Спорт
Капитенот Пандев и селекторот Ангеловски едногласни – Модриќ и Дешам!
По доделувањето на наградите на ФИФА, светската куќа на фудбалот ги објави и детално гласовите на капитените и селекторите на членките на ФИФА, а од нашата репрезентација сигурно гласаа за победниците.
Капитенот Горан Пандев го избра победникот Лука Мо…


По доделувањето на наградите на ФИФА, светската куќа на фудбалот ги објави и детално гласовите на капитените и селекторите на членките на ФИФА, а од нашата репрезентација сигурно гласаа за победниците.
Капитенот Горан Пандев го избра победникот Лука Модриќ на првото место, пред Антоан Гризман (Атлетико) и Кристијано Роналдо (Реал Мадрид/Јувентус), додека за селекторите гласовите ги додели на Дидие Дешам (Франција), Златко Далиќ (Хрватска) и Зинедин Зидан (Реал Мадрид).
Селекторот Игор Ангеловски имаше малку поинаков и поеклектичен избор на фудбалери, иако го издвои Модриќ како најдобар пред Рафаел Варан (Реал Мадрид/Франција) и Кевин де Бројне (Манчестер сити/Белгија). Кај своите колеги, Ангеловски го избра Дешам како победник пред Далиќ и Зидан.
Фото: ЕПА
Who voted for who? 🤔
Here’s how national team captains, coaches and media voted in naming the winning players & coaches
Men’s Player: https://t.co/IGu7x0F6hI
Women’s Player: https://t.co/UhPJKEfxzV
Men’s Coach: https://t.co/qeyrfJewu2
Women’s Coach: https://t.co/l6tSNfTZgC pic.twitter.com/HJXmrUYTXA— #TheBest (@FIFAcom) September 24, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Познати се плејоф термините во АБА 2 лигата

Регионалната АБА-лига ги објави термините за плејоф натпреварите што ќе се играат во Втората лига. Разигрувањето ќе започне на 20 март.
Македонски претставник во АБА 2 лигата е екипата на МЗТ Скопје Аеродром. МЗТ на три кола до крајот се наоѓа на третото место на табелата со 14 победи и пет порази и ќе игра во плејофот.
Лидер на табелата е Приморска (18/1), на второто место се Спарс од Сараево (13/6), а за четвртото место конкурираат Динамик (11/8), Сутјеска (11/8) и Борац (10/9).
Полуфиналните натпревари, се игра по системот првиот со четвртиот и вториот со третиот, ќе се играат на две победи. Првиот меч е закажан за 20 март, вториот за 24 март, а евентуалните „мајсторки“ за 28 март.
Победниците ќе играат во финалето, а лигата ќе ја освои екипата што ќе забележи три победи.
Термините за финалето се 1, 2 и 4 април, а доколку биде потребно четвртиот и петтиот меч ќе се играат на 5, односно 8 април.
Победникот ќе избори пласман во АБА-лигата.
Спорт
Столе Димитриевски ќе заврши во Валенсија

Валенсија покажува интерес за голманот на македонската репрезентација и Рајо Валјекано Столе Димитриевски, пишуваат шпанските медиуми.
Димитриевски е стандарден на голот на Рајо од декември минатата година, со него тимот има четири победи, едно реми и пет порази. Рајо до крајот на сезоната ќе води голема борба за опстанок во лигата.
Скаути на Валенсија го следеле Димитриевски на натпреварот против Леганес на 4 февруари. Во Валенсија биле задоволни од она што го виделе иако Рајо го загуби тој меч (1:2).
Според шпанските медиуми, Димитривски, кој има договор со Рајо уште три и пол години, би можел да замине за сума од пет милиони евра.
Димитриевски е поранешен голман на Работнички, Удинезе, Гранада и Настик Тарагона, откаде за сума од еден милион евра пристигна на „Валјехас“.
Спорт
Шпанскиот Суперкуп ќе се игра во странство

Наредното издание на фудбалскиот Суперуп на Шпанија ќе има нов формат и ќе се игра во странство, соопштил претседателот на Фудбалскиот сојуз на оваа земја, Луис Рубијалес.
„Наредниот Суперкуп ќе се игра надвор од Шпанија во форматот на фајнал-фор“, рекол во вторникот Рубијалес. Првиот човек на шпанскиот фудбале не открил каде би се одржал завршниот турнир.
Рубијалес на чело на Сојузот дојде во мај 2018 година. Тој ја донесе одлуката во Суперкупот да се игра еден натпревар. Во тоа финале лани Барселона ја победи Севилја, 2:1.
Инаку, Рубијалес е голем притивник на идејата натпревари во рамките на првенството да се играат во странство.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал