Контакт

Спорт

Киз ќе игра полуфинале против Осака

Американката Медисон Киз се пласира во полу-финалето на Ју-Ес Опен, откако за нешто помалку од 90 минути игра ја победи Шпанката Карла Суарез Наваро со 6:4, 6:3.
Киз го диктираше ритамот во овој меч и максимално ги користеше грешките на противничката. …

Објавено пред

Американката Медисон Киз се пласира во полуфиналето на Ју ес опен откако за нешто помалку од 90 минути игра ја победи Шпанката Карла Суарез Наваро со 6:4, 6:3.

Киз го диктираше ритамот во овој меч и максимално ги користеше грешките на противничката. Американката освои 22 директни поена (Наваро 10) и успеа да ги одбрани двете брејк-топки што ги имаше шпанската тенисерка.

Киз за пласман во финалето ќе се бори против Јапонката Наоми Осака, која ја декласира 29-Украинка Лесија Цуренко со 6:1, 6:1.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Лацио ќе ги казни СМС и Луис Алберто

Објавено пред

Фудбалскиот клуб Лацио ќе ги казни Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Луис Алберто, поради црвените картони што ги добија викендов на натпреварот против Киево, објавија италијанските медиуми.

Српскиот репрезентативец Милинковиќ-Савиќ, поради удирање на противнички играч, доби црвен картон во 34 минута, а Шпанецот Алберто „поцрвене“ во самиот финиш на натпреварот. Киево, успеа да победи во Рим со 2:1.

Италијанските медиуми тврдат дека двајцата ќе бидат суспендирани на два натпревари, иако добија директни црвени картони.

Истите извори шпекулираат дека Милинковиќ-Савиќ ќе биде казнет со 50.000 евра, а Алберто со нешто помала сума.

Поразот од Киево го оддалечи Лацио од четвртата позиција. Екипата на тренерот Симоне Инзаги се наоѓа на осмото место со четири бода помалку од четврт пласираниот Милан.

Прикажи повеќе...

Спорт

Хадсон-Одои ја скинал ахиловата тетива

Објавено пред

Фудбалерот на Челси, Калум Хадсон-Одои, ја заврши сезоната поради повредата со која се здобил синоќа, на натпреварот со Барнли. Тинејџерот се повреди во 41 минута, тој ја скинал ахиловата тетива.

Крлиниот играч изјавил дека му е жал што на ваков начин ја завршил сезоната и дека ќе работи напорно за да се врати посилен на терените.

Хадсон-Одои (18), оваа сезона настапил на 24 натпревари, а во март дебитираше и за сениорската репрезентација на Англија.

Инаку, Баерн Минхен, покажува серизен интерес за овој фудбалер, а од Челси порачаа дека нема да дозволат тој да го напушти клубот.

Прикажи повеќе...

Спорт

Јасмин Репеша замина од КК Будуќност

Објавено пред

По поразот во финалната серија во АБА-лигата од Црвена ѕвезда, почнаа промените во КК Будуќност.

Будуќност не успеа да ја одбрани титулата во регионалната лига, што значи дека наредната сезона нема да игра во Евролигата, туку во Еврокупот. Јасно е дека по трите убедливи порази во Белград, во тимот ќе следуваат големи понуди и прашање е дали некој од странските кошаркари ќе остане во тимот.

Нога прв повлече тренерот Јасмин Репеша. Според неофицијални информации, тој веќе поднел оставка на функцијата. Ова го објави порталот basketball sphere.

Репеша во текот на сезоната го наследи на клупата Александар Џикиќ, но не успеа да го повтори успехот на поранешниот македонски селектор, кој ја донесе АБА-титулата во Подгорица.

Хрватскиот тренер Репеша во кариерата работел во многубројни клубови во Европа (Армани Милано, Цедевита, Уникаха, Цибона…), а во два мандата бил селектор на Хрватска.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

(Видео) Камерите снимија терорист кој влегува во црквата непосредно пред масакрот

Медиумите на Шри Ланка објавија снимка од надзорните камери снимена непосредно пред еден од нападите. Како што известува „Гардијан“, се...

Македонија3 часа

Северна Македонија или Македонија? Караџовски и Адеми расправаa како да ја пишува државата на извештајот

Членовите на Судскиот совет го изгласаа годишниот извештај за работата за 2018 година, но претходно претседателот Зоран Караџовски и членот...

