Контакт

Спорт

Лазаров и годинава е меѓу најдобрите во светот

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, во својата богата кариерата додаде уште едно признание. Лазаров е избран меѓу најдобрите десет ракометари во 2018 година. Изборот го направи Европската ракометна федерација (ЕХФ).
Лазаро…

Објавено пред

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, во својата богата кариерата додаде уште едно признание. Лазаров е избран меѓу најдобрите десет ракометари во 2018 година. Изборот го направи Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Лазаров, иако има 38 години, зад себе има уште една одлична сезона. Тој успеа со Нант да игра во финалето на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Во Келн тој се запиша во историјата, откако стана најдобрите стрелец на завршните турнири во елитното натпреварување.

Меѓу најдобрите десетмина се најдоа и двајца поранешни играчи на Вардар (Арпад Штербик и Алекс Душебајев), како и соиграчот на Лазаров од Нант, голманот Сирил Домулан.

Во Топ десет за 2018 година според ЕХФ уште се и голманот на европскиот првак Монпелје, Венсан Жерар, најкорисниот играч на завршниот турнир Аргентинецот Диего Симонет, потоа ветеранот од Скјер, Норвежанецот Бјарте Мирхол, најдобриот играч на Рајн Некар Левен, Швајцарецот Енди Шмид и француско-норвешката комбинација од Пари Сен Жермен, Недим Ремили и Сандер Сагосен.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Кејн мала предност во финалето му дава на ПСЖ

Објавено пред

По два спектакуларни натпревари, Баерн Минхен беше елиминиран во полуфиналето на Лигата на шампионите. Актуелните шампиони, играчите на ПСЖ беа подобри од Баварците.

Хари Кејн го постигна единствениот гол за Германците во реваншот, но со дефицит од 5:4 од првиот натпревар, нерешениот резултат не беше доволен за пласман во финалето.
Кејн откри кого го гледа како победник на Лигата на шампионите оваа сезона.

„Според мене, ПСЖ се мали фаворити во финалето“, изјави Кејн за германскиот „Скај спортс“.

Кејн има фантастична сезона, постигна 55- голови во 48 натпревари оваа сезона за Баерн. И тоа е причината зошто овој пораз тешко му падна.

„Тешко е. Имавме доволно можности да влеземе во финалето. Сега мојот фокус е на финалето на Купот на Германија. Имаме шанса да ја освоиме двојната круна“, рече англискиот напаѓач.

На прашањето дали ќе го гледа финалето, поранешниот напаѓач на Тотенхем вели:

„Не знам, зависи од тоа каде ќе бидам. Во моментов сум разочаран.“

Финалето на Лигата на шампионите ќе се игра на 30 мај на „Пушкаш Арена“ во Будумпешта, од 18:00 часот. ПСЖ ќе се бори за втора последователна европска титула, додека Арсенал ќе се обиде прв пат да го освои овој трофеј.

Foto/ Depositphotos

Прикажи повеќе...

Спорт

Суарез: Реков некои работи што не требаше да ги кажам

Објавено пред

На нешто повеќе од еден месец пред почетокот на Светското првенство, најдобриот стрелец во историјата на уругвајската фудбалска репрезентација, 39-годишниот Луис Суарез изјави дека е отворен за евентуално враќање во националниот тим.

За потсетување, легендарниот напаѓач, реши да се пензинира од националниот тим, во септември 2024 година, по недоразбирањата со селекторот Марсело Биелса.

Пред повеќе од 18 месеци, Суарез го обвини Биелса дека создава раздор во тимот и дека се однесува ладно кон играчите.

„Тогаш кажав некои работи што не требаше да ги кажам. Мора да бидете способни да ги признаете своите грешки, за мене тоа сега е минато. Ако мојата земја има потреба од мене, никогаш нема да кажам не. Додека сум активен, ќе бидам достапен“, рече поранешниот напаѓач на Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид, а сега на Интер Мајами.

За време на својата богата кариера, Суарез одигра 143 натпревари за репрезентацијата и постигна рекордни 69 гола. Пред 15 години, тој го освои првенството на Јужна Америка со Уругвај, а беше учесник и на четири светски првенства, па годинашното, доколку сегашниот селектор на Уругвај Биелса го врати во составот, би му било петто.

Светското првенство се игра од 11 јуни до 19 јули во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико, а Уругвај влегува во него од групата Х, каде противници ќе му бидат репрезентациите на Шпанија, Зелено’ртските острови и Саудиска Арабија.

Foto/ Depositphotos

Прикажи повеќе...

Спорт

Лазаров го објави списокот за баражот против Словачка

Објавено пред

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави списокот на играчи за претстојниот бараж натпревар против Словачка за пласман на Светското првенство 2027.

Првиот меч помеѓу Словачка и Македонија ќе се игра на 14 мај во Прешов, а реваншот е три дена подоцна во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

Репрезентативците првиот собир ќе го имаат на 10 мај.

Извор и фото/ macedoniahandball.com.mk

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 секунди

Сиљановска-Давкова: „Генералка Викенд“ треба да стане генералка 365 дена

За претседателката „Генералка Викенд“ треба да прерасне во ,,Генералка 365 дена”. ,,Секој ден да го почнуваме вака, имитирајќи ги Јапонците...

Свет12 минути

Заложничка драма во банка во Германија: хеликоптери над градот

Заложничката криза се одвива утрово во германскиот град Зинциг, во филијала на банката „Фолксбанк“, каде што се распоредени специјални полициски...

Македонија16 минути

Утре во Скопје: „Нож и виљушка на европска чинија“ – целодневен гастрономско-музички настан во Паркот на Франкофонијата

Паркот на Франкофонијата утре, 9 мај, ќе стане место за вкусови, музика и урбано дружење за сите генерации. Од 12:00...

Економија18 минути

Славески: Инфлацијата ќе бележи натамошна постепена, но побавна стабилизација

Последиците и зголемената неизвесност во светското окружување поврзани со воениот конфликт на Блискиот Исток условија умерена надолна ревизија на проекциите...

Спорт19 минути

Кејн мала предност во финалето му дава на ПСЖ

По два спектакуларни натпревари, Баерн Минхен беше елиминиран во полуфиналето на Лигата на шампионите. Актуелните шампиони, играчите на ПСЖ беа...

Свет24 минути

Крузерот со патници заразени со хантавирус се закотви на Канарските Острови: пријавен е нов случај

Администрацијата за безбедност и здравје на Велика Британија (UKHSA) пријави нов сомнителен случај на хантавирус кај британски државјанин, трет таков...

Забава31 минута

Седум опасни болести што се пренесуваат преку крлежи: Не смеете да ги игнорирате симптомите

Сезоната на крлежи носи зголемен ризик од сериозни инфекции што можат да предизвикаат сериозни компликации ако не се откријат и...

Соопштенија36 минути

ЕДС инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 08 мај 2026 изнесува 140,46 евра за мегават час, на МЕМО 124,11 евра за мегават час

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 8 мај 2026 просечната часовна цена на еден...

Македонија41 минута

(Видео) Како Мицкоски клечеше и лажеше дека ќе го поништи Преспанскиот договор, така лаже и сега, вели Жерновски

Можеби Мицкоски навистина заборавил што кажал додека бил во опозиција. Се случува тоа со оние коишто се нестабилни политичари коишто...