Меѓународен
Извлечено тело од авионот со кој се урнаа Сала и пилотот
Од трупот на авионот со кој исчезнаа фудбалерот Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон било извлечено едно тело. Засега нема потврда потврда дали е тоа телото на фудбалерот или пилотот.
Трупот на авионот се наоѓа на 67 метри под водата, а екипите работеле во многу тешки временски услови.
Откако операцијата на извлекувањето на телото била успешно завршена, телото било пренесено во Портланд, Англија, каде што ќе биде идентификувано и каде што ќе се изврши обдукција.
#BREAKING: A body has been recovered from the plane carrying Emiliano Sala and pilot David Ibbotson.
"The body is currently being taken to Portland to be passed into the care of the Dorset Coroner" – Air Accidents Investigation Branch (AAIB) pic.twitter.com/bfLUDuZjyz
— Optus Sport (@OptusSport) February 6, 2019
Спасувачките тимови се обидувале да го подигнат трупот на авионот од морското дно за да можат да продолжат со потрагата по другото тело, меѓутоа временските услови не им го дозволиле тоа.
Фудбалерот Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон исчезнаа на 21 јануари над Ла Манш. Авионот „Пајпер Малибу“ го превезувал фудбалерот од Нант во Кардиф, каде што требало да им се приклучи на новите соиграчи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
