ја суспендира Македонија. Но не поради барањата на спортистите, туку поради твоето 30-годишно криење позади нив, поради твоето бегање од обврските кои  си ги презел пред 30 години и сè уште глумиш дека ќе ги исполниш, а во себе се надеваш дека барем уште 30 години ќе тераш на истиов начин“, му порачуваат спортските федерации на претседатeлот Тупурковски.

Тие исто така подвлекуваат дека од 204 национални Олимписки комитети во целиот свет, 203 ја почитуваат олимписката повелба и ги утврдиле нејзините одредби во своите статути, а земјава е единствената во која Националниот олимписки комитет и по 30-тина години и натаму вели „не за олимписката повелба“.

 

 

Прикажи повеќе...

Домашен

Шаховскиот клуб „Алкалоид“ се пласира на четврто место на Европскиот клупски куп 2019

Објавено пред

Нов европски клупски првак во шах е екипата Obiettivo Risarcimento од Падова, Италија, со освоени максимални 14 бода од седум мечеви.

По серијата од три високи победи во претходните кола, во меѓусебниот решавачки меч во последното коло, екипата на „Алкалоид“ влезе со императив за победа која ќе значеше и втора шампионска титула.

Меѓутоа, во рана фаза на партиите Ковалев на шестата табла дојде во непријатна, послаба позиција, и неговиот противник не ја испушти шансата да освои цел поен.

На првите три табли шахистите од италијанската екипа одиграа цврсто и солидно, па сите обиди на Мамедјаров, Андреикин и Шанкланд да постигнат предност останаа без успех и тие партии завршија со реми, како и Криворучко на петтата табла.

На четвртата табла, во борбена игра, во одреден момент Инаркиев оствари мала предност, но таа се покажа недоволна за победа, иако долго се обидуваше нешто да извлече од позицијата. Конечен резултат во мечот е минимален пораз за Алкалоид 2,5:3,5.

Во конечниот пласман екипата на „Алкалоид“ се пласира на четвртото место, со 10 меч-бодови, одржувајќи се и натаму, во континуитет, при врвот на европските клупски натпреварувања.

Одлична игра покажа лидерот на екипата, велемајсторот Мамедјаров, кој со три победи и две реми освои златен медал за најдобар личен резултат на првата табла. Покрај него, Ковалев освои сребрен медал на шестата табла.

Второто место го освои „АВЕ Нови Бор“ од Чешка, а третото „Медниј Всадник“ од Русија.

 

Прикажи повеќе...

Домашен

Алкалоид со максимална победа во петтото коло на Европскиот клупски куп 2019

Објавено пред

Алкалоид со максимален резултат 6:0 ја совлада екипата од Швајцарија, Zurich Schachgesellschаft. Во овој меч шахистите на Алкалоид покажаа најсигурна игра досега и на ниедна табла не им дозволија на противниците да одземат некој поен.

Мамедјаров повторно демонстрира висока класа и ја искористи малку пасивната игра на својот противник за да освои цел поен. Андреикин успеа да ја прекине серијата реми, овој пат не ја испушти остварената предност, а со тоа и цел поен. Најбрзите победи во мечот ги постигнаа Шанкланд и Криворучко. Ковалев ја оствари четвртата победа на турнирот и на крајот Инаркиев го оформи конечниот резултат во мечот 6:0.

По петтото коло, во водство е екипата Obiettivo Risarcimento од Падова, Италија, со максимални 10 меч-бода. Ја следат Medny Vsadnik од Петербург, Русија, и Sk Joly Lysa nad Labem од Чешка со по еден бод помалку. Алкалоид моментно е на делба на четвртото до 10. место со 8 бода.

Во шестото коло, ШК Алкалоид за противник го има првакот на Чешка – Sk Joly Lysa nad Labem, а Obiettivo Risarcimento игра против Medny Vsadnik.

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Економија14 часа

(Видео) Деспотовски: Одговорноста за грантовите на Ласкова и на Анѓушев е моја, не избегав ни тогаш ни сега

На сите 320 фирми што досега добиле грантови од Фондот за иновации може да им се залепат етикети дека се...

Македонија14 часа

Одбиено барањето за апанажа на Катица Јанева

Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата едногласно го одбија барањето за апанажа на поранешната специјална јавна...

