Контакт

Спорт

Кадата со мраз му помогна на Ѓоковиќ да го победи Фучович

Двократниот шампион Новак Ѓоковиќ се мачеше на влажниот и жежок воздух во Њујорк, пред да се врати и да го победи Унгарецот Мартин Фучович во првото коло на САД опен.
Актуелниот шампион од Вимблдон, кој оди на 14. гренд слем титула на Флешинг Медоуз на…

Објавено пред

Двократниот шампион Новак Ѓоковиќ се мачеше на влажниот и жежок воздух во Њујорк, пред да се врати и да го победи Унгарецот Мартин Фучович во првото коло на САД опен.

Актуелниот шампион од Вимблдон, кој оди на 14. гренд слем титула на Флешинг Медоуз на крајот победи со 6:3/3:6/6:4/6:0 иако не изгледаше сигурно на нозете и побара кофа за повраќање до неговото столче во вториот сет.

Високите температури почнаа да му пречат и на Фучович, по што имаше пауза поради температурите, пред Ѓоковиќ бргу да го освои четвртиот сет. Србинот потоа призна дека за време на паузата, тој и неговиот противник влегле во када полна со мраз.

„Мартон и јас бевме во бања со мраз голи еден до друг. Искрено, чувството беше фантастично“, се пошегува Србинот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Френк Лампард по 25 години го врати Ковентри во Премиер лигата

Објавено пред

Ковентри се врати во Премиер лигата по 25 години чекање. Освоениот бод во драматичната завршница на гостувањето кај Блекбурн Роверс, во натпревар што заврши со резултат 1:1, беше доволен за тимот на Френк Лампард математички да обезбеди промоција воелитниот ранг на англискиот фудбал.

„Херој на историската вечер беше Боби Томас, чиј гол со глава во 84-та минута донесе неопислива прослава за навивачите на „Небесно сините“, пишува Би-Би-Си.

Се чинеше дека прославата ќе биде одложена, откако Блекбурн поведе во 54-та минута. Риоја Моришита му донесе предност на Белкбурн.

За домашниот тим, освоениот бод е исклучително важен во борбата за опстанок во лигата.

Поминаа точно 9099 дена од последниот натпревар на Ковентри Сити во Премиер лигата. Враќањето во елитата предизвика силни емоции. По последниот свиреж на судијата, навивачите на трибините беа во солзи, играчите славеа на теренот, а менаџерот Френк Лампард, познат по својата воздржаност, мирно се ракуваше со своите колеги.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Интер сигурно чекори кон шампионската титула

Објавено пред

Фудбалерите на Интер го победија Каљари на домашен терен со 3:0, во 33-то коло од Серија А.

Од самиот почеток, Интер наметна висок ритам на играта, со константен посед на топката и постојан притисок врз последната линија на Каљари. Гостите од Сардинија издржаа во првото полувреме кое заврши без голови.

На првиот гол се чекаше до 52-та минута, кога Маркус Тирам со глава ја испрати топката во мрежата по центаршут од левата страна.

Само четири минути подоцна, Николо Барела, ја дуплираше предноста на својот тим, а конечниот резултат го постави Зиелински во втората минута од судиското продолжение.

По оваа победа, Интер со натпревар повеќе има 12 поени повеќе од Наполи.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

Почина легендарниот Оскар Шмит

Објавено пред

Тажна вест, доцна во петокот, пристигна од Бразил. Оскар Шмит, еден од најголемите стрелци во историјата на кошарката, почина на 69-годишна возраст.

Членот на Салата на славните, познат по прекарот „Света Рака“, страдаше од тумор на мозокот 15 години.

Членовите на неговото семејство потврдија дека Шмит си заминал со „храброст, достоинство и неуморен дух, останувајќи пример за решителност, дарежливост и љубов кон животот“.

Статистичарите евидентираа дека Шмит постигнал вкупно 49.973 поени за време на неговата професионална кариера во сите натпреварувања, што го прави најдобар стрелец во историјата на кошарката до април 2024 година, кога го престигна Леброн Џејмс.

Шмит никогаш не играл во НБА, но бил високо ценет во Бразил поради неговата посветеност на националниот тим и неговите настапи на рекордни пет последователни Олимписки игри.

Тој е рекордер на олимпискиот турнир по бројот на поени. Беше клучен играч на бразилскиот тим во антологиската победа над селекцијата на САД на Панамериканските игри во 1987 година.

Својата професионална кариера ја започна во 1974 година и поголемиот дел од неа го помина во Бразил и Италија, каде што стана идол од детството на идниот великан Коби Брајант. Во 1984 година, тој беше избран од Њу Џерси Нетс во шестата рунда од драфтот на НБА. Тренираше со тимот, но го одби договорот. Во тоа време, на играчите од НБА не им беше дозволено да играат за националните тимови.

Со висина од 205 см, тој беше исклучително прецизен шутер за тројки во 1980-тите, кога тројката не беше ни приближно толку честа како што е денес. Токму затоа го доби прекарот „Мао Санта“ („Света рака“).

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

СДСМ: Странска разузнавачка компанија ангажирана за следење на опозицијата

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) обвини дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ангажирал странска приватна разузнавачка компанија за следење...

Македонија21 минута

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме СДСМ да расчисти со светот и да стане опозиција во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Венко Филипче и СДСМ стануваат сѐ поарогантни и дека делуваат целосно отуѓени од реалноста, оценувајќи дека наместо...

Македонија27 минути

ДУИ: Алармантен пад на странските инвестиции

Демократската унија за интеграција (ДУИ) алармира за сериозен пад на странските директни инвестиции во Македонија, повикувајќи на политичка одговорност од...

Свет40 минути

Тензии во Ормускиот теснец: спротивставени позиции и глобална загриженост

Тензиите околу Ормуски теснец и понатаму се високи, додека светските лидери изнесуваат спротивставени ставови за решавање на кризата. Додека американскиот...

Свет48 минути

Tрамп најавува објава на интересни НЛО-документи

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека неговата администрација пронашла низа многу интересни документи поврзани со НЛО, додавајќи дека првите...

Македонија53 минути

Сончево време со температура до 25 степени

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови ќе има повремен локален дожд, а во југоисточните...

Спорт10 часа

Френк Лампард по 25 години го врати Ковентри во Премиер лигата

Ковентри се врати во Премиер лигата по 25 години чекање. Освоениот бод во драматичната завршница на гостувањето кај Блекбурн Роверс,...

Спорт10 часа

(Видео) Интер сигурно чекори кон шампионската титула

Фудбалерите на Интер го победија Каљари на домашен терен со 3:0, во 33-то коло од Серија А. Од самиот почеток,...

Спорт11 часа

Почина легендарниот Оскар Шмит

Тажна вест, доцна во петокот, пристигна од Бразил. Оскар Шмит, еден од најголемите стрелци во историјата на кошарката, почина на...