Спорт
Ковачиќ е на прагот на сензационален трансфер, ќе заработува милион евра неделно
Хрватскиот фудбалер Матео Ковачиќ е на прагот на сензационален трансфер.
Како што ексклузивно објави американски „Си-би-ес“, за неговите услуги се распрашува Ал Наср и е подготвен да плати цело богатство за членот на Манчестер Сити.
Тимот од Саудиска Арабија наводно бил подготвен да му понуди плата од над милион долари неделно во последниот ден од преодниот рок, а по неговиот потпис ќе се вратат во јануари.
Ковачиќ наводно е големата желба на првата ѕвезда на клубот, Кристијано Роналдо, со кого заедно играа во Реал Мадрид.
Ал Наср се распрашува и за Адриен Рабио, но пред тоа мора да се ослободи од еден од странците од тимот. Најверојатно, Талиска или Садио Мане. Доаѓањето на Французите не го исклучува доаѓањето на Ковачиќ.
EXCLUSIVE: Cristiano Ronaldo has been pushing Al-Nassr to sign Mateo Kovačić.
The Saudi club were prepared to offer the Man City midfielder a $1M-per-week contract on deadline day and will reportedly go back to sign him in the January transfer window, according to @jamesbenge 😳 pic.twitter.com/EiXlOsN8zO
— CBS Sports Golazo ⚽️ (@CBSSportsGolazo) September 5, 2024
Останува да се договорат со Сити околу обештетувањето, а иако не ја наведуваат точната бројка, „Си-би-ес“ истакнува дека станува збор за значителна сума.
Ковачиќ моментално заработува околу девет милиони евра по сезона и доколку реши да му се придружи на сонародникот Марсело Брозовиќ, би можел да ги зголеми приходите за седум пати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Туван го лансираше Удинезе на челната позиција во Серија А
Фудбалерите на Удинезе со пресврт победија во Парма со резултат 3:2 (0:2) и по четвртото коло се искачија на челната позција на табелата во Серија А.
Парма на полувреме имаше предност од два гола, но победата ја однесоа гостите од Удине.
Дел Прато во втората минута им донесе предност на домашните, додека Бони ја удвои во 43. минута. Во двете ситуации, словенечкиот стопер Јака Бијол реагираше многу слабо.
А потоа во паузата на „Енио Тардини“ се се смени и „зебрите“ одиграа сосема поинаку отколку во првите 45 минути.
Најпрвин Лука веќе во 49. минута ја намали негативата на гостинскиот тим, а потоа на сцена стапи Флоран Туван.
Французинот најпрвин го израмни резултатот во 68. минута, а во 77. погоди за 3:2.
Парма во 73.минута остана со играч помалку, поради два жолти каротни Кеита беше исклучен.
Удинесе со три победи и еден нерешен резултат ја предводи Серија А со 10 поени, еден повеќе од Наполи и два повеќе од Интер, Јувентус и Торино.
Спорт
„Ферстапен е најдобриот возач во историјата на Формула 1“
Герхард Бергер, поранешниот возач на Ферари во Формула 1, нема дилема кој е најдобриот на сите времиња.
Австриецот во преден план го стави актуелниот светски шампион Макс Ферстапен.
„Тој ја има таа неверојатна способност да го избере вистинскиот момент за претекнување. Тоа го немаа ниту Сена, ниту Шумахер, ниту Хамилтон“, изјави Бергер.
На пофалбите за Холанѓанецот им немаше крај.
„Макс е секогаш на вистинското место во вистинско време. На стартот, во првиот свиок, во дуел. Никој не го прави тоа подобро од него. Затоа мислам дека тој е најдобриот кој некогаш ја возел формулата“, вели Бергер.
Ферстапен досега има остварено 61 победа во кариерата и има три светски шампионски титули со добри шанси да освои четврта. Сепак, тој е се уште далеку од Хамилтон и Шумахер по бројот на вкупни победи и титули, кои освоија по седум пехари наменети за најдобриот во генералниот пласман.
Спорт
„Ѓоковиќ гоат? Лудо е да се дискутира за тоа“
Руската тенисерка Дарија Касаткина проговори за „големата тениска тројка“ во која се Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал.
Таа истакна дека тројцата немаат конкуренција, прво рече дека не можат да ги споредуваат Рафаел Надал и Карлос Алкарас, но дека единственото нешто што им е заедничко е тоа што двајцата се од Шпанија, а потоа беше прашана за „големата тројка“.
„Тие тројца се недостижни“, рече Касаткина, по што брзо беше прашана дали Новак е чекор понапред.
„Знаете, кога некој има идол, го сака без разлика на резултатите и дали се споредливи и во мојот случај, бидејќи почнав од детството“, рече Русинката чиј идол е Рафаел Надал и продолжи:
„Објективно, гледајќи ги резултатите, Новак Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња, лудо е да се дискутира за тоа. Се друго е прашање на вкус“.