Македонија15 часа

(Видео) Камчев: Филипче ми e пријател и немаше никакви бизнис-зделки со Боки 13

Бизнисменот Орце Камчев по судењето за „Рекет“, запрашан за врските меѓу него и министерот за здравство, Венко Филипче, не сакаше...

Македонија15 часа

Благајник си присвоил пари од касата на „Македонска пошта“

Благајник во подружница на „Македонска пошта“ во Гостивар противправно присвоил за себе парични средства во износ од 1.925.128 денари, кои му...

Македонија16 часа

(Видео) Максим Ацевски најприфатлив предлог за генералан државен ревизор

Пратениците едногласно го прифатија предлогот Максим Ацевски да биде избран за генерален државен ревизор. Предлогот беше усвоен со консензус, без...

Македонија16 часа

(Видео) Камчев: Алчноста на Катица за пари беше клучна во оваа работа

Бизнисменот Орце Камчев по денешното сведочење за случајот „Рекет“ откако излезе од судот уште еднаш потенцираше дека Бојан Јовановски, Катица...

Македонија17 часа

На една од средбите меѓу Јовановски и Камчев бил и министерот Филипче

Бојан Јовановски во предметот за случајот „Рекет“ му поставува прашања на сведокот Орце Камчев во судницата. Јовановски го персира, додека...

Македонија19 часа

Боки 13 до Камчев: Oперациите вo „Систина“ не ви се успешни

Присутните се смееја во судницата на рочиштето за случајот „Рекет“ кога Бојан Јовановски почна да го испрашува сведокот Орце Камчев....

Македонија20 часа

Камчев: Не се само Катица и Боки 13, треба да има и други обвинети за „Рекет“

Веќе час и половина сведокот бизнисмен Орце Камчев го дава својот исказ во судот за случајот „Рекет“. Тој, освен кон...

Македонија21 час

Боки 13 се пожали на здравствената состојба, судијката го опомена дека ќе го извади од судницата

Судијката Васка Николовска-Масевска му рече на обвинетиот Бојан Јовановски, алијас Боки 13, дека ќе го извади од судницата ако говори...

Свет22 часа

Франција втор ден парализирана поради штрајкот

Втор ден продолжува штрајкот во Франција. И денеска нарушен е јавниот превоз, а училиштата се затворени. Синдикатите најавија дека планираат...

Свет22 часа

Меркел во прва посета на Аушвиц, ќе донира 60 милиони долари за Меморијалот

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска за првпат ќе го посети Меморијалот Аушвиц-Биркенау, откако ја презеде функцијата пред 14 години. Меркел...

Свет23 часа

150 пожари ја пустошат Австралија

Пожарникари се обидуваат да ги стават под контрола 150-те пожари во Нов Јужен Велс додека силни ветрови го шират чадот...

Свет23 часа

Пентагон размислува да испрати неколку илјади војници на Блискиот Исток

Министерството за одбрана на САД размислува за дополнително распоредување на 4-7 илјади војници на Блискиот Исток за да се спротивстави...

Македонија23 часа

Во кривичниот суд пак ќе се оценува обвинението за организаторите на насилниот упад во Собранието

Во кривичниот суд по вторпат ќе се оценува обвинителниот акт за организаторите на насилниот упад во Собранието од 2017 година...

Свет23 часа

Туск: Брегзит е најтажното искуство за време на мојот мандат

Брегзит е една од најспектакуларните грешки во историјата на Европската Унија, вели Доналд Туск во интервју за „Гардијан“, што е...

Македонија23 часа

Продолжува судењето за „Рекет“, ќе сведочат Орце Камчев и неговата сопруга

Бизнисменот Орце Камчев и неговата сопруга Ана Камчева денеска треба да се појават во кривичниот суд во Скопје како сведоци...

Европа1 ден

Над половина милион луѓе протестираа во Франција, сообраќајот во колапс

Повеќе од 510.000 демонстранти излегоа на улиците на 70 града во Франција во знак на протест против најавените пензиски реформи...

Свет2 дена

САД со обвинение против руски хакери кои во своите операции украле над 100 милиони долари

Американските власти денеска покренаа обвинениe против лидерот на руската криминална група за компјутерски криминал позната како Evil Corp „Зла корпорација“...

Македонија2 дена

Спасовски: Жалам што Обвинителството немаше храброст да одреди притвори за инцидентот во „Александар палас“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изрази жалење што Обвинителството немало храброст да одреди притвори за осомничените за пукањето во...

Досие