Топ4 часа

Мицкоски: Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти

По најавите на премиерот Зоран Заев дека власта ја примила пораката од граѓаните и дека ќе следуваат кадровски промени, лидерот...

Топ4 часа

Поднесено обвинение против родителите чии деца загинаа во пожар во Велес

Против мајката и таткото, чии деца во јуни минатата година загинаа во пожар во куќа во Велес, е поднесено обвинение...

Македонија5 часа

(Видео) Таткото на Саздовски: Родителите да кажат каде е третиот осомничен, кој е во бегство

Ни една мајка не треба да го закопа својот син, казната е толкава колку што е предвидено во законот. Не...

Македонија6 часа

(Видео) По 19 години затвор за убијците на Никола Саздовски

Кривичниот суд во Скопје им одреди по 19 години затвор на Бесим Беља и Скендер Демири, кои на 29 јуни...

Свет6 часа

Евакуирана Сиднејската опера поради истекување гас

Стотици луѓе се евакуирани денес од Сиднејската опера и околината поради истекување гас, а раководството на куќата објави дека настапите...

Регион7 часа

Убиецот на бугарската телевизиска новинарка осуден на 30 години затвор

Бугарскиот суд го осуди Северин Красимиров на 30 години затвор за силување и убиство на телевизиската новинарка Викторија Маринова. Телото...

Свет7 часа

(Видео) Базен на врвот на висококатница се излеа за време на земјотресот во Манила

Филипините вчера ги погоди силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтер поради што се тресеа многу згради, а...

Свет7 часа

Најмалку 11 жртви и 24 исчезнати во земјотресот во Филипини

Најмалку 11 лица загинаа, 24 исчезнати, а повеќе од 80 се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степен, кој...

Топ18 часа

(Видео) Дац му подари метла на Заев, премиерот возврати – чистка ќе има

Актерот Драган Спасов Дац на вечерашната трибина на СДСМ во Карпош му подари метла на премиерот Зоран Заев, порачувајќи му...

Европа21 час

Курц ја осуди песната во која мигранти се споредуваат со стаорци

Aвстрискиот канцелар, Себастијан Курц, побара од помалиот партнер во владејачката коалиција, десничарската Партија на слободата на Австрија, да се дистанцира...

Избори 201922 часа

(Видео) Поништено гласањето на избирачко место во Ѓорче Петров, имало вишок гласачки ливчиња во кутијата

Три гласачки ливчиња повеќе во кутијата од бројот на гласачи нотира Државната изборна комисија во едно избирачко место во општина...

Свет23 часа

Кои се жртвите во Шри Ланка: Деца, познати готвачи, келнери, политичари…

Во терористичките напади во Шри Ланка загинаа најмалку 290 луѓе, а повеќе од 500 се повредени. Меѓу нив, повеќето луѓе...

Избори 20191 ден

ОБСЕ: Изборите беа добро спроведени, но потребна е реформа на изборното законодавство

Во првиот круг на претседателските избори гласачите беа во можност да се информираат пред да го направат својот избор помеѓу...

Македонија1 ден

(Видео) Николоски го наклеветил Вице Заев, но нема да му плати 30 илјади денари отштета

Судијката од Основниот суд Скопје 2, Кети Германова, заедно со двајца судии поротници, донесе пресуда со која утврди дека потпретседателот...

Избори 20191 ден

(Видео) Јанушев: Со постигнатите резултати ВМРО-ДПМНЕ би освоила 53 пратенички мандати, а СДСМ – 41

Вчера се потврди дека кај граѓаните има апатија поради криминалот, корупцијата и сиромаштијата, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев,...

Избори 20191 ден

(Видео) Пендаровски: Не сум изненаден од резултатот, ја разбрав пораката на граѓаните

Претседтелскиот кандидат Стево Пендаровски вели дека не е изненаден од резултатите од гласањето и дека ја разбрал пораката на граѓаните....

Избори 20191 ден

Река: Нема да тргуваме со гласовите

Од изборниот штаб на претседателскиот кандидат Блерим Река, по вчерашните повикувања и на двајцата кандидати, Силјановска и Пендаровски, кои се...

Свет1 ден

Локална исламистичка група одговорна за нападите во Шри Ланка

Владата на Шри Ланка објави дека зад оргнизираните напади на цркви и хотели на Велигден стои екстремистичката група Нешенел Товид...

Досие