Спорт
И тоа се случи – Жиру даде гол, Французите ја победија Холандија (видео)
Франција по слабото реми без голови без Германија, стигна до првата победа како актуелен светски шампион, откако на „Стад де Франс“ со 2:1 ја совлада Холандија благодарение на голот на Оливие Жиру, напаѓачот кој не успеа да постигне ниту еден гол на по…


Франција по слабото реми без голови без Германија, стигна до првата победа како актуелен светски шампион, откако на „Стад де Франс“ со 2:1 ја совлада Холандија благодарение на голот на Оливие Жиру, напаѓачот кој не успеа да постигне ниту еден гол на победничкиот Мундијал во Русија.
Ова е прв гол на Жиру по 11 меча во националниот дрес и негов вкупно 32 за „триколорите“, со што го помина Зинедин Зидан (31) на четвротот место на вечната листа. Пред него се само Тјери Анри (51), Мишел Платини (41) и достижниот Давид Трезеге (34).
Франција дојде во водство уште во 13. минута, откако Блез Матуиди по грешката на домашната одбрана одлично го најде Килијан Мбапе, кому не му беше тешко да го совлада Силесен. Доминацијата на Французите не донесе уште еден гол и во 67. минута ова го казни Рајан Бабел со убав гол, пред на сцена да стапи Жиру со убав удар за победа.
Кипар и Словенија во меч од Лига Ц, одиграа 1:1, додека во нашата група во Лига Д, Лихтенштајн со 2:0 го совлада Гибралтар за да ги „закова“ противниците на дното на групата.
ЛИГА НА НАЦИИ
ЛИГА А
Франција – Холандија 2:1
ЛИГА Ц
Кипар – Словенија 1:1
ЛИГА Д
Лихтенштајн – Гибралтар 2:0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ПСЖ лесно се справи со Загреб, Барса до врв ја наполни мрежата на Кристијанштад

Двата можеби главни фаворити за трофејот во годинешната ракометна Лига на шампиони, француски ПСЖ и шпанска Барселона попладнево немаа проблеми во домашните мечеви против Загреб, односно Кристијанштад.
ПСЖ уште во првото полувреме ја заврши работата против Загреб, направи предност од +6, 19-13, што подоцна знаеше како рутински да ја задржи.
Избраниците на Раул Гонзалез играа како по ноти, но тоа пред се се однесува на Генсхајмер кој мечот го заврши со 9, а Микел Хансен со 7 погодоци.
Екипата на Барселона против аутсајдерот Кристијанштад извојуваше убедлива победа со плус 17 гола, 43-26.
Швеѓаните со новиот тренер Љубомир Врањеш не беа дораснат противник на Каталонците кои сезонава играат брилијантно.
Сипжак и Гомес беа најпрецизни кај домаќините со по 6 гола, а кај гостинот се истакна Хален со 5 погодока.
Спорт
Вилјареал со 3-0 ја урна Севилја и бега од опасната зона (видео)

Тимот на Севилја никако да излезе од резултатската криза, загуби третпат во последните пет меча во Примера.
„Жолтата подморница“ поведе уште во 20. минута со голот на Алваро, а Екамби го дуплираше водството во 45. Минута од мечот.
Севилја немаше среќа денеска, не ги искористи своите шанси, па затоа беше казнета во 86. минута преку Алфонсо за убедливи 3-0.
Севилја моментно е на четвртото место, додека Вилјареал го потисна Рајо Ваљекано и се доближи до место кое носи опстанок во првата шпанска лига.
Спорт
Еурофарм немаше „рецепт“ за Татабања, нов пораз во ЕХФ Купот

Битолски Еурофарм Работник и во вториот меч од ракометниот ЕХФ Куп доживеа пораз. Во Битола домаќините беа поразени од унгарска Татабања убедливо со 21-31.
Еурофарм ослабен, без искусниот Пецаковски и организаторот на играта, Филип Чурлевски (повреден) не можеше да им парира високите Унгарци, а во нападот немаше креација, топките брзо се губеа.
Најефикасен кај домашните беше Остроушко со 9 гола, а по 3 погодока постигнаа Кузмановски и Граџан.
Кај Татабања Вујовиќ, Јухаж, Роста и Григораш постигнаа по 5 гола.
Еурофарм во следното коло, наредниот викенд од групната фаза оди во Нашице кај Нексе со надеж дека ќе дојде до првите бодови.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања2 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија1 недела
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал